Леле ова сериозно за на црвена плажа? Да, да баш за кај рестораните мислев. Убаво е тука. А и нема многу гужва. Да, тетка ми има куќа во Шушањ над пругата и таму сум. Ќе го побарам местово што ми кажа обавезно. Ептен ме заинтересира. Фала ти многу.
Јас живеев во Шушањ над тунелот. Кое место поточно, дали во близина на продавницата Прима, или од другата страна кај зелениот појас? Баш ме интересира 2 години тука поминав и сега ми е убаво кога се сеќавам, добро го познавам Шушањ. EВЕ ГО местенцето, го најдов на слика ХАХА!
Налетав на еден линк на Фб, еве ако има заинтересирани http://letoucrnojgori.com/post_oblast/oblast-bar/
Неколку куќи пред тунелот. Тоа му доаѓа зелениот појас ваљда, не знам имиња на ништо, добро е што знам дека е Шушањ и како да стигнам со кола дека има многу улички и е комплицирано. @Offspring Преубаво е местенцево. Мора да го најдам.
Илино е од страната кај стојалиштето каде запира возот во Шушањ, а другата страна од тунелот е зелениот појас. Ако знаеш каде е продавницата Лав по стрмната уличка нагоре само пичиш, тука живеев јас. Имав неверојатен поглед на цел Бар и на целиот брег на Бар, вклучувајќи го и пристаништето, од балконот. Си седев на балкон и гледав како теретни бродови влегуваат и излегуваат, знаев точно кога Свети Стефан доаѓа и поаѓа од пристаништето еххх... Многу е убава Црна Гора, и за живот, и за одмор, некогаш си седам и си размислувам колку среќни моменти поминав таму еехееее Да беа малце по попустливи Црногорците во врска со документи и престој, ќе останев да живеам таму за стално. Ако планираш да одиш на местенцево снабди се со онакви гумени патики за во вода, има ежеви, дека е карпесто и чиста е водата. Ако си обожавател на скокање во вода местово е полн погодок. А лесно ќе го најдеш сигурно, малку е језиво додека минеш низ тунелот, мораш строго до ѕидовите да се движиш пошто во средината има вода и можеби некакви водни суштества И носи си фенерче за во тунелот. Еве мал дел од мојот балкон таму ова е од морската страна. Од другата страна на балконот се гледа цел Бар до Заљево, а и се гледа врвот на Румија. И јас и Бар зимно време на ветриштата бррр
2 евра е повратна со бродче до Краљичина Инаку, прекраснотија е плажата! Ако некој оди, му препорачувам да си земе маска и наочари за нуркање...
Ние закажавме од 20 јули во Сутоморе, за смешна цена од 7 евра по човек, ако ни останат пари ќе останеме и повеке.Ова ни во Охрид не се наоѓа.
Ако сте со друштво супер ќе си поминете,ноќен живот има добар ако сте по српско и турбо фолк.Првпат одиш ви Сутоморе или веќе си била?
@Viktorijaaa5 јас првпат, другиве одат по 2-3 години таму веке.Инаку за српското ми е највеќе мерак, по Грција, Бугарија тоа слабо го има не ми се прави ќејфот баш.
Епа тука ќе ти се направи ќејф и тоа многу штом си по српско,штом друштвото го знаат теренот лесно е и јас ти гарантирам убав помин,само совет ако сакаш убаво место на плажа гледај пред 9 да си најдеш место
@Monna Monna шпицот ќе го фанете. Ефтино е во Сутоморе, баш се смешни цените, само пазете на јадењето немојте многу да јадете брза храна, особено онаа што по цел ден е на сонце на шеталиштето. А и во тоа време има баш гужва на плажата човек на човек е. И ќе се изнагледаш мрсни хостеси по шеталиштето навечер.
Ima se naoga i nie sme plakale tolku vo Buljarica koga odevme sami. Sega sme so dete pa rezerviravme apartman isto vo Buljarica od 26 avgust za 20e den za apartmanot. Na ovaa strana si najdov smeshtaj http://m.gdenamore.com/sr/
Ма кое српско.Сега во Црна Гора се е руско Јас во Будва во 10 кога идев на плажа се беше веќе зафатено
Најскапо во Сутоморе смештај е 15 евра во апартманите на плажа, и тоа во шпицот, тие подалеку повеке од 10 евра не се.И нас првичната цена ни беше 10 евра ама ни даде попуст и не ни бараше капар. Инаку сите апартмани се три или четири креветни, за двајца се поретки и поскапи. http://www.montenegro-traveler.com/ Тука можеш да најдеш смештај за цела ЦГ. Јас само се чудам како ке одам на плажа кога пред 11-12 не станувам.
Дали Трокадеро во Будва сеуште работи? Би одел само за во Трокадеро, плажите во Црна Гора не вредат. Бар за мене, јас не сакам плажи со камења во водата и да мириса на нафта.
Може ли некој што бил во Петровац да ми каже како е, дали е ок, плажите какви се, водата каква е? Цените како се?
Пред 2лета беше српско на секој чекор,со певаљки и некои звезде гранда кафичите беа фул секоја вечер, а имаше 2-3 кафанчиња кои се свиреше и македонско со певаљки по маси За ефтино ефтино е ама јас не би одела пак,нема некои убави плажи и мн е гужви
Помина и замина руското доба во Црна Гора. Сега тек тук по некои што останале таму да живеат, во главном пензионери Руси, а туристи Руси слаба работа. Многу куќи, вили на Руси огромни седат заклучени со години, или нивните сопственици пробуваат да ги продадат по цени за кои ги купиле на времето, а реално во времето кога Руси купуваа плацови и Црногорски газди на градежни фирми им градеа куќи, си ги преплаќаа истите. Сега нема трик да ги продадат по цената за која ги купиле, затоа што, Црногорците немаат толку пари. Тешко се добиваат документи и престој во Црна Гора, можеш само турситички, останат престој и документација многу тешко се добива, ако сакаш и Свети Рус биди Имав јас комшика Русинка куќа пред мене живееше, поштено си излегуваше на граница на секои 3 месеци. Ова невзрзано со туристичката тема, туку рандом Петровац е многу убаво место, ама е многу и солено. Воли во Петровац е најскап Воли од сите Воли во Црна Гора Така да, ако имаш подлабок џеб може нема да ти претставува проблем. На времето овде имаше многу Руси и тогаш си ги дигнаа цените, сега Руси слаба работа, а цените седат исти. Подобро смести се во Чањ за дупло поефтино и шетај се во Петровац со комбе за 2 евра. Македоnска работа де