Здраво @Ambitious јас пред две години бев со другарки во Будва и ние најчесто одевме на Словенска плажа Сакавме да одиме и на тоа островчето Хаваи викаа убава била плажата и на Плоче ама не успеавме... Цената беше околу 2 евра оприлика со бротче(за Хаваи,а за Плоче ми рекоа некои 5-6 евра),а Бечичи е блиску и има убава плажа и се одеше со вовче исто отприлика толку се плаќаше 1.5 евра до 2. Така што има цело време некаков тип на превоз прилично евтин (освен ако не смениле нешто и е доста поскапо) ќе си се распрашате таму има туристички бироа и такви работи. Јас си плачам за тој одмор преубаво беше,ви завидувам... Убав помин
Благодарам на информациите Ања. Искрено малку сум скептична за тој одмор, од неколку слушнав дека Словенската плажа не е добра, се надевам ќе се снајдеме.
Не знам зошто така ви кажале за Словенска плажа. Мене супер ми беше и водата и чиста и ладничка да се освежиш се супер само што знаеше доста гужва да има... Добро тоа е сепак само мое мислење,има доста плажи во близина супер ќе ви биде
Годинава на крај испадна пак во Црна Гора, ама Будва за промена Преку Арка сме, со заедничко вц (2 соби имаме) и превоз 150 евра, во Сутоморе ни се фаќаше по 120 лани, а во Будва има стварно што да се види и кај да се прошета, цените колку што се информирав се тука негде со Сутоморе...инаку за Сутоморе ако се мисли некој - НИКАКО (освен ако немате уплатено) уствари има само една плажа што е поделена на 10 дела (Слама, Кубалибре, Q2 итн.) а со тие лежалките превари прават во прв ред 8 а попозади 7 евра за сопствени лежалки дел мноогу тешко ако одите во 9, а и порано за да фатите место, а друга прича е што се слева канализација низ цел тој дел од најгоре од градската плажа, ништо чудно да налетате на секакви отпадоци башка ѓубре од вечерта што седеле. Единствено може да е почисто на Штрбница тоа е како посебна плажа/бар погоре од Сутоморе, не знам колку точно, не бев јас од другар што ми кажуваше. Секако може да одите во околните места има превоз стално, ние до Петровац бевме околу 2-3 евра беше во еден правец со автобус, Будва повеќе од 4 евра не е, а има тури и со брод 6-7 евра повратна карта.Краљичина плажа е преубава со брод се стига само околу 3-4 евра беше ама тоа што нема сенка таму е страшно, има еден ресторан и е изгор. Плус во Сутоморе е што храната и пиењето се стварно многу ефтини, хамбургери, пици и друг фаст фуд е 1-2 евра, маркетите исти цени ко кај нас отприлика, во кафичите текили и шотови се по евро а другите пијачки по 2, 2 ипол евра во глобала, коктелите по 4-5. Минус во сето ова е што сите кафичи и ноќен живот се на една улица наредени еден до друг и буквално истиот репертоар е сегдедискотеки има 3 после 1 што работат, Хабана што е на улицава до кафичите, Малибу и уште една што се малку подалеку во градот ама таму никој не иде а во Хабана се вртат 5 пејачи цело лето, влезот е од 5-8 евра.На главнава улица (шеталиштето)ви се одвиваат сите активности: јадење, шетање, искачање, плажа и ако не прошетате до околните места за 4-5 дена здосадува. Највише да пазите за смештајот, ние се полетавме дека ефтино по 7 евра плаќавме кога отидовме таму тоа уџум после пругата душа да ти искочи по угорницине, собата (2 соби уствари требаше да бидат ама испадна една со едно вц поправано доправано а ние 6 души) ни кујна ни клима ни бутур, претпоследната вечер не избрка газдава во 2 ноќе ама тоа приказна за друг пат Моја нога во Сутоморе веќе не стапнува, џабе што е ефтино се кога е циганлук тежок.
Сме се утнале, ние ќе одиме 3-та смена. Те чекам со повеќе инфо кога ќе отидеш, како е таму, дали има млади, итн. Прв пат одам во камп
Можеш, само како каде ќе начекаш. Ако видат дека си во тесно за сместување ќе ти кажат поскапа цена од што е реално
Колку поскапа цена? Вака по нет, конкретно за Суто Море, од 5 до 10евра е кревет. На автобуската има луѓе што нудат сместување? Ако имате контакт од некој што издава соби, апартмани во Суто Море пишете.
Има многу луѓе ти нудат смештај одма штом слезеш од автобус. А и малце погоре да тргнеш по улицата, на секој чекор имаш човек ти нуди за многу пристапни цени .
Црна Гора сум ја посетил 1000 пати. Убава е, меѓутоа сметам дека е предалеку и прескапо... И несредено доволно, генерално гледано. Некако ко да немаат вкус за привлекување туристи. Секако, постојат прекрасни плажи екстра уредени и убави хотели, тоа не го негирам! Зависи каде одиш =) Будва ја сакам за шетање, за плажа никако. Сутоморе исто така - мравјалник и гадотија ! Ја имам прошетано по 3 пати цела црногорска ривиера. Ако некој го интересира за некоја плажа или слично - слободно нека ми се обрати.
Извини што вака касно враќам, не бев на форумов долго време. Кампот е супер, посебно храната. За бунгаловите не можам да кажам дека беа одлични, многу е топло во нив преку ден. Плажата е блиску, а исто така и Петровац е веднаш тука, 20мин пешки. Во кампот има бифе работи цело време и тоалетите се секогаш чисти. Во прва и втора смена има многу млади, за трета не знам, да не те излажам
Јас бев пред две лета и имаш комбиња или автобуси цело време до сите плажи, мислам дека е околу 2 евра. За млади најдобри плажи се Плоче и Бечичи(во стефан браун кафичот). Словенска е катастрофа, не губете ни ден таму. Св. Никола островчето исто е супер имате бродчиња од словенска за 3-4 евра. И останатите плажи се убави што се надвор од градот. Убав помин
Јас сега во петок ќе одам за Црна Гора...така само викенд. Преку агенција. Ќе ги посетиме Будва, Острошки манастир и Подгорица. Се надевам супер ќе поминам...Ќе ве известам по враќањето.
Дали некој престојувал во вилите Скаут и Богоевиќ во Сутоморе? Ме интересира дали се многу далеку од плажата.
Плажата од вилите Скаут не се многу далеку, јас бев пред две години во Суто море баш во вила Скаут и преку нивната агенција. Сместувањето е ок сеа зависи за кого како јадењето што го нудат исто така е добро.
Здраво Дали можеш да ми кажеш нешто повеќе за Будва на пр. како се движат цените по кафичи, ресторани, лежалки за на плажа, која плажа во Будва е најдобра гледам дека Словенската секој различно кажува за неа, спомнуваат и некои други плажи, превозот колку е да отидеш до некоја друга плажа?! Знам дека чести се прашањава али најверојатно во Август месец ќе одам на одмор во Будва два пара ќе бидеме па одам прв пат во Будва иако имам еднаш одено во Сутоморе па сакам да знам како е што е Благодарам однапред