1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна Гора

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од brunete, 26 јуни 2011.

  1. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Минатата година бев на одмор во Црна Гора со моите родители.Најпрво планиравме да одиме во Сутоморе.Но кога појдовме воопшто не ни се допадна.Плажата беше премногу мала и имаше премногу гужва.На шеталиштето не можеш да се поминеш од луѓе.Плус тоа внатре во водата огромни камења,се утепав кога влегов внатре,потоа огромни бранови да не можеш да поуживаш.Бидејќи бевме со кола и не ни се допадна тоа што го видовме,продолживме накај Котор/Тиват.Таму има едно мало местенце Радовичи мислам се викаше,под Тиват спаѓа мислам.Таму има една плажа Плави Хоризонти и е прекрасна,голема е,плус тоа песочна,водата беше многу чиста. Плус тоа местото каде што бевме сместени (Радовичи) беше многу мирно и можеш баш да се одмориш.Не ни беше потребна ни клима ни ништо.Искрено преубаво беше.Оваа година планиравме повторно да одиме на истото место,но слушаме нешто го реновирале хотелот што беше на самата плажа,така да нема да можеме да одиме.И тие па,во сезона се реновирало :^) .
     
  2. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351

    Поголемиот ден се приватни плажи со чадори и лежалки, но има неколку дела каде има слободна плажа. Е тука е малку повеќе гужва и колку порано пристигнеш да фатиш посакувано место-толку подобро. Што се однесува до изнајмувањето, мислам дека беше 4 евра за 2 лежалки и гратис чадор или нешто слично...Не ме фаќај за збор-за оваа информација не знам сигурно.
    Инаку храната не е скапа. Постојат ресторани каде можеш да седнеш и да вкусиш секаков вид на храна,но и да платиш прилично многу, но има и со разумни цени кои најголем дел од туристите можат да ги дозволат. На секои 5метра се продаваат палачинки и парчиња пица за 1 и 1.5 евро. А има и неколку (наречи ги ресторанчиња) каде има Лесковачки роштиљ. Скара, каде можеш да порачаш се што сакаш, те чека тогаш подготвено или го подготвуваат веднаш пред тебе и се движи со дена од 1.5- 2 -2.5 евра, исто како и гирото. Кога одиш по шеталиштето нагоре накај маркетите за да излезеш и на автопат и каде следат вториот ред на апартмани, постои еден ресторан во старински стил каде има домашна храна по ефтини цени. Е тука можеш да се најадеш како дома,има буквално се од македонската кујна.
    А што се однесува до маркетите, на располагање се Воли и Макси. Цените се како кај нас, горе-долу, само овошјето и зеленчукот некогаш е многу поскап, а некогаш и за половина од цените овде кај нас. Тоа можеш да го набавиш и од пазарчето карши маркетите по пониски цени.
    Некој и не ја пие водата од Сутоморе, што не значи дека не е пивлива зашто и самите жители ја конзумираат, но ние исто и купуваме, и најмногу се испати од 5 литри со цена од 3-4 евра.
    Така да, се на се парите за храна не се проблем, прилично е ефтино се освен пијалокот во кафичите навечер, но секоја вечер во најголем дел од кафичите има акции (3текили за 1 или 2 евра) па се прифаќа. :)
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bibi1984

    bibi1984 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    женски ми треба мислење за canj (чањ),какво е ,дали е убаво местото за парови? ме интересира и како се движат цените за смештај? плажата каква е? има ли нокен живот или слабо? се што знаете ве молам пишете ми...
     
  4. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    И оваа, како и претходните две години ќе одам на одмор во Сутоморе. Мене таму ми е преубаво и обично седам по месец дена, поради тоа што мојот дечко има куќа таму, па така за сместување воопшто не давам пари. Водата од чешмите е убава за пиење, храната не е скапа. Освен градската плажа, во Сутоморе има и две помали плажи, кои исто така се преубави и убаво уредени со лежалки и чадори, но поради тоа што се помали не се толку искомерцијализирани. Таму секогаш може да се најде место и ние обично таму одиме. Освен во Сутоморе сум била и во Будва, Улцињ, Чањ, Петровац, Бар на по еден ден. Во Чањ плажата е песочна и голема и таму секогаш може да се најде место. Има автобуси кои возат од Сутоморе до Чањ за едно евро. Крстарење со брод од Сутоморе до Будва е 10 евра од човек, автобус од Сутоморе до Бар е 2 евра. Инаку оваа година цените за сместување отприлика се по 6-7-8 евра од кревет, зависи од оддалеченоста на плажата. А за морето да не се зборува. Водата е прекрасна, чиста, топла, во тие месец дена што јас седам таму дали 2 дена водата ќе биде ладна за да не можеш да се бањаш. Се на се во Сутоморе се чувствувам како дома. Многу ми е убаво :rofl:
     
  5. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    која плажа би ја препорачале во будва и околината близу до 10км, планираме на одмор па цело друштво за прв пат ќе одиме во Будва и малку сме збунети. колку се плаќа за лежалки и за чадор, како се цените за пијачки на плажа, кафетерии, дискотеки? како ссе цените за јадење во ресторани, маркети? ако бил некој нека пишува. иначе ние буквално одиме на своја режија и смештај да најдеме и со свој превоз, каков е патот преку Албанија и колку време се патува. а бе се не интересира ;) битно во будва да се оде на одмор 8) доста е од југот
     
  6. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Не сум била во Будва,па незнам за тие работи какви се цените.Ама за патот ние одевме лани преку Албанија до Тиват/Котор и патот е лош,како прво е претесен,едвај се разминуваат автомобилите,потоа има многу кривини и цело време низ планина возиш :lol: .Како и да е ние лани преубаво си поминавме.
    Убаво да си поминете и вие :D :*

    Едит:Се патува околу 5/6 сати,зависи од кој дел на Македонија одиш :D
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. love2307

    love2307 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    црна гора

    Нели за одење во црна гора не е потребен пасош, но ме интересира дали е потребна некоја друга документација за премин на граница. Треба да одиме фамилијарно летово на одмор. :)
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    црна гора

    Јас знам дека само преку Албанија не е потребен пасош за во Црна Гора.
    Јас ќе одам летово таму и знам дека секако треба пасош. Ако не требало зошто тогаш ми побараа од агенцијата број на пасош и негова валидност?
    Ај распрашате си се поубаво за секој случај :)
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Македонија потпиша договор со Албанија,Србија и Црна Гора,така да сигурно не е потребен пасош за влез.
    А за тоа дека од агенција побарале пасош,бараат ама за тие со биометриски лични карти го бараат бројот од личната карта.
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Епа имам и биометриска лична карта па ми побараа податоци само од пасош :^) .
    Деновиве ќе го однесам таму пасошот за некаква заверка ли што ти ја знам :^) , па ќе пишам што било работата.
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Ама сигурно може само со лична карта,јас прашав во МВР.
     
  12. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Колку е лежалка во Будва на Словенска плажа и на другите плажи???? И има ли место за сам да си поставиш пешкир и чадор?
     
  13. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Може ли некој да ми каже цени за сместување во апартмани?
     
  14. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Цените се движат од 6-12 евра по кревет, зависи од одалеченост на плажа, условите што се нудат во апартманите и кое време би се одело, ако е надвор од сезона е поефтино, до 5 евра е.
    Еве корисно линкче за смештај во Црна Гора
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Сакам да прашам дали некоја од вас била на одмор во Бечичи и ако може да ми кажете како се движат цените за приватно сместување и некои онака општи работи за самото место, плажата, ноќен живот, маркети, цени... се што знаете :D Благодарам :*
     
  16. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    И оваа црногорска плажа спаѓа во омилените места за годишен одмор на помладите генерации. Плажата на Бечичи освен што е една од најубавите, таа е и една од најдолгите плажи на јужниот дел од Јадранот. Песочната плажа долга 1950 метри може да се пофали како единствена црногирска плажа која добила награда за својата убавина. Во далечната 1935 година, таа е прогласена за најубава плажа во Европа. Па затоа на неа моментално се сместени најелитните хотели на Јадранот.
    По должианта од скоро два километри на плажата Бечичи се наредени огромен број на барови, кои организраат целоденевна журка, па токму затоа се класира и како една од најдобрите локации за одмор на младите.
    Го копирав од еден сајт за туризам,ги имаше најубавите 5 плажи во Црна Гора.

    Еве и некои слики,убаво изгледа. :!:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351

    Ова во врска со патот се однесува само при влезот на Црна Гора со Албанска граница така? Дека скоро секоја година сум таму, и последниве две патуваме Македонија-Косово-Албанија-Црна Гора. И лани конкретно до Сутоморе ние стигнавме за 6 часа, со малку гужва на граница и со две паузи по пат. А новите патишта во Албанија се одлични и нема никакви пречки, направени по стандарди на ЕУ за поврзување така да за тоа не се плашите. Исто како и краткиот пат низ Косово.
    А што се однесува до патот во Црна Гора, почетокот тој пола час од прилика е малку мачен. Бидејќи се кривини и цело време нема сенка, сонце пече, сите заморни од патот и затоа толку лошо се чини. Сепак не е. :D И ова важи само до Бар, потоа се патувате покрај градот, па го минувате Сутоморе и натака како одите, има поглед, туристи и фино е за патување.
    Мислам дека малку беше и лошо за до Херцег Нови после слегувањето од траект, но во главно се издржува.. :)
     
  18. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Да да да... :D
    Мислев на патот веднаш кога ќе влезеш во Црна Гора.Ама и понатака низ Црна Гора не се совршени.Тесни патчиња со многу кривини.Инаку низ Албанија се многу убави патиштата. :!:
    Ама заради патот не значи дека не треба да одиш таму на одмор.
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    во сутоморе има песочна плажа без камења во вода кога ќе влезеш или нема? многу различни работи на интернет гледам, ептен не ми е јасно..... ако нема, на кое место во црна гора е со песочни плажи и песочно море воедно :D исто многу ми е важно да не е голем град со дискотеки и гужви, онака градче за ОДМОР ;)
     
  20. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Дечки, некој да сподели лично искуство од Улцин,Црна гора????
    Планираме да одиме таму, само што никогаш предходно не сме биле и малце сме во дилема дали е добро за ноќен живот и цените како се движат??
    :?: