Јас тоа Сутоморе не го препорачувам од проста причина што е хаотично, гужва и прегадно... Но, тоа зависи, индивидуално е, сепак. Инаку си има убаво шеталиште за ноќно шетање, рингишпили за децата... Будва е супер за шетање ноќе, но за плажа... Словенска плажа ми е хаотична, исто така. Тоа за мене барем не е плажа. Околу Будва има десетици плажи кои се преубави. Речиси секаде лежалките се скапи, за жал... Не можам да ти кажам колку се движат цените оваа година, за жал... Лично мене најубава ми е плажата Трстено и плажата Јаз кои се оддалечени од Будва некои 7-10 км (Трстено е малку погоре од Јаз).
Вчера вечер се вратив од Црна Гора...преубаво пројдов.. Не можам да опишам колку беше прекрасно. Будва е феноменална.. преубава..како стариот дел така и цела. Острошкиот манастир е многу убав и голем. Спиевме во неговиот двор, на отворено Е Подгорица не е нешто посебно... Нешто што ќе ме потсетува на Црна Гора тоа ќе бидат карпите и кривините
ќе ти одг и јас плус значи будва е преубаво место и сите околни плажи се мн подобри доколку сте во кола е мн подруго на пр ние одеме највише на Лучиче пред будва е и е мн мн добра плажа убаво море све и раат лежалки се движат секаде од 9-12€ зависи што ќе земиш дал со чадор дал без збориме за 2.. цените нормал нема да се исти ко овде се со некое евро плус а тоа дека е прескапо јас не би се сложила туку би кажала поскапо е нормал ама и ти колку ќе си дозволиш да трошиш толку ќе потрошиш е сега ако идеме секоа вечер на морска храна нормал смештај исто се наоѓа мн јас и мм бевме сами и со кола отидоме директ на авт таму има еден тон луѓе што чекаат и нудат прошетаме на две три места ама не ни се свиѓаа и пошто фати ептен жешко си седнаме в кафич и на аирбнб си најдовме смештај има доста пристапни понуди и некои 35е плаќавме за двајца во апартмсн добро опремен и се беше околу нас автобуска амб центар .. словенска искрено мене ми е грда мн народ и не е баш чиста водата од прегужва и јаз исто .. превоз има за до околни плажи и верувам не е скапо зашо сите одеа .. могрен и бечиче се исто доста добри плажи ..
Си била преку Арка или допрва ке одиш? Вероjатно преку понудата за приватен смештај... Истото годинава го избрав, ме интересира како помина ако си била? и како е, задоволна?
@Lolita5 не сум била до сега преку нив, ама што прашавме луѓе рекоа дека се задоволни со смештаите приватни, а за хотелот што го нудат другарка била на ескурзија таму (не преку Арка) и рече храната и персоналот ужас, а собите биле ок...во понеделник тргам, па ќе видиме што како ќе биде.
Девојки се изначитав на форумов коментари, прашања, искуства за Сутоморе и Будва. Споделете искуства од Херцег Нови, Тиват, Улцињ, Чањ, Бар, Петровац, Бечичи... Јас планирам да одам Херцег Нови втора половина на август па добро ќе ми дојдат совети, поубави плажички, места кои би требала да ги посетам во Херцег Нови и во околните места.
Ако може некои информации за чањ, бар и улцин помеѓу тие места се двоумиме со мм ќе одиме и со 2 год детенце па како се цените водата сместување итн
Здраво Дали некој од вас бил во Будва во Вила Лаки таа ја нудат агенциите па да ми каже некој лично искуство и како се движат цените на лежалки, пиење и храна планираме со мм да одими.Фала
Цените за лежалки во Будва се прилично ужасни. 20 евра е САМО чадор, а ако сакаш да легниш нормално ти треба и лежалка, таа ти е +10 евра. А нешто гратис со тоа, Немаш. Храната е ок, сендвичари на секој чекор. По рестораните морската храна always е поскапа, али храната и пијачката не е толкав проблем, скоро па како кај нас. Леп провод. П.с. А за вила Лаки не знам, обично во сите вили е исто, океј, прифатливо. П.п.с. Во мојот смештај за Будва ми беше наговестено дека доколку сакаш климата да ја приклучваш во собата, дневно ти е по 5 евра. Ама нас можда гратис ни беше, или нашиве лажираат ...
Цената за две лежалки и чадор во Будва се ралични на секоја плажа. Најскапи се на плажите до Стариот град, на Могрен 15 евра 2 лежалки и чадор. На Ричардова глава 25 евра 2 лежалки и чадор. На Јаз, Трестено и Плоче 10 евра за 2 лежалки и чадор.
Да ве прашам некој ако бил Будва, нели со Евра кај нив... па дали метални примаат на пример по 0.50 по1 или 2 евра и слично?
Здраво дали некој бил на Острог ? Како и што се процедурите во манастирот? ( сакам да прашам бидејќи немам одено до сега таму дали може само со лична карта или само важи пасош?)
Може и со лична карта,ние бевме преку Албанија.За носење се носи шеќер коцките,зејтин,памук и алишта од блиски ако сакаш да ги допреш до Светецот,а за него дар се носи бели мислам беше чорапи.Исто така има пат за одење од средниот до горниот манастир може да се возиш а може пеш да одиш,ако се одлучиш пеш убаво е да си носиш бели чорапи и само на нив да го одиш патот за здравје.Кај Светецот се оди со долга сукна да бидат покриени нозе не голи и косата горе сепокрива со вел или марама ,ако треба дополнително нешто прашај
Јас носев бомбони наместо коцки шеќер. Па изборот е твој дали бомбони (оние што се цврсти овошни или едни бели што ги има) или шеќер. Носев шише масло, бели машки чорапи како дар за светецот и плус си носев и дар од мене по моја желба. Се носи маици од сите дома (исто по желба). Маслото, чорапите и плус нешто како дар ако носиш се оставаат во корпа пред да влезаш кај светецот. А шеќерот и маиците ги носиш со тебе и кога ќе влезеш кај светецот кога ќе се поклониш допри ги на ковчегот. Од долниот манастир до горе имаш комбиња превоз, не се сеќавам која цена беа евро две мислам. А можеш да одиш пеш, има патека. Ако одиш пеш ти препорачувам да одиш боса, ако веќе не можеш се носат бели чорапи. За влегување во манастирот се носи долга сукња и главата да ти е покриена со марама. Кога ќе купуваш свеќи ако купиш 10 се едно евро и со нив даваат шишенце света вода и шишенце масло. А ако сакаш повеќе можеш да си ги купиш. Ти пишувам се затоа што јас кога бев одев првпат и се испометкав, не знаев што кај треба да се остави.
Здраво женски, да ми кажете искуство како поминавте и цени кој бил лани у Сутоморе?Плажите дали се со песок и блиску ли се до градот? За навечер за шетање како е?како се цените по ресторани,плажи.. Сега резервирав па да прашам за искуство
Здраво, јас лани бев сместена во Сутоморе крај на Август. Цените за смештај ефтини, како и цените во маркет. Не готвевме ниту еднаш, се храневме од пекара, на плажа или во некои од многуте штандови со брза храна. Храната и пијалоците се ефтини како кај нас (т.е е поефтино отколку во Охрид и Скопје). Лежалки имаш од 4€ нагоре, а имаш опции и да си носиш сопствен чадор и пешкири. Плажите не се песочни и водата не е тиркизна (мене ми беше слично како во Охрид) Инаку секој втор ден бевме во различен град, зошто во Сутоморе е само една главна улица и немаш ништо плус за посетување. Превозот е ефтин за другите места и така може да добиете подинамичен одмор. Јас сум задоволна како си поминав таму. Имај и ти убав помин