Планираме годинава накај Црна Гора, со мали деца сме. Дали имате некоја препорака, мене Петровeц ми фаќа око, ама не знам дали е ок за со деца. Секој совет е добредојден
Здраво на сите, планираме летово со сопствен превоз за Црна Гора преку Косово и Албанија. Би замолила некој да ми го објасни патот подетално од град до град. Како пример ако во дестинација со google maps ја напишам релацијата, тогаш од Урошевац за Призрен ме носи мапата преку Приштина (дали е така подобар патот, а е подалеку или може да се оди преку Штимље што е поблиску за Призрен)?
Не, преку Штимље ќе си одите ,поблиску е и супер е само еден рид искачуваш и одма се спушташ на автопатот.
Фала Азелеа...би прашала и кое време на тргнување е најдобро, 02 или 03 h рано наутро за да би пристигнале во Црна Гора некаде до 09 или 10 h...и дали e ризично ноќното возење низ Косово и Алабанија или се е безбедно по патот?
Оваа година се одлучивме за Будва. Ме интересира дали знае некој од вас дали има еднодневни излети до Дубровник?
има...има и организирани со автобус, има организирани со брод, а има и автобус што си вози редовно од автобуската во Будва за Дубровник
колку што сум запознаена е дека обичен автобус е околу 18 евра, 25 евра е организирано со автобус а со брод е 35 евра..барем така беше пред неколку години
Ако сеуште не е касно, Петровец е убав, водата е чиста и пријатна, местото за разлика од Будва мислам дека не е толку со некакви спектакуларни журки. Има ама не толку и за фамилијарни луге е супер
Ако одиш преку албанија мислам дека можеш а иначе преку косово неможе мора пасош Во 11 навечер трга авобусот до кај 9 сабајле сте таму.
Дали некој од вас има контакт за смештај во Сутоморе, ние сме пар и бараме двокреветен апартман/соба со пристојна цена до 10 евра а да не е многу далеку од центарот и плажата.
Искрено за 10 евра пристојна соба и да нее многу далеку до плажата нема да најдеш. Најубаво е кога ќе пристигнете на автобуската има еден куп преставници на вилите и одма ќе најдете смештај. Ако сте со кола гледајте на стигнете најкасно до 9 сабајлето бидејки после тешко се наоѓа.
Ние дека бевме со мало дете и не ни беше возен патот решивме да тргнеме со ден така да 5.30 часот сабајле тргнавме таму бевме некаде 11 ,немаше гужви по граници многу,е сега во сезона најчесто навечер 2,3 саат е најубаво дека може да начекаш и многу гужва по граници,а за безбедно безбедно е ,нема ништо страшно,само што во Албанија има многу полиција на секој чекор и ќе си возите по прописи дека имам слушано казнуваат.Среќен да ви е патот во секој случај