Пред некој ден се вративме од Црна Гора со мм и преубаво си поминавме. Бевме во Сутоморе. Местото е исто, со години уназад не сум била но ми се допаѓа такво какво што си е. Единствен проблем беше враќањето назад, дали беше до навигацијата, дали поради градење затвориле пат незнам, но свртевме кај што имаше табла Косово и навлеговме по стар пат полн со дупки, немаше ни банкини од страните а тесен пат. По долг пат возење видовме на навигацијата дека не врти по некој друг дел на Албанија накај Струга а требаше преку Косово и одма Скопје ( од кај што дојдовме) ...поминувавме села, планини, угорнини, места кај што имаше само стари куќи и сено, неможеше да се вози брзо туку само 1ва, 2ра, 3та брзина максимум.......буквално се изгубивме и сакајки да види мм на навигацијата кај се наоѓаме се блокира се исклучи Добивме стрес, страв, паника, се осеќавме како во безизлезна ситуација луѓе. Возевме а незнаевме кај тераме, незнаевме ни дали ќе стигнеме ДОМА Стигнавме до една бензинска кај што видов внатре само стар кревет покриен со старо ќебе и еден човек, баравме помош, незнаат јазик неможе да се разбереш, викавме wifi, border, Македонија и ти викаат само Поо. Среќа најдовме wifi на едно место кај што имаше луѓе со комбиња (се израдував барем што видов цивилизација) па мм пак ја активираше навигацијата. По неколку саати кога видовме граница мислам дека го видов ГОСПОД!!!!!!! И никогаш во живот не би отишла пак преку Албанија.
Исто и ние.За натаму супер беше преку Косово ,ама за назад проблем. Одевме по тесно патче,угорнини,удолнини..На крај кога ја видовме границата душа ни дојде И после границата влеговме во Дебар
Здраво. Планираме со дечко ми оваа лето да одиме во Будва. Може некој што бич во Будва да ми каже нешто повеќе за плажите? Која е најубава плажа? Исто и за дискотеки, колку ги има, која е најдобра и како се движат цените?
Плажите не се нешто посебно. Може да идете Јаз, Плоче, Св. Стефан со автобус е од 3 до 5 евра карта. Последната плажа во стариот дел е убава. Во кафичите до 1 часот што работат не се наплаќа карта. Дискотеките Трокадеро и Топ Хил работат после 1 и картата е над 10 евра. Во Асториа во стариот дел на плажа има убава музика во живо со Локо бенд ептен се добри дечките. За 20 минута пешачење од првата до последната плажа може да разгледаш која ќе ти фати око.
Budva mi e preubavo mesto za odmor Plazata vo centarot na budva ne e nesto posebno, no dokolku odite so kola bi ti preporacala plaza “plavi horizonti “ taa mi bese omilena Na sv. Stefan preubavo mesto raj za oci vredi da se poseti no plazata ne me bendisa.
Будва има една градска плажа (Словенска плажа) ама не е баш најчиста, а кафичи има на неа колку сакаш што прават и денски журки и пена парти и такви работи во околината има многу поубави плажи Хаваи, Плоче, Могрен, во Бечичи плажата а вака дискотеки кафичи и журки навечер има сегде само што е скапичко малку.
Словенска плажа мене не ми се допадна. Можеби на некој би му се допаднала, но тука се зборува за вкусови и за каков тип на турист станува збор и што сака од плажи.
Како се движат цените од Будва до Дубровник со автобус, брод нешто? Летово одам Будва па планирам да го посетам и Дубровник дури сум таму
Лани бевме во Сутоморе. Бидејќи бевме со кола,секој ден одевме на различни места. Последниот ден бевме во Улцињ, мислам дека се викаше Coco beach местото. Ситен песок, плитка вода.Највеќе ми се допадна таму од сите други места што ги посетивме. Идеално е за деца.
Здраво.Планираме оваа година на одмор во Будва, искуство дали бил некој почеток на Јули, предлог места за шетање и дискотеки?
Во Суто Море нема место на плажа дека не се плаќа на плажа.Пример за место за крпа,нешто такво? Инаку,како се цените.За смештај се мислам дали ма букинг да најдам или на автобуска. И какво е морето?
Премногу е гужва има и со лежалки што се наплаќаат а има и простор за со свои реквизити.Е таму е хаос некои одвечер оставаат пешкир или рано сабалје за да им стои местото После 9/10многу тешко се наоѓа слободно место на плажа. Смештај најубаво тука на автобуска да си најдеш има многу што нудат со сигурност ќе најдеш.Цените се океј не е скапо.Можеш да си дозволиш се хамбургер тостови 2е палачинки сладолед по 1е,пиво 3,4е,скоро како кај нас е се.
Еве страна за смештај во Црна Гора. Предобра е, има доста избор. https://m.gdenamore.com/sr/crna-gora
Се мислиме меѓу Сутоморе и Тиват.Прочитав се и сешто за Сутоморе,а и ова со лежалките ќе е проблем пошто ќе одиме баш во сезоната. Некои мислења за Тиват.Сакаме некаде смирено местенце,не сме журкаџии и каде водата ќе е добра и да не е многу гужва. Како се цените,гужвата?Разгледав на нет јас слики и ми се виде убаво.
Девојки слушнав за сместувањата над магистралата дека проблем била водата и притисокот. Дали сте имале вакво искуство? Сместувањето што ми одговара испадна малку над магистралата, па некако ме загрижи