Во Будва може ли да се најде сместување на лице место во тек на сезона јули/август? За Двокреветна соба како би се движеле цените?
Тиват е убаво ама нема убава плажа, плус има пристаниште и водата не е најубава. Ако сте се кола може да шетате по други плажи
Девојки јас резервирав во една вила во будва која што е одалечена на 400 метри од словенската плажа. Сте биле ли на таа словенска плажа, убаво ли е? И да прашам ако знае некој како се движат цените таму за храна и слично. Има ли многу разлика од нашите цени? И според вас колку би потрошила јас за 10 дена таму? Само три другарки сме без деца без родители. Отприлика некој да ми каже затоа што порано одев во Црна Гора но во Бар и бев со родителите затоа не трошев пари.
Здраво дечки Планираме пар да идеме Црна гора годинава ... Не привлече дека било ефтино Сутоморе ама многу лоши работи прочитавме .... Сакам да прашам дали случајно некој бил скоро Будва/Бечичи и како се цените?Можно ли е да се најде смештај по 10/12 евра за вечер,посебно Бечичи ?Убави коментари прочитав дека плажите биле чисти и океј , и да не знае некој како се движат цените за лежалки и по маркети? Фала однапред
Будва е многу скапа вака за лежалки на плажа, по ресторани јас лани еден појадок ме чинеше само за мене 10 евра.
Бечичи сместувањето е скапо, ако сакаш да најдеш убава соба/апартман. Искрено не верувам дека за 10 евра ќе успеете да најдете нешто добро. Провери баш на Букинг и ќе видиш како се движат цените.
zdravo.оваа година планирам да одам во будва сакам да ве праша дали лесно тамо може да се најде смештај или треба од овде да имам резервирано и како се движат цените за период од 10 јили,
Будва ми е врв, најубава за забава, плажа, смештај, се’..., има најдобра туристичка понуда, за разлика од другите места.
Девојки дали некој што бил во будва годинава ,знае дали има слободна плажа на која не мора да земеш лежалки?
здраво феминки, дали има некој идено во петровец да сподели некое искуство , какви се плажите колку е да се изнајми лежалка, цени по маркети кафичи? позз
Пред неколку години бевме, водата во Петровац е потопла, зашто е ко заливче, на плажа имаше многу гужва (можеби таков период се има погодено, во ек на сезона беше), цените по маркетите беа нормални, за лежалка не се сеќавам точно колку беше, нека сподели искуство и некоја членка што била скоро.
Здраво девојки Може ли некој да ми каже како е со цени во Будва, не за смештај, туки како се цените за храна во ресторан, цени по маркети? Колку пари одприлика се доволни за 10 дена?
Цена за 2 лежалки плус чадор 12 евра на плажа Лучице, оддалечена 10минути отприлика пеш одење од центар на Петровац. Има простор и сам да си поставиш свои лежалки и чадор. Дефинитивно најубавата плажа според мене заедно со плажата на Свети Стефан најдобри.Цени по маркети, ресторани нормални.
Crna gora mnogu pati sum odela, pretezno vo Tivat. Gradskata plaza e betonska, posle Porto M0ntenegro e naselba Seljanovo ima plaza so kamcinja. Sum bila i vo Krtole ili Obala Dzurasevica toa e pred Krasici , tuka moze da najdete smestuvanje bukvalno na 5 metri od more. Lani bev vo Dzenovici, pred Herceg Novi, ubavo mestence, celata ulica navecer se zatvara i se e setaliste i spoeno e so Baosici i Bjala. Ovaa godina bi sakala da odam vo Dobra Voda kaj Bar. Ima li nekoj iskustvo da podeli za tamu,
Некој кој бил на одмор Будва скоро, како се движат цените на храната по маркетите, дали е многу поскапо за разлика од кај нас?
Да ми кажете искуство со Чањ? Знам дека е една огромна плажа, меѓутоа препоставувам има повеќе плажички закупени со чадори? Дали има простор за сопствени чадори и најважно дали е чиста плажата, кој дел е најчист најсреден, дали е песочна(барем малку ) плитко претпоставувам? Иако знам дека претежно го препорачуваат за фамилијарен одмор и за со мали дечиња, сепак какво е местото, што нуди, во однос на цени?