сум била во Чањ местото е прекрасно , а плажите се песочни и прекрасно е за парови исто така и многу романтично..
јас секоја година одам во улцин на одмор... прекрасен е нокниот живот... има поремногу песочни плажи и честопати има журки ...инаку јас имам вила во близина на улцин во круче...
Бев 2011 во Суто Море и си поминав прекрасно. Прекрасни плажи, море, имаше и ноќен живот, ама за разлика од Будва многу е помирно. Кој сака опуштен одмор, дефинитивно го препорачувам Суто Море и Банана бич. (така мислам се викаше плажата кај што одевме)
Женски ве молам за одговор која знае да ми каже дали е ограничено внесувањето на храна при влез во црна гора? За неколку дена одиме на одмор и планиравме да си носиме храна од дома мислам на храна како паштета , саламче, сирење.... Ако била некоја сега брзо нека кажи да знаеме инаку со автомобил патуваме.
Соледад се носи,ние бевме натоварени со шпагети,месни нарезоци,паштети,кечапи,штеки цигари,дури и текила имавме една Патувавме 12 саати дека преку Косово. Имаше и комбе, со него се стигаше за 6 саати. За Сутоморе само пофални зборови. Преубаво е и доста ефтино. Преку ден точено пиво 1 евро,навечер имаше промоции 1 евро виски,1 евро текила, 1 евро пиво. По кафичиве не се плаќаше влез освен во Бахус по 5 евра. Се се затвараше во 1 часот после полноќ освен тие две дискотеки што работат до 5 сабајле. Пица од 1 евро до 2 евра имаше.Пита со јаболка,вишна,месо и од спанаќ по евро и пол. Една топка сладолед 50 центи. Гиро евро и пол до 3 евра. Ние бевме блиску до автобуската станица и блиску беше првата плажа ама таа е со камења,водата не е нешто посебно и постари луѓе идеа таму. Си идевме на Куба Либре или Слама плажите. За тие има малку одење повеќе ама се исплатеше. Ситен песок и водата беше чиста. На Куба Либре ако отидеш порано можеш да си фатиш добро место и да си ставиш чадор дека има дел од плажата за сопствени чадори а ако отидеш покасно пошто нема место ќе си платиш чадор за 2 евра,приватни плажи што ни се исплатеше и така.На Слама плажата е две дрвени лежалки и чадор сламен огромен 6 евра. Под таа сенка можат осум души комотно да бидат.Двајца на лежалка и другите околу нив. Така сите правеа друштва па и така се исплати Цигари обавезно од дома зимајте штеките пошто јас се зафркнав и купував цигари таму, карелија или винстон по 1 и пол евро Друго што ве интересира слободно прашајте додека ме држи меморија.
Лани бев во Игало, мене ми се допадна зошто на одмор ја не сакам лудории, журки, забави....Најбитно ми е водата и плажата. Водата во игало е прекрасна, башка лековите, плажата е со лежалки(2 лежалки и чадор 5 евра). Е сеа не е песок, ама се поднесува, битно нема карпи. Има кафичи ресторани, прават и журки, има секаков тип на музика..... Бевме и до плави хоризонти(Тиват)..ок е песочна плажа, ама водата грч и со многуу камења....ограничено е и треба да одиш бајаги во длабоко за да не налеташ на некој камен. Будва, е убав град, ама, плажите се или во крапи, или на бетон, башка е мноогу скапо. Улцин е убаво, плажата сон, песочна, прекрасни лежалки...големата е долга 14 км, ама има многу албанци..... Херцег нови идевме само навечер зошто беше блиску, инаку нема некоја посебна плажа сите се приватни. Во суто море не сум била, ама по тоа што ми збореле нема ни да идам, целиот град узгорница, многу карпи на плажите, а за ноќен живот имало само неколку кафичи.(колку е точно не знам зошто ова ми го кажаа што беа лани). Така да ако идам некогаш пак би одела во Игало, барем нема да се притресувам и да мрзнам дур да влезам во вода.
Некои прашуваа дали може без пасош накај Црна Гора, само со лична карта. Ние идевме низ Косово и Албанија и ни ги бараа пасошите на секоја граница, ги скенираа и ни ставаа печати. Уште кога ги побараа од агенцијата јасно беше дека ќе требаат, ама еве сега и самата видов. Носете си.
Јас мислам дека неможе без пасош во Црна Гора Иначе досега немам појдено на одмор Црна Гора,но како што сум слушала од други било многу убаво.Скоро секој што бил таму е задоволен. Инаку се надевам дека во наредниве здравје Боже,ќе ја посетам оваа држава
Јас секоја држава која има излез на море/езеро/океан или во краен случај некоја атрактивна рекичка да поминува низ неа , би ја посетила во која било сезона во годината, освен во лето. Ова го имам речено милион пати до сега и си стојам на тоа. Мразам гужви, мразам туѓа пот на мене, ме нервира едноставно преживувањето во тој период. Црна Гора како државичка фина е, Будва ми е омилена и не би ја менувала за ништо, ама повторно ќе речам дека би ја посетила повторно - ама не во лето! Сите тие ресторанчиња, клубови и разно разни места во Будва се екстра, секое си е посебна приказна за себе и подеднакво ми се омилени. Имаше едно мини ресторанче одма на самата плажа се наоѓа Garden Terrace се вика, уредено е во морнарски стил со сите тие морнарски пропратни елементи, ептен е супер. Ама, мене ме нервира што е на сама плажа и не можеш да уживаш во амбиентот целосно. Дечишта се мотаат цело време, песок од сите страни колку сакаш има..Не е тоа тоа, нели. Друго е пример во истото тоа ресторанче кога ќе седнеш во есен еве да речам, па гледаш мирно и сталожено море пред тебе и немаш насекаде голи и ватрени тела . Сутоморе, не фала. Последните останати неврони си ги потрошив овдека, мислам дека како што ми е антипатично и одмилено ова место - ниту едно друго не ми е, верувајте! Отидов во сред сезона и при дефицит на место за смештај, цел ден го поминавме на тоа сонце таму. Местото не ме воодушеви и освои како што ме освоија другите, премногу ми е еднолично. Една долга уличка полна со лакоми тезгаџии е се што имаш, па ти види како ќе го искористиш времето. Е сега ноќните забави, некој ќе рече топ, супер, одлично, ама јас пак ќе контрирам, ( што да правам цел живот така ) и ќе речам дека едни од најужасните места за забава ги има токму тука. Нафрцани во два метра простор мал милион на луѓе, повторно туѓа пот на тебе и невино фаќање на газе, ноџе, како демек случајно у тој циркус. Не дека на други места го нема тоа, ама на подискретен начин бе мајку му стара, аман заман ( копирајт Дузи ) Буљарица и Чањ ги сакам, супер места се, ги посетив и македонските кампови во Буљарица. Очајно е мал збор , ама добро, сведочат за убави моменти и настани случени таму. А Св. Стефан ми е најпреценетото место некогаш создадено на Земјава. Не ме воодушеви уопште, него напротив, се досадував. А и водата не ми се свиѓаше, после 4 чекора од плажа пропаѓаш, има дупка. Петровац нуди убаво место и добар провод, ама за оние со малку подлабок џеб.
Оваа година не одам во Црна Гора,но 6 години по ред таму одевме,и некако ми влезе во крв. Сум била во Котор,Тиват,Будва,Сутоморе,Бар,Подгорица... сегде ми е убаво,ама Будва ми е некако најубава иако има многу гужва.
Дали некој бил во Петровец на море? Јас и дечко ми сакаме да одиме годинава, па би сакала доколку некој бил, да сподели овде, како е задоволен, каде бил сместен и слично? Благодарам однапред
Ние 5-6 години по ред одевме во Петровац. Најубавите одмори таму ми беа. Секогаш одевме ''на слепо" т.е. таму наоѓавме сместување. Цените беа ок, скоро исто како тука. Градската плажа секогаш е ''фул'' и не е толку убава, па одевме на една друга, Лучице се вика. Таму е вистинско уживање, дефинитивно ми беа најубавите одмори во Петровац. Ако одиш нема да згрешиш ни најмалце, верувај.
Дали некој случајно бил во oвие апартмани Катич? Викаат биле 60 метри од плажа, па незз колку е вистина. Ако некој бил, ве молам да ме контактира http://www.gdenamore.com/sr/crna-gora/p ... 4%87-o2581
јас имам повеќе пати иденоо овде,лани бев во Чањ и супер си поминав.Плажата е полна,со музика,имаше камења ама понатаму на крајот на плажата беше песок.Водата беше чиста и немаше медузи и морски ежови Навечер беше супер,имаше ресторанчиња,слаткари,имаше дискотеки некои,имаше бутици и имаше убави работи да си купиш не беа солени цените и супеер си поминав,ви препорачувам можете да идете со брод на Краличиња плажа,таму е преубаво