За Улцињ незнам за во Чањ се ти е блиску затоа што е мало место плажи неколку споени и една улица тука поминува и автобусот
Искуство со летување во Будва? Како се движат цените на лежалките , кои се поубави плажи? Убави места што треба да се прошетаат?
Во Будва плажите се ужас, особено Словенската плажа е катастрофа, Црна Гора и онака не е позната по којзнае какви рајски плажи, конкретно Будва одат за забава затоа што е живо место постојано има забави и музика. Цените таму по маркетите се секаде различни, во Mega маркет има цени приближни како нашите, со некои 20-30 ден. разлика, додека во помалите маркети е поскапо. По ноќните клубови коктелите се од 10e нагоре, лежалките на било која плажа се 10e некаде и поскапи. Од плажите поблиску до центарот е Могрен така подобра, се наоѓа на крајот од Стариот град но е гужва невидена. Стариот град е убав, има убави барови со жива музика за оние кои не се љубители на ноќните клубови каде трешти Jala brat и Buba Coreli. Храната по рестораните е прескапа, но брзата храна од сендвичари е ефтина. Турите за Плоче и Хаваи се по 5e, моја препорака е Плоче, плажата е убава но исто така и таму е гужва невидена.
Бил ли некој во Улцињ или Дони Штој? Кое од нив го предлагате? Како е од Дони Штој до плажа, близу е пешки? Има бесплатен паркинг и доволно место за пешкир на плажа? Ич не ми е по ќеф да плаќам за лежалки колку за смештај
Јас бев во Будва но една моја колешка има резервирано хотел во Улцињ од 20ти август оди на одмор. За нејзе за сопругот и за двете деца едното 7год. другото 3год. за 8 дена хотелот и е 400€ многу ефтино и во близина на морето бил. Со бесплатен паркинг. А за лежалки било околу 6-7€ плажата пред хотелот имале склучено некој договор за сите што се сместени во тој хотел со купон лежалките да бидат на пола цена. Така кажуваше на работа не верувам да лаже.
Da mi predlozite kade na odmor vo crna gora..za so malo dete. Bideni sme bar, dobre vode, sutomore, budva. Nekoe drugo mesto prikladno za familiaren odmor po pristapni ceni???
Bev dobra voda pred 3 godini. Vodata izgleda cista no celo mesto e mnogu valkano. Odpadot frlen na ulica kontinjeri nikade, pola narod se poboli od stomacen virus. Inaku mirno malo mesto. Jas ne bi osla pak
Ние се мислиме помеѓу Суто Море и Тиват. Сакаме плажа со песок но нормално знам дека тој песок е со слунак мешан не е како во Улцин или Грција. За Суто море поевтино е за наш стандард. Лежалките биле од 7 до 10 евра. Храната малку поскапа од кај нас. Кажи ми за Тиват или Херцег нови нешто. Кај би се сместила, храната како се движи, лежалки. Да не скапо како Будва. П.С. Под Тиват зборувам за околината баш за ова каде што ти си била.
@zence , не сум била во Добра Вода, ама деновиве читав доста за Црна Гора за да одлучам кај да одам па налетав на информација дека во Добра Вода морето било многу загадено. Истото го пишуваше и за Сутоморе.
ние се мислиме за Тиват. Плус и двегодишната ќеркичка. Читавме на нет со мм најубавите црногорски плажи се наоѓале баш таму, гледавме и видеа доста туристи споделувале на јутјуб, сутоморе не го фалат многу затоа што било скапо ама не вредело за тие пари, за Будва не ни помислувам таму е огин и пламен
А за Твиват какви информации имаш во однос на цените по маркети, ресторани, кафулиња и лежалките на плажите. И каде би била сместена? Околу која плажа?
Slusnav deka imalo nekoj stomacen virus vo crna gora I suga...Dali e vistina znajte nesto. Koe mesto nsjpoke bi go predlozile za semeen odmor...so pristapna Cena. Tivat kako e ...ili cajn ili nekoe drugo mesto
Сте оделе ли по новиот автопат? Сакам да одам од таму оваа година, со кола. Па ако знае некој да ми ја објасни рутата. Каде се уклучувам/исклучувам, малку подетално да ми објасните. Благодарам
Јас бев за дочекот на 2016 година, со кочанска агенција, супер беше организирано, посета и сместување во Будва, екскурзии до Дубровник, Котор и Острошки манастир, за дочекот пееше Здравко Чолиќ, направи одлична забава... сумарно си поминавме многу убаво.