Да, Бар е урбано место, град. Дефинитивно помал од Котор. Нека не те лаже изгледот на Будва дека е поголема од Бар. Будва е таква само за време на пикот од сезоната и создава таква слика заради густина на градби.
Predlog za u Crna Gora? Sum bila vaka u sekoj grad osven Sutomore i Ulcinj. Site mi se ubavi. Ama kaj e ubavo za letuvanje, samo u Buljarica i Budva sum bila na poise vreme
А што бараш од одморот? Ако сакаш мирен одмор , чисто море, помалку гужва - тогаш бараш нешто на плажа, веднаш до море. Ако сакаш кафичи, дискотеки треба во некој град. Јас сум за места одма до море, препорака за градчињата пред Херцег Нови -Бјелила, Џеновичи тие се споени можеш сите навечер да ги пропешачиш, ама мали плажи има претежно бетонски. Само немој Добре Воде да одиш, невидена гужва на плажа.
Некој да не има информации како е на могрен во Будва летово? Колкава е цената на лежалка и пошто онака ми личи на мало плажиче дали има гужви да не можеш да се узминеш ни на плажа ни во вода?
Бев во јуни на Могрен, убава е плажата оваа година половина плажа е слободна половина со лежалки, така да може и без пари да поминете. Порано најскапи беа лежалките таму и немаше шанса да ставиш само крпа.
Здраво, што мислите за Чањ, апартмани соларис. Сакаме блиска и песочна плажа, со деца сме. За шетање има ли навечер шњталиште. Пишете искуства како сте задоволни.
Јас сум била во Чањ. Плажата е океј ништо посебно. Водата во морето беше многу ладна. Тоа е дел што уште се гради. Малку ќе имате за шетање и цените се баш високи за тоа место. Лежалките беа 15 евра пример. Не знам зошто сте се одлучиле за Чањ. Има подобри места за со деца како: Улцињ, Петровац, Добра вода, Утјеха и други.
читав дека овде има песочна плажа, сите оатанато се ао камења или бетон. Ако сте биле и на друго место кое го препорачувате
Оу Албанија е 5 класи подобар. На почетокот после границата се кривините, може тука само да имаш проблем, ама ко издржиш тука после ќе тераш. Од пред Елбасан па се горе до Леже ти е автопат, а после до граница не е автопат ама не е ни лош, нов е, не е искршен. Откако ќе поминеш граница со Црна Гора, тогаш ќе ти почнат маките, таму патот катастрофа, угорници, планини, да ти се слоши.
Котор, Тиват или Херцег Нови.. кој од овие 3 места има највише места за искачање кафичи да не речам ноќен живот, не мора тоа да е диско? Сум била до Будва, неќам таму знам што има, сакам да сменам
Возат Вардар експрес и руле турс сезонски. Тие две ги знам, некој ако знае и други нека пише. Со руле сум се возела милион пати и супер биле, немало никогаш никаков проблем. На време точно во минута тргале
Petrovac- malo gradce, preubavo, eden market, nekolku hoteli, preubavo setaliste, e arno ama plazata za nikade. Tesna plaza, kamenja noze da iskrsis, ne mozes da vlezes normalno vo voda, nekoi denovi ispustaat nesto vo vodata, dali e kanalizacija ili sto e, ne znam, ama togas ne e za banjanje. Kafeavi razleani fleki. Lezalkite bajagi skapi, so ogled na toa deka mestoto moze da primi mnogu poveke turisti otkolku sto e kapacitetot na plazata. Se na se, ne bi se vratila pak tamu na odmor.
Мене па баш ми е онака убав, маркетчиња мали си има, шеталиште многу убаво, храната исто по рестораните беше многу убава и многу големи порции... А плажата сте ја згрешиле, Петровац има плажа поубава од градската, со кристално чиста вода, камчиња и песок, половина е со лежалки а другата половина за сам да си ставиш пешкир, чадор..