Цените се покачени, не бев лани ама сестра ми беше и кажа дека било поскапено од пред две години кога бевме… гужви има премногу во сезона, во главни млади, плажи има убави надвор од градот… ако сакаш нешто подетално пиши ми, сум била повеќе пати ама лани не за да ти кажам нешто многу детално за цените
Здраво женски. Годинава планираме да одиме со другарките на одмор во Будва во август. Ќе одиме преку агенција со автобус. Е сега ме интересира како да стигаме до плажите? Има ли комбиња што носат на плажа?
Прв пат ќе одиме за Црна Гора, сакаме да одиме на Острог прво па некој ден на море, може ли некој што оди често да ми каже од каде е подобро да се оди? Дали преку Косово или преку Албанија? Некаде прочитав пишува дека преку Косово 200км биле кривини само па затоа се двоумиме од каде да одиме. Хелп
Да можеш само со лична карта. Јас секогаш идам преку Косово па Албанија. Патот е добар, има негде кривини ама не е стршно. Менс лично ми е пострашен патот од влез во Црна Гора (влезот кај Улциљ, Сукобин) е катастрофа. Земјен пат раскопан ужас. Вие претпоставувам ќе идете преку Подгорица. Само после Острог за на приморје набилдај живци пошто ако те фати гужва окапа во кола. Се уште се прави магистралата кај Будва и е ненормална гужва.
Да е само Сукобина, океј. Што праиме за понатака од Улцињ до Будва. Онаа главна магистрала со две ленти во време на сезона? Секако дека подобро е преку Подгорица. Ако сакаат малку авантура можат да поминат Цетиње па да се спуштат во Будва. Ама патот е тесен. Но скоро ретко има гужви таму. Препорака исто за луѓе што идат во ЦГ е ако се во состојба да утепаат ден - два на Жабљак и езерото. Целосен контраст од оноа што се очекува како поморски туризам. Острог е истотака задолжително четиво.
Да да ужас е патот. Ја не знам што мислат со таа магистрала, сега која гужва е, а тек кога ќе почнат туристи. Наводно до крај на месецов ќе се завршело, што чисто сумљам. Летнава сезона ќе биде ко преживи причаче.
Здраво, не знам дали е за тука прашањево. Имам желба да отидам на Острог, но не сакам никој друг да дојде со мене, осеќам потреба да отидам сама. Сепак ми е малце срам и страв, бидејќи никогаш не сум патувала без друштво. Прашањето ми е дали некој од вас има одено сам/а? Да сподели искуство и да ме охрабри хаха
Можеби е и најдобро да одиш сама за да осетиш мир и спокој. Моето искуство е сосема спротивно од тоа што мислев, како стапнав таму осетив неверојатно олеснување на душата, па затоа ти кажувам, чим имаш желба да одиш оди и не се замарај што си сама