Со толку мало бебе не би одела со автобус да го малтретирам и него и себе и сите во автобусот. Само со кола, да имаш комоција.
Zdravo dali nekoj znae koja e cenata so brodce do kraljevska plaza od sutomore? I dali e ista cena i za vozrasen i za deca?
ако не заборавам ќе видам ко ќе одам на плажа попладнево Да се надоврзам, дали некој знае во Црна Гора дали има дм маркет?
Нема дм во Црна Гора. Има козметикс и куча хемије/дама дрогерија слично на дм. Мислам исти принцип само нема производи на дм
Недела и понеделник. Ама бидејќи прв ден од празникот се падна во недела се додава уште еден ден т.е денес Како во МК кога се префрла неработен во понеделник ако се падне празник во недела. Овде празниците се празнуваат 2 дена
Ќе речеш црногорци не работат а имаат само 7 државни празници т.е неработни денови. И ваљда ради тоа им се по 2 или 3 дена
јас бев минатиот месец и е поскапо. Сместувањата се по пристапна цена ама јадење пиење некако поскапо освен Во маркет каде е речиси приближно до нашиве цени. Минимална е разликата
Јас бев лани и мене лично ми се допадна. Има за секого по нешто, ноќен живот, знаменитости, стариот град е феноменален и вреди да се види. Плажите во градот се мали и тесни, но нешто подоле од Улцињ, према Доњи Штој почнува Велика плажа која е 14км и е сета песоклива.
Zdravo, dali nekoj sega skoro bil vo crna gora na odmor da mi pise iskustva, jas sum so dve deca 7 i 2 godini, kade najdibeo bi bilo da se smestime?
Изгледа ќе да е Црна Гора избор за годинава. Веројатно ќе идеме Сутоморе преку агенција. Али планираме од таму да си идеме на тури ако има. Кажете што има да се посети со брод, автобус.
лани бевме сутоморе. Некако водата ладна. Месец јули беше. Цените според мене ок иако како што читав по форуми било скапо. После во почетокот на август цените ги спуштиле.
Сликите што ги објавила @Sesil - онаа од Улцињ е сликана од под замокот и гледа кон градската плажа. Таа е толкава ете колку што е на сликата и е доста полна бидејќи градот е преполн во сезона. Јас лично не би одела на таа плажа, премногу гужва за таа големина. Градот според мене е повеќе за шетање, пиење и јадење. Замокот/тврдината над градот е интересна да се посети и има во неа најгоре ресторани. А втората слика од Сесил е од големата песочна плажа која е веднаш под Улцињ, long beach и тера до ада Бојана. Плажата е и долга и широка, песочна мене ме воодушеви бидејќи е нешто поразлично од плажите со камчиња и карпестите плажи на Црна Гора. Имав чуство дека не сум во Црна Гора туку негде на некој океан . Изнајмувањето лежалки беше скапо имаа луксузни барови со лежалки со балдахини и сл. ама можеш и своја лежалка да си носиш- место има во изобилство. Во близина на плажава нема сместувачки капацитети. Првите се доста подалеку и се покрај патот, изолирани на приватни плацеви. Ќе треба во Уљцин да се сместите. Е сега морам да предупредам Јадран под дифолт има малку поладна вода од Егејско море ама не е поладна од Охрид. На лонг бич е ветровито, затоа имаат можност за kitesurfing, windsurfing и некои такви водени спортови, не знам колку ќе ви одговара. Има помалку стрмни делови од плажата како за деца, но некои се одма во длабоко и заради ветерот водата имаше бранови кои те влечат. Не знам каков одмор сакате... Можеби е подобро да гледате нешто по на север ако одите - кон Будва, на пример мене ми е многу поубаво, поурбано е ама има се. Има убави плажи со барови и ресторани и во новиот и во стариот град. Не морате да одите далеку за било што, ни за плажа, ни за шетање, стариот град е покрај морето, во центарот на градот што се вели. Лекар, маркети, продавници, голем парк со шеталиште, од една страна морето од друга дуќани. Голем избор на ресторани, таверни и барови. Во близина на градот има и други убави плажи ако сакате со кола да истражувате. Плави хоризонти е една од најубавите плажи во земјата, како лагуна е. Организирана е со лежалки, паркинг, барови и сендвичари. Поблиску е до Тиват и Котор ама треба да се сместите на друго место во близина негде и таму да одите со кола. Бар е исто интересен, со барови и пицерии на градската плажа. Има голем парк и навечер работи луна парк, за деца е топ, има кај да се прошета. Поефтин ми се виде од Будва. Само таму плажата е со камења. Сутоморе е многу популарно и тоа може ќе е ок за со мали деца дека е рамно и сместувањето е веројатно нешто е поефтино од другите места. Мене лично ми пречеше тоа што плажата беше преполна во јуни - пешкир до пешкир, многу народ, многу млади. Другите градови нудеа повеќе... Мој совет планирај си патичиња за плажа/за во вода за сите, чисто ако не одите на песочни плажи.