До плажата ќе мора да одите со кола, зошто како што пишав, сместувачките капацитети им се по патот погоре од плажата. Покрај сама плажа нема ништо освен некој камп. Од патот и куќите до плажата има празен простор со ниви, права пустелија е и не е блиску пешки да се оди. Мора со кола да се оди. Еве на гугл мапс пишав и ми го ограничи до кај е местото: https://www.google.com/maps/place/D...try=ttu&g_ep=EgoyMDI2MDYxMy4wIKXMDSoASAFQAw== Ќе видиш-има некој километар до плажата.
@RinaKa Јас лично не би се сместувала во ниедно од тие места. Во Уљцин би одела на шетање навечер, да каснам дурум, да видам замок да седам во кафич.Таму не би одела на градска плажа. Премала е. Во дољни штој би одела само на плажа, целодневно. Секако со кола би одела до неа.. Подобро да сум сместена во убаво местенце некое по насевер од Уљцињ (Бар, Добра Вода, итн) отколку во друмските хотелчиња покрај патот. Луксузни се, со базени и сл. ама се далеку од плажата и од Улцињ за пешки, пак се со кола ќе одиш на шетање навечер и на плажа дење...
Предлог место , смештај на плажа , и плажи песочни за со деца Сме шетале Будва,Сутоморе,Чањ како што ми е во сеќавање е песочна
Зависи од буџетот колкав ви е. Има Велика плажа и куќички со поглед на море. Доњи Штој е океј, јас како дете сме оделе пешки до плажа, не е нешто предалеку... Мирно е таму, ама со кола си одма во центар на Улцињ и тоа е тоа.
Плажата е преполна, детето ќе нема каде да си игра во песокот, водата за возрасен е пет чекори и до грло, за дете па ич не е. Јас во ваква ситуација како твојата не би одела.
За Доњи Штој конкретно, од смештајот до плажа има некои 500-600 метри, за паркирање до плажа не е никаков проблем, има доста место.
Дали Црна Гора е добар избор за со дете од 3 години и понудете кое место. Почеток на август дали водата е топла
Мене убав дел од Црна Гора ми е делот меѓу Котор и Пераст. Нема големи плажи , малечки ко понти се, а се меѓу два најубави града во Црна Гора. Инаку за со деца се убави местата пред Херцег Нови. Бјела,Мељине, Кумбор,Ѓеновиќи, Зеленика, Баошиќи, Ѓеновиќи. Јас таму би одела со мали деца. Блиску е Херцег Нови за шетање, а сите имаат плажи со песок. Или Тиват. Тоа долу Сутоморе, Бар, Чањ е панаѓур.
Бечиќи е подобро. Со Будва е тукуречи споен, а има подобра долга 2 км песочна плажа и убав постепен влез во море со плитко за мали деца.
Ние кога бевме, беше доволно топла, е сега Јадран си е тоа, не е топла ко во Грција и има ладни струи. Потопла би требало да е во заливот Бока Которска.
Само што се вративме од Црна Гора. Водата беше прекрасна и топла,а времето беше пеколно топло. Знаеше негде да фати дожд попладне со громови од акумулираната топлина преку денот, ама како-каде ќе се погоди и ништо не менуваше во однос на топлината.
За мали деца одете на Плави хоризонти. Песок е и плитко. Бевме минатата недела, преполно беше со фамилии со мали деца што ме изненади бидејќи претходните години беа повеќе млади и тинејџери. Сега ми се виде како да има повеќе дечиња. Има дел со лежалки (15е е за една лежалка) и дел без лежалки. Тушеви, кабини за преслекување, тоалети, снек бар и сладолед... Паркинг се плаќа (има два до плажата), ама во ЦГ сегде се плаќа паркинг. За Будва на плажа треба да одиш кај што пиша @Cosmi за поубава плажа. Будва има и пристаништен дел со убави кафичи и ресторани супер се за лезет да седиш во нив. За плажа не би одела таму, имав чуство дека сум на градска плажа. Цел е толку урбанизиран последниве години, еден куп згради изнаградија.
Времето и навечер ли е топло? Значи ако одиме да си пакувам само кратки алишта? И друго, бевте во хотел или апартман? Јас сакам апартман да најдам, да има и кујна и тв и се, заради малата ми е. Како се резервира во апартман? Може ли неколку дена да резервираме пред да одиме?
Гледам дека има реклами од туристички агенции за Будва и др. места во ЦГ за апартмани, може да пребараш. Ние бевме преку booking во апартман, резервирав 3 недели порано. Апартманот е сега веќе букиран за цела сезона. Не знам дали и другите во објектот беа резервирани...Искрено се каам што не резервирав уште во мај, тогаш ќе беше уште поефтино. Пребарај преку booking, стави си преференции што бараш и ќе видиш што ќе ти даде како слободно. Алишта земи си за топло време. За резерва носев едно долго горно и долно, не ги облеков... Чисто ако некоја ноќ залади може ќе ти треба дуксер, ама генерално е топло. А летово заради топлинскиот бран беше пекол
И јас би сакала да резервирам уште од сеа, ама не е изводливо. Оти не се знае мм кога поточно ќе заврши со работа. Ама ваљда ќе се најде нешто.