1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна Гора

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од brunete, 26 јуни 2011.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Бев минатото лето и ептен ефтино поминавме. Имаше многу млади, значи не е пензионерско место. Не дека има што да видиш во градчето, ама за забава е топ (не очекувај ко у Закинтос да е). Сите опуштени, се журкаат, ретко се наоѓа по некоја девојка во штикли, сите се на ниско (што мене многу ми одговара дека не обожавам штикли) :D

    Цената на храната е речиси иста ко тука. Исто и пиењето навечер. Текила 1 евро, пиво околу 2 евра, 10 топки сладолед 1 евро, чадор на плажа 5 евра, крстарење до Будва е 10евра (ма да јас не отидов дека мн рано тргаше бродот, околу 9 сабајле), сместувањето е од 5 евра, па нагоре. Становите во прв ред што се мислам дека беа нешто над 10евра, максимум 15. И не ти препорачувам смештај до пругата. Ужасно нешто, возови поминуваат цело време.

    Навечер ечи турбофолк на сите страни. Секоја вечер различни "ѕвезди" гостуваа :D Се наоѓаше и по некоја журка со странска музика, ама реткост е тоа. Во 1 по полноќ завршуваат журките и сите се упатуваат на градската плажа :D Многу им е глупо тоа, треба до 4-5 барем да не затварат ама ај.

    Има и дневни журки на неколку плажи. Јас највеќе одев на Cuba Libre. Најмногу ми се свиѓаше музиката, водата беше најчиста таму и сл.

    Ти препорачувам таму да си најдете смештај. Многу лесно се наоѓа, поефтино ќе ве фати и нема како да ве излажат. На автобуската има премногу луѓе што нудат смештаи, сигурно ќе ви се допадне некој. На нас ни требаше многу време да најдеме дека бевме прибирливи. Сакавме две спални, со WC, кујна и двор, не сакавме да делиме ништо со никого. Затоа се сместивме после 4 саати од кога пристигнавме. :wasntme: Ама нема везе тоа, лесно се наоѓа. :)
    Има директна линија до таму, 2 500 денари е.
    Ако те интересира уште нешто, слободно прашај. :)
     
  2. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Dali imate nekoj privaten smestaj da mi predlozite za vo suto more? kukja,soba,stan apartman seedno..prebarav na nekolku sajtovi no nema nigde 4spalni, nie sme 8 t.e. parovi.:) pozdrav
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Лани бев на одмор во Црна Гора можам да кажам дека беше совршено.Совршено во вистинска смисла на зборот пејзжаш кој ве остава без здив морето е многу чисто.Сместувањето е ефтино а и ноќниот живот е прекрасен.Така да ако сакате да одете на одмор во Црна Гора не се предомислувајте.Нема да зажалите(можеби звучам како партиска реклама :rofl: )
     
  4. mjauculence

    mjauculence Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Здраво,кажи ми 2500 е повратна карта или? :*
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Да, да, повратна.
     
    На mjauculence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aquamarine-123.4

    aquamarine-123.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    22
    А на кое место беше?
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    89.329
    Пол:
    Женски

    Можеби оваа ќе ти помогне во зависност на кое место сакаш да бидеш ,разгледај си мислам дека ќе ти биде од помош :)
    http://www.montenegro-traveler.com/
     
  8. ani89

    ani89 Нов член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo sakam da odam na odmor vo budva. :)
    Pa me interesira kakvi se plazite vo budva ili potocno da mi kazete kakva e Slovenmecka plaza. Koako se dvizat cenite vo budva vo marketite, vo kaficite, vo diskotekite, vo restoranite i kakvi se cenite na plazite. I spored vas koja plaza e naj ubava vo budva. preku koja agencija odevte, koja e najbezbedna i najeftina agencija. I dali imate predlog za smestuvanje. ;)
    Vi blagodaram :D
     
  9. bassical

    bassical Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    10
    Дали може да ми каже некој колку е влез во трокадеро и топ хил, и колку е кога "гостува" некој? Бидејки предпоставувам дека се различни цените. :)
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Херцег Нови (на границата со Хрватска) :D
     
  11. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Кажете ми мислење за Будва? Некој со искуство...како се движат цените, какви се плажите и слично? :)
     
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Според Мене Будва е место кое никого не би го оставила рамнодушен .. без разлика дали одите со друштво или фамилијарно ќе си помините преубаво.плажите се прекрасни но водата е поладна за разлика од Грција .. цените како и секаде во зависност од тоа во кој дел од летото одиш .. се надевам помогнав барем малку
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    112
    Некој со посвежи информации во врска со Будва? Цени на сместување, храна, пијалок, лежалки, маркети? Одам прв пат и не знам ама баш ништо.. само отприлика ми имаат кажувано пријатели кои биле поодамна. Благодарам однапред :)
     
  14. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    Девојки.. Со дечко ми сакаме да одиме во Бечичи, од причина што си има убави спомени од таму.. е сега гледав понуди низ агенцииве ама ако може и некој да ми каже како е таму. Во однос на цени, дали е скап смештајот, храната, дали е забавно или мирно итн. Дечко ми бил многу оддамна, пред 10год со неговите родители па не е сигурен дали е се исто.. Ви благодарам однапред :inlove: :* :rofl:

    инаку не би било лошо да слушнам и мислења за сутоморе.. која од овие е подобра дестинација? :*
     
  15. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    за бечичи ич да не се мислиш,цепај преубаво ке си поминеш
     
  16. aquamarine-123.4

    aquamarine-123.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    22
    А од будва до бечичи блиско ли е да се оде пешки или пак има си и превоз за до таму?
     
  17. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Во Црна Гора сум речиси секоја година на одмор и ја знам повеќе од нашава Македонија. Будва последниве години важи за т.н монденски град и цените се малку поскапи од другите места. За млади е многу убаво, има одличен ноќен живот, клубови и кафулиња на секој чекор покрај плажите. Музика има за сечиј вкус од трубо фолк до техно журки. Е сега за цените, лани на пример една лименка кока кола купена во мини продавничка покрај плажа чинеше 2 евра. Ама затоа на шеталиштето парче пица беше 1,5 евра и вредеше како три парчиња кај нас. Лесковачка скара има на многу места, цените се од две евра за сендвич со плескавица па нагоре. Во продавница е поевтино, цените се слични или малку поскапи од кај нас. Словенска плажа е во самиот град и има доста гужва. Има забавни активности на пример одење по вода, а ти си затворен во голема топка, параглајдинг, јапонска масажа на плажа... Могрен е според мене е поубава плажа. Ако имате превоз (или можеби има организиран) ви препорачувам да ги посетите плажите Јаз и Трстено. Јаз е голема плажа, чиста и во секое време може да најдеш место за пешкир. Трстено е помала, ама е прекрасна, сместена во залив опколен со шума, а морето има тиркизно плава боја. И уште една плажа која е преубава, а може да ја посетите ако сте со кола е Плави Хоризонти во близина на Тиват. Најситен песок, топла и кристално чиста вода и многу плитка, треба да се утепаш од одење додека дојдеш до длабокото.
    Херцег Нови како град е преубав, меѓутоа плажите се каменести. Водата е чиста. Кој сака да си одржи добра линија може да оди таму. Градот е на рид и за да дојдеш до плажа треба да се симнеш по многу скали (а на враќање да ги искачиш). И таму по маркетите цените се слични како кај нас. Лани таму една баничка во пекара на пазарот чинеше 1,2 евра, ама двајца можеа да се најадат од една. Кафето и сокот во кафуле се нешто поскапи од кај нас, нес-кафе чинеше 2,5 евра, а кока кола 2 евра. Сладоледот (без разлика дали е во фрижидер на стапче или топка во кафуле е поскап од кај нас). Топка сладолед чинеше околу 0,8 евра, а оние на фриком беа 20-30 денари поскапи од кај нас.
    Сутоморе сум била само еднаш на поминување и тогаш имаше многу гужва и трештеше музика на сите страни. Бидејќи сакам помирен одмор, мене не ми се допадна. Ама цените за сместување се поевтини отколку во Будва и Херцег-Нови.
    Бечичи исто така важи за малку помонденско и убаво мало место. Може пешки да се оди до Будва, блиску е, има пешачка патека. Мислам дека растојаните од Будва до Бечичи е околу 2.5 км. Во близина на Бечичи се и местата Рафајловичи и Пржно, имаат убави плажи.
    Во Петровац сум била повеќе пати и сум заљубена во тој град. Повеќе е за фамилијарен одмор, нема дискотеки да ечат, има убаво шеталиште, ресторани и по некое кафуле. Цените и тука се слични како и во другите места, сендвич со плескавица 2 евра, парче пица 1 евро ама тенко е парчето, пецивата се од 0,6 евра па нагоре, пивото од 2,5 евра па нагоре. Има голем хипермаркет во центарот и сите таму пазарат. Лежалките и чадорите за на плажа се со различна цена, од 5 евра па нагоре. Претходната година во Петровац беше 10 евра за чадор и лежалка (ама не на градската плажа, туку на една друга, Лучице се вика и е преубава). Навалицата на туристи од бившиот СССР придонесе да почнат малку да ги покачуваат цените. Но, убаво е тоа што на сите плажи половина од просторот мора да биде слободен за луѓето, кои не сакаат да користат лежалки.
    Тиват и Бар се поголеми градови, немаат убави плажи и немаат знаменитости, ама ако се наоѓате во близина и имате кола, можете да одите и да пазарите таму (зборам за луѓе кои се со деца и имаат потреба од често пазарење)
    Котор е многу убав град, одалечен 25 км од Будва и ако имате прилика посетете го. Нема убави плажи во градот, ама изобилува со знаменитости.
    Чањ не го препорачувам, плажата е убава, со покрупен песок, водата е чиста, ама нема каде човек да се прошета. Исто така во сред лето кога има гужви често снемува вода. Проблеми со водоснабдувањето освен во Чањ, има и во Херцег-Нови во повисоките делови. Голем број од куќите во повисоките зони си имаат свои резервоари, ама сепак прашајте си и за тоа кога барате сместување.
    Ако мора да направам поделба ќе биде вака: Херцег-Нови и Котор - имаат историја, старите делови од градовите се преубави, ама се малку поскапи. Петровац - помал, нема стар дел, само една тврдина, ама и тука летува пофин свет. Истото важи и за Бечичи, Пржно...Чањ и Сутоморе се малку пониска класа, ама и поевтини. Значи зависи со која цел одите, дали за журки и дискотеки или за пливање и сончање.
    Ете тоа би било надолго за приморските места во Црна Гора. Мојот најдобронамерен совет е да побарате сместување штом ќе стигнете таму, а околу купувањето на храна, прашајте ги мештаните. Тие ќе ви кажат кој маркет има најповолни цени или каде да купите сендвич/пица/гиро. Луѓето се можеби стварно малку мрзливи, ама се пријателски настроени кон нас Македонците. Ќе сретнете и многу Македонци, кои работат по кафулињата и рестораните таму. И речиси насекаде освен на црногорски, натписите се и на руски јазик, поради се поголемиот број Руси, кои тука купуваат имот и остануваат да живеат. Ви посакувам убав одмор!
     
    На Lolipop23, nekoja85 и KittyT им се допаѓа ова.
  18. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Девојки значи ние со дечкоми и уште еден пар ама посигурни сме двајцата сакаме сутоморе да одиме првпат одиме,гледам пофалби има,па да ве прашам акко се движат цените за смештаи на крајот на јули месец и почетокот на август бидејќи тогаш планираме да одиме ?
     
  19. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Може ли некој да ми предложи број за смештај во Сутоморе,али да не е многу скап?и ако може да ми кажете како се движат цените за храна во маркетите?
     
  20. SM12

    SM12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека можеш да најдеш за 10-12 евра од човек. Двокреветните се поскапи од тро или четворокреветни.

    https://www.facebook.com/smestaj.sutomore.3?fref=ts разгледај тука, и овие се нешто околу 10тина евра мислам дека. А цените во маркетите биле приближно како кај нас, малку повисоки, освен овошјето што е доста поскапо.