1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна Гора

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од brunete, 26 јуни 2011.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Девојки, уште едно прашање.. има често превоз од сутоморе со автобус до чањ, будва? Која е цената до двете места?
     
  2. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Еве линк со информации за превозот.
    http://www.balkanviator.com/sr/red-voznje/sutomore-mne/budva-mne/28.07.2014-0-28.07.2014-0
    Тука има и локални (црногорски) превозници и меѓународни. Најдобро ќе биде да си прашате на автобуската во Сутоморе за точниот возен ред, а за автобуси, немај гајле сигурно има често. Не само поради туристите, туку и поради мештаните, бидејќи на пример заради работа патуваат од Сутоморе до Бар или до Будва секој ден. За релација Сутоморе-Будва оди директно од автобуска на автобуска станица (сигурно по пат застанува во повеќе туристички места). А, на пример ако сакате да одите до Чањ, прашајте дали влегува доле во гратчето, бидејќи ако ве остави горе на магистрала има да пешачите едно добри пола саат најмалку, за од магистрала да се симнете во Чањ. Ова од искуство го кажувам ;)
    За цените не знам за Сутоморе-Будва. Ако одам по логика дека Петровац-Будва е 2 евра во еден правец (17км), од Сутоморе до Будва (30 км) не би требало да чини повеќе од 3 највеќе 3.5 евра. До Чањ може да е и 1.5 евро, бидејки се блиску
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Се вратив од Петровац. Си поминавме супер. Превоз до другите гратчиња има, колку им е цената незнам баш, зошто не користев. Знам до Будва беше 2-3 евра. За крадење нешто не осетив страв. Си го носев мобилниот на плажа, ние сите во вода, не се случи ништо. Носевме и лап топ, кој стоеше во соба, и се разбира пари и пасоши, заклучиш соба и тоа е. Имавме газдарица џандар, се регистрира, така да немаше простор за стравување :lol:
     
  4. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Сутоморе, Буљарица, Будва, супер поминато време. Во Буљарица само не ми се свиѓаше, бевме сместени во кампови никакви и плажата не беше блиску, повеќе за фамилии некако. Убаво е, пак би одела, само патот..:doh:
     
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Друштво дајте некој контакт за сместување во Суто Море,Чањ, Будва, или Бечичи, барам евтин смештај за мене и за дечко ми за првата половина во Август, како што прочитав има доста од вас кои со години идете во во Црна Гора, па ако имате некој контакт пишете ми.Благодарам однапред!
     
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Стварно ли во Бечиќи се наплаќа влез на плажа?
    Најдов смештај за 10 еур по лице ама за плажата прочитав дека се наплаќало од 5-10 еур, точно ли е?
    Дали мора да се користат лежалки или има простор за крпи?
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Не се наплаќа влез сигурно и убава е плажата и водата. Мене многу ми се допаѓа населбата. Инаку се плаќаат лежалки 10 или 8 евра две. Ама ако побарате може ќе најдете некое местенце за крпа.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Нашиот избор оваа година падна на Херцегнови, одиме фамилијарно со 2 деца, па ме интересира како е со цени по ресторани, бидејки ке немам многу време за готвење а секој ден супа и макарони не ми иде :)
    По ова што го прочитав многу скапи лежалките, не е како во Грција кафе и гратис лежалка.
    Е сега не се песочни плажите и е подалеку ама барем ќе прошетаме малку, доста беше Грција:D
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Дали може да се оди во Црна Гора преку Албанија со лична карта?
    Планираме да одиме со автобус, од агенцијава ни рекоа може, но пак не сум сигурна па реков да прашам тука некој што бил, ми е страв да не ми прават проблем.
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    За 1700 ден. не се исплаќа да си расипеш одмор.:shake: Ќе поминеш толкав пат за да дремеш по граница. Не знаеш што може да се случи и како може се да се искомплицира. Извади си пасош за да си бидеш на сигурно.;)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Со лична карта само сигурно не. Вади пасош, бараат обавезно.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Може.Пред две години имаше патници со нас што така поминаа на граница.
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Лани јас бев и на сите пасоши ни бараа. Ама миневме Косово Албанија Ц Гора.
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Може, кога бев во 2013та некои од друштвово така поминаа на албанска граница. Без гајле. :)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Македонија - Албанија - Црна Гора може на лична карта.
    На Косово мора пасош.
     
    На anichka94, kjukli и Elena69221 им се допаѓа ова.
  16. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.437
    Дaли мoретo би билo зaтoпленo oд 1 јули? И дали има некои тури од Сутоморе до Чањ, Будва, Котор, Св. Стефан... Некој со повеќе искуство да ми предложи кои места вреди да се посетат :)
     
    Последна измена: 1 јуни 2015
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Морето е топло купачка сезона е веќе на велико почната.
    Од Сутоморе до Чањ имаш на секој саат минибус, оној Медитеран Експрес.
    Будва смрди на турбофолк, и јас никогаш таму на одмор не би отишла, покрај хаосот од гужва што е започнат уште пред месец, настрана што е скапа.
    Котор вреди да се посети како историско место, тврдината е прекрасна и одозгора да го гледаш заливот е прајслес, ама немаат добри плажи, уствари немаат плажи никако. Има на тие приградските населби, со оглед на та што Котор е поскап и од Будва.
    Во Херцегнови сум била само навечер, така да незнам што да ти кажам, градот како град е убав, сличен на Котор, ама незнам што да ти кажам за плажите.
    Сутоморе е мало, и пренатрупано, особено во шпицот, и исто како и Будва смрди на турбофолк, од прста причина што србските певалки се овде во ЦГ барани доста и си ринат на приморјето во текот на целата сезона.Плус Сутоморе смрди на кебапчиња и плескавици во радиус од 2км.
    Чањ е убаво место за фамилијарен одмор со мали дечиња, плажата е убава и плитка, мирно местенце е и така.
    Мене ми се допаѓа Добра Вода, Велики Пјесак, Утјеха, малку понастрана од градската бука и вика, плус таму нема турбофолк во толкави количини, претежно се Руски вили и мирен народ, а убаво е. Во главно има доста понуди, немора да бидеш стриктно во град сместен, големо е приморјето, и зависи со каква цел идеш. Дали ти е целта плажа море и бањање или нешто друго.
     
    На Giovanna и Isabel им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Демантирам за турбофолкот во Будва. Ако некој сака турбофолк ке си најде такви место инаку нема шанси да е турбофолкерско. Какви журки и ди џеи има таму преку лето топ.
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Има, не дека нема, ама турбофолкот ти е таму на прво место. И ечи кроз цел град. Будва е турбофолкерска во глобала, исто и Сутоморе.
    Живеам во Црна Гора, затоа и знам.
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.437
    Сакаме и да се одмориме, но покрај морето, бањање сакаме и да прошетаме. Па ако сме стационирани Сутоморе би сакале да појдиме Будва, Котор... па и до Дубровник да прошетаме. Од 10 дена да речиме 2 да ни се за шетање.