1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна ружа

Дискусија во 'Религија' започната од macedonec15, 21 јуни 2015.

  1. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Не најдов ваква тема па да поразговараме за оваа сатанистичка секта која се занимава со дилање дрога самоубиства и така на таму.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Се работи за урбан мит чие потекло датира од времето на СФР Југославија. Почетокот на 80-те во Загреб постоеше популарно кафуле - ноќен клуб Crna Ruža. Дел од тогашните комунистички политички елити загрижени дека младината би можела преку сè поголемиот продор на холивудски филмови, рокенрол, панк и сл. да почне да се приклонува кон запад, лансираат приказни дека имало некој клуб на наркомани-самоубијци кои носат долги коси, мењѓуши и што е најстрашно се тетовирале и носеле фармерки. Целта била со таквите приказни да се влијае врз родителите да ги контролираат повеќе своите деца да не забегаат по западни води(да не слушаат таква мзуика, да не се облекуваат како наркомани во фармерки, да не носат долга коса и мењѓуши и тн.), идеолошки верни да и останат на тогашната политика.

    Со текот на годините политичкиот систем се променил но приказната за клубот се претворил во приказна за некаква секта, која досега никој не ја посетил и не ја видел но важно сите сè знаат за божемното „постоење„ на истата. Во хрватска има неколку психички пореметени личности кои уживаат да се претставуваат како божемни стручни луца за секти и ги раскажуваат своите смешни небулози низ медиумите таму, потоа тие глупости непроверено се копираат во останатите медиуми па стигаат и во Македонија истите неверојатни рекла-кажала приказни.
     
    На photograph, ebola, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Еднаш влагаш во секта нема назад.
    Црна ружа е сатанистичка тајна група воедно и најстрашна секта .Обично членовите тетовираат крстови на нозете ( за да газат по христијанстовото( , јадат еден вид колач потопен во крв од сите членови го јадат тоа додека ја кажуваат Оче наш наопачки после тоа прават оргии, земаат хероин.
    Ако сакаш да станеш член на групата треба да преноќиш на гробишта, и обично не секој може да влезе во оваа секта .



    Ја читаат сатанистичката библија
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    На ви еден извадок од нашиве ценети портали/весници.
    Објаснувањево идеше во продолжение на текст каде студентка што се самоубила, имала црн конец во раката.
    Идемо...
    Тоа е тоа. Само уште фали делот дека слушаат хеви метал и имаат црни нокти.

    Извадоков „...самоубиството е трета причина за смртност“...А? :?:

    Ај фино...ама еден што не се најде идеологијата да ни ја објасни.
    Мислим, имаме адвентисти, имаме јеховини, телемити...ама бар они кога проповедаат, знаат зад што стојат. А овие, што? Ги замислувам ко тајно братство од типот на оние во Eyes Wide Shut, со маски, врзан музичар, оргии и жртвувања во 6 часот, 6 минути и 6 секунди.
    Уствари, имаше типац што тврдеше као собирале посиромашен народ и ги снабдувале со брашно, шеќер, јајца, итн. основни работи, нешто ко социјално, ама и тој не објасни што им е целта.
    Ваљда нешто ко фетиш да размениш човечки живот за кило брашно.
    И секогаш се хит оние „Исповед на бивш член на таа и таа секта“. Мхм, важи.
    И после некој што тресе вакви ноторни глупости пред светот, ти иде со „аргумент“ дека црноружците биле на дроги. Нека не ве ребраат. Попаметни сте од тоа.
     
    На theowndemon, Valerin, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    не ги разбирам ваквите секти ..во мојата околина не познавам никој таков т.е во градот во кој живеам ....дали некој нормален би се приклучил на вакво нешто стврно?
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас сум прилично сигурна дека ова е само урбана легенда.
     
    На buba4e89, Sanjichka007, ebola и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Каква урбана легенда, јас сум член на Црна Ружа веќе четири години по ред. Кој има било какви прашања нека ми се обрати мене.
     
    На ALISA0000, HarleyQuinn, Trnche и 10 други им се допаѓа ова.
  8. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    ајде еве штом си член раскажи ни ја твојата сторија зошто се одлучи да влезеш ..како влезе ...што правите итн ..
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    ^ Јас сум заинтересирана за колачот со човечка крв, рецепт ако може? :rofl:
     
    На blackwave, Sunshine.Sunshine, 1slavjanka и 16 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Те зафркава бе... :D
    Од каде оваа информација? Црквата на Сатаната е засебна верска организација (во САД легално дејствуваат, но не убиваат луѓе и сл.) и немаат ништо заедничко со приказните за Црна Ружа.
    Па нормално дека е урбана легенда! Како тоа прислушкувани снимки од моќни политичари се откриваат и се превземаат мерки а за ова смрдљива ружа полицијата појма нема, никој ништо не открил (освен вака на форум)... а текстот calliope што го пренесе погоре демек знаел новинарот дека имале 350,000 (facepalm) следбеници низ балканот - па Јеховини сведоци немаат толку (едвај имаат 91,000 крстени на балканот), во Харе Кришна движењето немаат толку симпатизери (да не зборам за иницирани следбеници) - ги наведувам како пример овие две верски заедници затоа што и двете имаа активна мисионерска дејност на балканот особено 1990-те.
     
    Последна измена: 23 јуни 2015
    На Sunflowers, Valerin и crimson им се допаѓа ова.
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    ајде чекаме валерин да каже што и како ...
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Изволте. :D

     
    На simonna.a, Kukla994, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Не легенда ниту мит за сектата Црна Ружа
    Прочитајте ја Децата на ѓаволот - Дитас,Црни Анѓели -Бранимир Петрановиќ
    Целта е да се жртвуваш за нивниот бог,тоа се одредува со жрепка влечат конци и кај кого ќе падне најмалиот конец тој е следната жртва , тој што ќе се жртвува на другиот свет според нив ќе го прати добро цело време.
    Ова е вид на перења на мозокот.
    Обично тие ве бираат вас не вие нив не ги интересираат обичните деца и луѓе,бараат емотивно нестабилни,интелегенти луѓе. Обично главните таму се психијатри,психолози за да можат подбро да влезат во психата на вашиот мозок.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Начинот на изразување е ужасен, како и самата содржина на книгата.
    Човекот само имал бујна фантазија, која очигледно не знаел разумно да ја искористи, и тоа е тоа. Не се бламирајте со вакви изјави, сериозно. Каква Црна Ружа, какви глупости.
     
    На daylight и crimson им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе цеди таму влошките :D
     
    На Lolo5, girl2, Anacid и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    хахах ѕвер си @Hipica
     
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    И ние во сектата еднаш пробавме да влечеме конци, ама се замрсија, па сите по ред не потепаа. :/
     
    На simoncelicius, Someonespecial, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Објасни што конкретно правите таму за што залагате кои се вашите цели дали се занимавате со самоубиства и зошто сте верни на некој гуру кој мисли само за себе . Излези од таму што побрзо еден ден тебе ќе те натераат на самоубиство размисли дали за некои сакаш тоа да го направиш.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Размислувам еве, ама датумот на кој треба да го извршам убиството се ближи, и ако не се ликвидирам себе си сама, овие од горе ми се закануваат дека ќе ме врзат за дрво, и како последен поздрав околу мене ќе го изведуваат ритуалниот танц со песната Миле воли диско од Брена. Помош.
     
    На rose60, MissAlena, martine и 23 други им се допаѓа ова.
  20. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    валерин мислам дека нее вкусно да се зафркаваш ...ама сепак ти си знаеш.....