1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна ружа

Дискусија во 'Религија' започната од macedonec15, 21 јуни 2015.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Јас разбрав нуделе купони со попусти по избор ако се зачлениш. Сега за летните попусти им почнувало од утре, па планирам да се распрашам кој им е поглавар овде.
    Ситно нешто се донирало за влез во сектата - прст, химен, око... Јас мислам вреди за една ташна од $10,000 на попуст. :?:
     
    На simoncelicius, Valerin, Trnche и 6 други им се допаѓа ова.
  2. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Луѓето што се самоубиваат не дека се жртви на сатански ритуали туку тие се криминална банда пример ако ги знаеш нивните тајни ќе те натераат да се самоубиеш ако не се самоубиеш тие ќе ти го најдат крајот.
     
  3. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Имав задача да истражувам за оваа секта, па овие се некои од работите што ги знам:

    - За време на своите ритуали пијат крв (човечка или животинска)
    - Си ги жртвуваат животите на тој начин што фрлаат коцка. Поглавните членови на тој што ќе треба да си го одземе животот му испраќаат писмо на кое е нацртана црна ружа и е испишан датумот кога треба да го стори самоубиството
    - Спијат во мртовечки сандаци
    - На стапалата имаат нацртано крст, за да го прегазуваат кога одат
    - Се облекуваат во црна облека
    - Имаат сфаќања дека по смртта следи поубав свет, па затоа има многу случки на доброволни самоубиства на членови од оваа секта
    - Придобиваат членови преку делење на примероци од книги со содржини кои се примамливи за луѓето
    - Се собираат на гробишта, во некои дискотеки, во напуштени складишта и во приградски шуми
    - За време на проповедите сите членови конзумираат дрога, и под надзорот на лидерот, влегуваат во транс
    - Доколку некој се предомисли и сака да ја напушти сектата, одбие да го направи самоубиството, сектата го зголемува притисокот, вклучувајќи и телефонски закани дека тие ќе го направат она што на сатаната и е ветено. Па затоа, кој ќе влезе еднаш, нема враќање од таму.

    Навистина морбитно :worried::worried:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    А кога имам менструација, дали тие денови смеам да отидам да се зачленам, бидејќи логички е дека ризикувам да ме изручаат, па ќе ги направам луѓето и канибалисти.

    Кои гробишта, кои дискотеки, кои складишта, кои приградски шуми (баш приградски? не се собираат на некои планини, или градски парчкиња, селски шумички или мора баш приградски?) Не исплаши сега, прецизирај ги местата, да знаеме кај да не се движиме.

    Секоја чест за студијава, а која стручна литература ја користеше или правеше увид на лице место?
    Кој ти дал задача да истражуваш секта? За да ти бидат веродостојни наодите, треба самата да се инфилтрираш меѓу нив, ако воопшто постојат.
     
    На Hipica, tessie, ebola и 5 други им се допаѓа ова.
  5. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Не збори во множина. Ако тебе не ти се верни овие информации, распрашај се, истражи си сама. Ова е тоа јас што го знам околу сектава. Поздравче :D
     
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Така поодамна читав у новина за некоја девојка која шо спиела у сандак наодно мајка и ја фатила и ептен се загрижила па побарала помош да ја отргне керката од таа секта...
    Нема да навлегувам у тоа дали ова е точно или не само споделувам
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Камо слики, видеа? Селфи?
    Ебати студиите, некомплетни, сега ќе морам сама да истражувам :D

    @DeepBlue е како ја фатила дека спие во сандак, освен ако имале мртовечки сандак во подрум.:D

    Ова ме потсетува на времето кога бевме помали, со братучедките коа влегувавме во филмови дека во некоја куќа во нивно маало се собирале од секта, може и оваа била, па како сите биле голи, јаделе овошје од голите тела, се дрогирале. Тогаш можеби ми било страшно, како што ми беше страшен и еден филм-децата од пченката (facepalm)
    Мора нешто да се измислува, да се преувеличува, да се плашат децата пред спиење, дека ако не се мирни ќе ги папа црна ружа.
     
    На Valentina.Vaki, Hipica, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    наводно под кревет го криела, ни самиот несум уверен у ова затоа реков нема да разглабам околу тоа колку е точно
    иначе струмичани доста се по сектите барем таков впечаток иам добиено
     
    На Lambada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Нема логика да има слики, видеа и селфи кога и самите се кријат. Ако не би се криеле зарем ќе постојат сеуште? Ако толку мислиш дека не е така, зачлени се, па кажи ни како е, зошто само тогаш ќе бидеш сигурна :lol:
     
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    јас незнам некој од мојот град да е во секта и дека има вакви во струмица ....до сега ке разберевме ...
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Секоја чест како успеала да го набави, да го внесе дома па и да го сокрие под кревет сандакот.
    Немој така за струмичани, ако Заев е секташ не значи дека е цела Струмица :D

    @neongirl07 е како нема слики, селфија, видеа? Па на почетокот од темава имаше некој постирано слики од ритуали, или тоа од некој филм беа извадоци?
    И зошто да се кријат, ако сметаат дека е исправно тоа што го прават, дека е нормално, законски, морално исправно?
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    пих еден куп нововерци има кај вас
     
    На Lambada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    за црна ружа не сум слушнала ....за др да ...
     
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сеа не викам дека се баш таа правата секта црна ружа али да не те чуди можда има т идоти што си мислат дека се у таа секта и глумат лудило и се водат според некои работи што ги прочитале на нет за оваа секта
     
  15. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    па можеби има некој ама во моја близина нема не познвам никој таков....за јеховни сведоци знам дека има дали се вбројууват во групата на секти незнам ....
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    А како ги доби информацииве? Сериозна сум.
    И кај може да се купи сандак? За научни цели ми е :D
     
    На Sanjichka007, ebola и mirandaa им се допаѓа ова.
  17. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто се замарате за сектава, која дури и во случај да постои не треба да не интересира? Ако имаш здрав разум не се мешаш во вакви работи, ако немаш прави што сакаш...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Имам слушнато за оваа секта и гледано да речам документарни филмови во кои се прикажани серија на извршени убивства и самоубиства и извршувана е анализа и поврзаност е најдена со оваа секта .Во овие филмови беше прикажано сведоштво на мајките на самите жртви со запрепастувачки информации затоа како дознале дека нивнните деца се членови на секта и што се случувало по смртта на нивните деца. Тоа што верен праша како може некој да те наведе да си го одземеш животот по мене се работи за лесно подводливи личности и најчесто се користат осетливи моменти и никој од нив не е нормално разумен затоа што под претпоставка е на некоја дрога во момент на вршење на чинот и ритуалот што го изведуваат со колачот, со сандакот не се ни свесни што прават од прилина што и тој што им е подводникот или организаторот е добар манипулатор и знае како да им влијае врз психата. Јас реално не би сакала да верувам дека постои ова секта би сакала да е легенда или мит но по сите самоубиства и убиства што се имаат случено и кои се доста мистериозни по тоа што имам читано книги како што некој ја посочи книгата од Дитас Децата на ѓаволот и гледано филмови документарни , истражувања за самоубиствата како социо-патолошка појава која меѓу другото како причина за најголем број на самобиства ја поврзуваат со сектата Црна Ружа голема е веројатноста дека оваа секта некаде постои и е широко распространета .
    HarleyQween не се замараме само дискутираме , споделуваме ставови, мислења од причина што секој може да биде заведен или жртва на вакво нешто дали поради наивност, љубопитност или празноверие.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    јас ако некогаш влезам во некоја секта тоа би било од љубопитност, не од верување или идеологија, туку чисто од љубопитност и на крај големи се шансите да го окркам. кога бев во унгарија за малце ќе ме повлечеа али кога ми побараа пари сфатив колку е саат (facepalm):)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Од кого ја доби таа задача? И на кој начин точно истражуваше?
    Како се викаат конкретно тие книги?
    Благодариме однапред на одговорите!
    Објасни што мајка сте барале во Унгарија. Инаку веројатно сте влегле во католичка црква по грешка. ;)

    [​IMG]
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На Sanjichka007 и ebola им се допаѓа ова.