И јас би сакала да знам како се викаат книгите. Да се размениме. Ама не ми се верува дека ќе сакаат. Им нудев и на јеховини они мене нивните книги да ми ги читаат, јас на нив хемија. Не сакаа и си отидоа одма.. И како бе така истражувате? Што истражувате? Ако се толку добро организирани и функционираат со години, а никој не знае кои се и што прават, не може да се истражат, а да не се инфилтрираш меѓу нив. И утре некој ќе го чита ова и ќе каже истражував. Исто ко некој кога ќе ми даде семинарска со линкови од википедија.
Луѓето се склони да донесуваат заклучоци без да бидат поткрепени со докази. Не може да се тврди ни дека постои ниту дека не постои конкретно ваква секта. А секти постојат, а и многу изопачени луѓе кои ги водат. А за девојката погоре не знам што толку ја нападнавте. Таа не рече дека направила научно истражување па да мора да се вклучи во сектата сигурно истражувала како тема за семинарска или слично.
@daylight на шетање со една другарка, приога типац, убав, плав, почињаме дружба, упознавање, ај ваму ќе ве носам, ај таму, и на крај ај нешто за ова донации, за она, ајде чао. у рок од една недела се дешава ова. инаку и во америка ќе ме прибереа во една црква, хахах леле кога ќе ми текне... не знам што христијани беа, али го памтам само ликот н а менаџерот кога му кажав дека сакам да одам, да видам како е... ауу хаха на клоци ќе ме дигнеше додека да ми ја тргне мислата од одење и да ми објасни дека се лудаци
Од школо имав задача. За книгите не знам што ви е чудно и како не ви понудиле некој примерок и на вас, посебно ако сте од Скопје. Мене многу пати ми имаат давано, но моите не ми давале да ги земам, затоа не знам како се викаат. Инаку не реков дека сум сигурна за ова што го кажав, така што ќе ве замолам да не се напнувате без причина
каква црна ружа какви бакрачи , да имаше такво нешто ке ги знаевме по име и презиме , црна ружа настанала според некој локал во времето на СФРЈ и таму најчесто таму се береле лица кои имале тетоважи , кои конзумирале алкохол , рокери што се облекувале во црно , што за тоа време било чудно и неприфатливо и ги нарекувале секта , тоа со самоубиствата е чиста глупост , кој може некој да го натера да се самоубие ако си е стабилем и не сака ??? Некој што ке се самоубие и одма луѓево велат во некоја секта што немат врска , времево мн е напредно и сега нас не ни е чудно да видиме металци во црно , наркомани и сл. што во СФРЈ биле нарекувани секташи . Само глупо ми е што со вакви филмови можете младите кои се во пубертет да си го земаат ова здраво за готово и да забегаат и да си прават секти
По кој предмет? Во основно или средно школо? Јас не реков дека ни е чудно туку те прашав како се викаат тие наслови. И од каде знаеш дека тие книги се од Црна Ружа? Тоа е и проблемот. Првин требаше да кажеш дека не си сигурна уште во првиот пост, а не после неколку поста. Инаку ние не се напнуваме, туку преку прашања и одговори едни на други си даваме можност заеднички нешто повеќе да научиме.
Ааа ни мене книга не ми дале секташиве сакам и јас Ми снема литература за во веце. Кај ми раскина дечко ми, ни сективе не ме сакаат еј, ќе одам и јас ќе се фрлам од некаде па ќе си речете ете ја Харли од црн трендафил!
можеби таму некаде далку од нас постои нешто вакво да имаше овде ке разберевме...ме интересира што има слики ,видеа податоци за самоубиства ако си челн на секта и ред др ствари некој ги измислил или што?
Пази само да не се запалиш многу фрлајќи се Ништо значи од податоци, цело време читам си викам ај може ќе ги откријат насловите на книгите, може во пдф верзија ќе ги закачат, ама ништо.
Јеховидниве сведоци се големи досади. Пред еден месец дојдоја ги примивме внатре рекоа на пет минути останаја три часа три часа повторуваја едно исто
Ние во комшии имаме една од јеховини сведоци, знам само дека не слават родендени оти грев им било и одвај чекаат да умрат лол
јас иам другар у секта поточно имав сега е отргнат од нас, го навлекоа дедо му и баба му... они кога ке умре некој не плачат веруваат дека идат на подобро место, мн се против тоа кога се венча некој или умира што се даваат пари на поповите кај нив тоа нема, немаат ни икони колку што знам али мирољубиви се, не пцујат, не пијат и мн др работи кои доста ги поштуваат