Не верувам дека е уценување. Тоа е долгогодишен процес. Приеме 5-6-7 години членство кое сигурно влијае на психата. По извесно време сигурно им е нормално тоа?
Да може и тоа е, ги убедуваат дека ако се жртвуваат за сатаната нешто ќе добијат после смртта. Ја гледав амерички исповеди од бивши членови на сатанистички секти, тоа е језиво што прават, пијат крв, имаат секс со деца, некогаш жртвуваат некој од членовите и еден член кажа дека и сатаната се појавувал што ја искр не верувам али језиво у секој случај.
Ова е долгогодишен манипулативен процес. Со тек на време навистина мислиш дека твоето жртвување или самоповредување му служи на Сатаната. Ова е црпење на енергија, самоуништување и повреда на сите околу себе. Болката - емоционална или физичка, преставува храна за личностите околу тебе кои се во исто семејство (култ). Дупката во психата е уствари начинот на кој можеш да осетиш среќа или заситност - а доаѓа само во форма на повреда. Затоа постојат Сатанските култови (зборувам на тие што изведуваат ритуали и физички активности, не Лавејскиот сатанизам во кој се возвишува знакот на Сатан преку збор)
Не можеш да знаеш кој е член на култ, едно од правилата е да не зборуваш за тоа, како што знам јас. П.С. Со мене имаше девојче едно, пред многу години, што тогаш не мислев дека е чудна, ама денес од памет се вадам кога ќе ми текне каков и беше животот. Телефон немаше, уствари, еден отепан залепен нокија само со броеви на мајка и татко, во школо ја видов само два-три пати во една година, после ја снема тотално. Ја распрашав малку околу семејството иииии дознав дека сите исто изгледаат (не би да објаснам физички изглед, али многу беше заебан, само то ќе речам) и дека не користат телефони (освен нокијата распакован стар) телевизор НИКАКО, музика ич, не сакаше да каже што работаат нејзините, 99% од времето гледаше у една точка и ќутеше. Тогаш си мислев ејј колку интересно, си живеат онака без негатива од надворешниот свет ама сега кога ќе се навратам...нешто дефинитивно не беше во ред. Не викам дека беше во култ ама дефинтивно нешто беше заебано.
А дали мислиш стварно им се појавува сатаната? Они тврдат дека се појавува кога достигнуваат кулминација на зло при ритуалите што ги вршат. И ја мислам не можеш да знаеш али језиво у пм буквално може комшијата да ти е у секта а да не знаеш... Не знам дали тие култови рандом личности повредуваат или само членови?
Не верувам дека стварно се појавува хахахаха, тоа е исто како еве за пример - христијанин да рече дека после толку молитви му се појавил Исус. Самото непрекорно верување дека битие ќе ти се појави го нагласува мозокот да биде посклон кон тоа случување. Главниот факт на активното учество во ритуали и во култови, е игра на мозокот. Со возвишување и прифаќање на дефиницијата на ликот Сатан, ти го мамиш мозокот да верува во тоа, се нудиш на самото верување, односно на верувањето кое култот - главниот член на култот ти го претставува. Освен страшната манипулација, можно е и дрогата да игра улога, затоа што е докажано дека психоделичните супстанци ти го "отвараат" мозокот кон повеќе гледишта, но и исто го прават покревок. Исто, а ова морам да го напоменам, затоа што е многу важно - недостаток на спиење. Ова е најзаебаната тактика на злоупотреба на еден човек, и често се применува во култовите како и токсичните романтични и фамилијарни врски. Спиење цел ден, а активен вечер, или само 3-4 спиење и после активно се внесуваш во култот. Науката ни дала до знаење дека што повеќе го измориш мозокот, толку полесен е за манипулација и верување на лаги, приказни и извршувања на дела кои не си ги промислил доволно затоа што си премногу уморен. За жал ова се користи многу, многу често и луѓето не сфаќаат колку всушност е опасно по самиот живот. Ова е само игра на мозок, затоа што сепак е најсилното нешто кое секој човек го поседува, и е жално што не сме свесни за самата моќ што ја поседуваме, и сепак ја даваме во раце на некој друг, кој може да си игра со неа како што сака.
Памтам како дете многу ми беше став од оваа секта. Сега кога ми текне се газам од смеење. Памтам нешто демек имале тетоважи од ружа на пета, потоа крв пиеле, се наговарале на самоубиство, седеле навечер на гробишта,... Трауми од детство ми се Не знам дали сеуште има луѓе што постојат од вакви секти или сите се умрени?
За жал, не се единствена секта од тој тип. Можеби најмногу се зборувало за нив, но ги има повеќе. Со тек на време е и полошо. Е сега народ ко народ, нешто ќе по рзе без везе, нешто ќе додадез нешто ќе одземе од приказните. Како и се во животот, така и со ова. Како и да е, нивните верувања, ритуали и се се страшно језиви и одвратни
Сакам баш да дознаам за тие ритуали. Воопшто социјални се тие луѓе? Се моли член од црна ружа да се јави на главна каса
Хаха Мене мама ми кажуваше дека ги носеле во пештери кај што имало лилјаци и дека ги наогале млади луѓе преку интернет и ги наговарале на убиство или самоубиство, бидејќи се слушна муабет дека еден се обесил од нивната секта.
Легенда не се моментално се згаснати или им е скроз намалено влијанието али 90ти и рани 2000дити беа и тоа како активни и опасни правеја разни ритуали и гадости од жртвување на животни,пиење крв, оргии, самоубиства, спиење во ковчези и што уште не со еден збор језиви беа. Памтам во основно имавме еден наставник по физичко што син му го фатил како спие во ковчег ова беше еден од многуте вакви случаеви. Среќа што ги нема веќе денес
Wideperpetual тие години и јас ги помнам и веројатно како што викаш им се намалило влијанието па немам чуено доста години нешто поврзано со нив.