не гледав вечерва па незнам дали зборуваме за истата сцена?Ако е таа каде надвор ќе го начекаат двајца кај колата тогаш не ке наиде и полиција
Мислев ќе умре кога го удри кола, али изгледа ќе му се случи нешто друго. На почеток сум уште јас жалосно што ќе умре... А најлошо е што несакајќи го прочитав овде крајот на серијава, па не можам да се тешам дека ќе биде со среќен крај
Јас го мразам Емир,ама замисли рингтонот му го обожавам,баш вчера си го наместив да ми звони телефонот на музиката од психото Емир,а пред тоа ми беше една песна на Нихан и Кемал Spoiler: Ондер Инаку Ондер ќе умре од срцев удар веднаш по смртта на Озан,ама тоа нема да го прикажат,крај на сезона ќе биде и ќе спомнат дека умрел од жал по синот
Од Zedge апликацијата го спуштив emir zizi така е пишан,едвај го најдов ама вредеше @senjorita-v Spoiler: Емир Емир нема брат,туку сестра,Асу му е сестра и таа е уценувачот всушност што му испраќа снимки за пари,рано е уште тоа да се дознае кај нас. @zarkojames И?како стручен музичар што процени? Ок е песната и изведувачот или не?
Spoiler: na kratko во последната епизода Ќемал умира заедно со Емир на минско поле.Нихан останува сама со нивната ќерка(од Ќемал).Озан ќе биде мал период во брак со Зејнеп но и тој умира.Зејнеп два пати ќе остане трудна од Емир но и двете бремености ќе ги загуби. ова најглавното и најтрагичното
Не знам зошто го прават Кемал амбициозен и циничен и што уште не,упорно сите негови блиски му се лутат за успехот и го обвинуваат како се изменил,а овој чувствува грижа на совест и дури на телевизија јавно им се извини. Значи да се разбериме,Кемал е херој,абе ХЕРОИШТЕ,нема човек ко него во ништо. Па уште и на Нихан и се извини што бил ладнокрвен и не знам ти што,а таа што не му направи,го откачи(иако го сака)без збор да му каже за што го прави тоа,па уште и навредена глуми и го споредува дека станал ко Емир
Кога сакаш некој а тој некој не ти го дава тоа што го очекуваш од него па покритичен си кон него отколку кон особа за која немаш чувства.
Почнав да го гледам на интернет , неможев да издржам на сител...ах кога ќе го видам емир така малку потресено се осеќам , ептен му е погоден ликов на глумецов.
Jaс го имам изгледано цел на интернет. И ќе го гледав пак,оти нормално поубав е филингот на турски да ги слушаш,од синхронизацијава наша кај што се дерат и пискаат ко кокошки,арно ама баш синоќа начекав дека го даваат на Хајат тв,со босански превод,игра околу 22 саатот и поназад е 2-3 епизоди од на сител,и одлучив да си го гледам таму
За целосно уживање во филмот само да се гледа на турски ништо друго И ако веќе сте го загледале не барајте да видите пред време што ќе се случува