Ова малово не ми личи на Мелек од другата серија. Не е тоа девојче така? Дали Лејла ќе ја врати назад куќата и како? @fana таа што си пишала не е жива навистина Озан ја уби или отпосле Емир нешто среди?
Не сум го гледала јас, од феминкиве тука разбрав дека таа не е жива и дека навистина Озан ја уби. Лејла ќе живее некое време со Кемал во неговата куќа а после дали ќе се врати или не, не знам. Девојчето на Нихан другарката не е Мелек.
Јас се опседнав со Кемал и Нихан, плачам како дете на секоја сцена која се работи за нив двајца, ја гледам и на интернет навечер пошо не можам да издржам до другиот ден и потоа пак на сител бидејќи не можам да одолеам Сега сакам да ве замолам за едно мало спојлерче да ми кажите како ќе успеат да бидат заедно, зарем Емир ќе доволи?
Spoiler: Кемал и Нихан Емир нема да сака да и даде развод никако на Нихан,ама Кемал ќе го уцени нешто со фирмата негова беше,не ми текнува повеќе време помина,едвај на крајот неколку епизоди ќе се заедно,ама пак ќе бидат несреќни Емир ќе ја киднапира Дениз,ќе им прави разни стапици цело време нема да ги остави на раат,ќе го киднапира и Кемал на денот на свадбата,едвај ќе извлечи жива глава Кемал.
Само да пишам , вчера ја изгледав последната епизода , се изнаплакав и официјално се откажувам од гледањето на турски серии.
Јас цела серија ја преплачив,поштено си плачам секоја епизода,особено на сцените кои ги даваат во потсетување од минатото. Преслатки ми се Кемал и Нихан. И имам чувство дека тој ја сака повеќе,цела серија го имав тоа мислење и ми беше многу жал за Кемал иако не знаев каков ќе му биде крајот. А писмото што и го остави на Нихан на крајот е нешто незамисливо тажно...тогаш не знам ни сама колку плачев и на крајот кај што си го замислува во градината...
@Rama има нова сезона. Кемал жив е,само не памти ништо. Не плачете за џабе,ќе гледаме уште турски серии
Машала,жив и здрав си е тој и си ужива со Фахрие,само што милиони фанови ширум светот останаа разочарани и мака мачат да го спојат со Неслихан