Серијава има 74 епизоди и нема трета сезона. На youtube има направено монтирани сцени од фанови како да има и трета сезона. Во серијава само актерите ми се допаѓаат, содржината ми е катастрофа а крајот не вреди ни да се гледа.
Моја грешка тогаш т.е. грешно бев информирана. Дури ми беше пуштено видео во кое глуми и жена му на Бурак,Фахрије и е на страната на Емир се тркаат со Зејнеп за неговата љубов. Ова фановиве заслепени од серииве 3сезона создадова
Жено,јас серијава уште лани ја изгледав и знам дека беа две сезони,ти ставив лајк бидејќи те сфатив дека и ти кажуваш дека е се монтирано кај Емир,ама ти озбилно си мислела дека има трета сезона. Еј што забунки им направи на жениве овде
Што е работата што татко му на Емир му бил издржувател на Туфан? Нели Емир нема брат,Асу е сестрата. И што им кажа жената за мајка му на Емир на Кемал и неговиот соработник?
Spoiler Не,Асу му е сестра,тоа со брат што се спомнува е забунка само. @CaraMia Spoiler Галип го земал Туфан да го издржува т.е да му даде поубав живот демек за возврат неговата мајка т.е тогашна слугинка да молчи за тоа што видела како Галип ја турка жена му од терасата.Не му кажа на Кемал ништо посебно таа жена,освен дека мајка му на Емир била чесна жена,и дека Хаки и помагал само а не и бил љубовник,ама Кемал сеуште не знае дека за Хаки се работи.
@Rama а зошто воопшто биле разделени Емир и Асу? Галип се сомневал жена му го варала и Асу дека е од друг маж или што е работава?
Ватттт? Како тоа сестра му го уценува.Уствари има логика.Асу го сака Кемал а Емир му наштетува на Кемал makes sense али крв није вода јбт. Некој да разјасни малце во спојлер.
Озан ќе го затворат ли?? А навистина Кемал ќе избега со Нихан? Што ќе се случува? И нели ако на снимката изгледаа дека е наместено убиството има друга снимка од друг агол која покажува дека стварно Озан пукал,така?
Spoiler Мајка му на Емир избегала од Галип,се запознала со Хаки,ама немало ништо меѓу нив,тој само и помагал да избега од Галип,се породила со Асу и му ја оставила на Хаки да ја чува,се вратила по Емир да го земе ама тогаш Галип ја турна од терасата.Инаку Асу цело време знае дека Емир и е брат,и за Галип дека и е татко,ама уште од мала Хаки ја задоил со омраза кон нив и затоа таа го уценува цело време Емир. Spoiler Озан кратко ќе оди во затвор и таму ќе дознае дека Емир и Зејнеп биле љубовници ќе има напад и ќе го однесат на болница и таму ќе го убијат. Кемал и Нихан кратко ќе бидат во бегство,Емир ќе и се закани на Нихан да се врати,Нихан ќе биде бремена од Кемал ама долго нема да му кажува и така Да,има и друга снимка каде јасно се гледа дека Озан е убиецот на таа Линда.
Тука кога читам уште повеќе сакам да го гледам филмот на сител полека и со превод и уште еднаш да го даваат пак ќе го гледам. Добро а родителите на кемал зејнеп тарик,ќе им простат ли ќе се вратат ли дома? Дали лејла ќе ја врати куќата?
Spoiler Тарик ќе се ожени со Бану и ќе живеат во куќата кај родителите негови,ама тоа по наредба на Емир ќе биде,и после ќе се разведат кога Тарик ќе открие се за плановите на Емир и Бану...инаку Тарик ќе заврши во затвор последните епизоди и нема да излезе. На Зејнеп само што ќе и простат таа повторно ќе прави глупости,ќе дознаат за нејзината врска со Емир па пак ќе и се налутат,ќе замине таа од дома и ќе живее со еден инспектор,ќе треба да се омажи за него ама Емир ќе ја спречи и така,има уште многу до тоа. Лејла ќе си ја врати куќата со помош на Кемал,ама нема да живее веќе таму,ќе купи друга куќа Лејла....