Не гледам турски серии, ама оваа ја изгледав и од тие што плачеа сум. Па, и ПМС ако се погодеше охоооо.
Не да плачам,мислам не престанав...ептен сум приврзана за серијава,една година не престанав да ја гледам,ми нема спас....
Нешто гледав нешто не.не ми е јасно. Чичко хаки ли ги повика и емир и асу во архивата?намерно? За да се дознаат дека се брат и сестра пред тој да умре? И што му даде зејнеп на озан?
Да,Хаки намерно намести средба на Асу и Емир,на Асу и даде пиштол претходно демек да и се најде за некогаш,а на Емир му даде траги до една соба да оди па на Асу и се јави демек да земе документ некој од истата соба. Сака да се испоубијат меѓу себе,тој и Асу не ја сака,иако ја одгледал,целта му бешe само да ги уништи Емир и татко му. Ама нема да и направи ништо Емир на Асу,ќе дојде полиција тоа утре ќе биде и ќе го земат во затвор Емир. А тоа што му даде Зејнеп на Озан,искрено не ми текнува ич што беше.
Откако ја изгледав серијава на интернет, еве тука постирам повеќе нема да гледам турски серии на тв. Ептен тажна и вознемирувачка.
@Rama зошто емир во затвор? Имат ли докази дека тој бил виновен и оваа зејнеп сака да се разведе од озан ама дека имало некое решение што и кажал адвокатот иона тоа го даде на озан.ама не слушнав што. После што ќе се случи?
Spoiler На Кемал,Туфан ќе му ја даде снимката кај што се гледа дека Емир го прикрива убиството на Озан кога ја уби девојката,и баш вечерва треба да биде тоа кај што полицијата го приведува Емир,ама кратко ќе биде затвор тој. Емир ќе испланира бегство на Зејнеп и Озан,а на Зејнеп ќе и каже дека ќе прати полиција по нив да ги фати,и Зејнеп ќе прифати,оти таа за ништо не е виновна во затвор ќе оди само Озан,ама ќе биде многу кратко,во затворот Асу ќе му прати слики дека Емир и Зејнеп биле љубовници и ќе има напад ќе го однесат во болница и таму ќе го убијат за да не каже на никој,и нема да стигне да каже ни на Нихан,на никој.
Синоќе барајки да видам, што ќе се случи кога Емир ќе дознае дека Асу му е сестра, го видов и крајот, а ги прочитав и спојлерите. Се скапав од плачење, не очекував дека тоа ќе се случи. Мислев дека на крајот Нихан и Кемал ќе си бидат заедно среќни, ослободени од Емир, ама.. Сеуште ми се крши срцето, на последната сцена, кога сите седат во градината и Нихан на празното столче си го замислува Кемал многу тажно
Spoiler Мене тажно ми беше и кога Нихан го читаше писмото од Кемал... И кога Кемал на ќерката и раскажуваше приказна за двајца вљубени т.е за него и Нихан...
@Rama не ја гледам од моментот кога почнаа заедно да работата пак Кемал и Нихан и тој и рече ќе и го олесни товарот и и го скина ланчето со знак-бескрај. Што се има случувано ако не ти е мака пиши. А зошто Хаки не ги сака Емир и татко му ???
Мајка му на Емир немала убав брак со татко му,избегала од него и се запознала со Хаки,со месеци се криела кај него и таму се породила со Асу,ама Галип и е татко на Асу...потоа мајка му на Емир се вратила по Емир да го земе,ама Галип ја турна од терасата и таа од тогаш е жив мртовец и нормално не отишла кај Хаки,тој ја одгледа Асу и од мала ја учеше да ги мрази Емир и татко му,нон стоп и покажуваше слики од нив и и велеше дека тие и ја одзедоа мајка и. Хаки е психопат всушност,без причина го мрази Емир кој не е ништо виновен тогаш бил мало дете,а Галип го мрази оти и двајцата беа вљубени во иста жена.... Кемал и Нихан цело време се расправаат,тој има намера да го пријави брат и кај новиот инспектор што се појави,воглавно тоа се врти околу нив. Вечер гледај обавезно,многу ќе биде интересна епизода,ако не ја скратат уште повеќе овие од Сител
Чекај доправа се возбудливите епизоди....леле,искрено ич не ми текнува што беше тоа со Озан и Зејнеп,цела серија ја паметам од А до Ш,а за ова сега сум блокирана
Воопшто немам впечаток дека ја окупираш темата, ја сакаш серијата и си пишуваш на форум во соодветна тема за таа серија. Јас дека 3 епизоди гледам, 5 не на сител, баш ми е убаво да те читам
@Rama и мене ми е одлично да те читам,дека и јас така спорадично гледам,а и периодов некои обврски и така. Инаку Зејнеп на Озан ко му го даде листот му рече сега се осеќам посигурно(демек адвокат ја посоветувал да има вакво нешто при рака а пто е тоа и зошто не знам, ти текнува или уште се думаш?)
Женски знаете каде можам да ја гледам серијата на интернет ама на телефон, со српски или македонски превод?
На македонски можеш да ја гледаш на јутјуб на Турски Филмови Мк,така се вика каналот кај што ги поставуваат преведени епизодите... Исто на Сопревод.мк можеш да гледаш на македонски. Со српски превод на јутјуб ја има како Бит чеш моја,или Бескрајна љубав.. @fana Фала ти @CaraMia Досега се ви кажав опширно се на сите,не ми текнува ова уште со Озан и Зејнеп,ич ама ич,ај може некој друг ќе каже
Бидејќи не го сака и не сака да го повредува,присилно е со него таа,Емир и нареди така,и се закани дека ако не биде со Тарик ќе ја избрка не само од кај него од работа,туку и во цела Турција немало да ја вработат по негова наредба....