Повеќе ја користеше, од што ја сакаше. Само како ја прелажа за да се венчаат. Не дека таа не сакаше, ама овој ептен ја претера. Бесчувствителен. Ама и таа сама си го бараше, наивна многу.
Емир никого не сака, всушност сака да, вљубен е во својот "сој" и презимето и ништо повеќе. Смета дека поради тоа мора да поседува се и она што не му припаѓа. Кон Нихан не чувствува љубов туку само опсесија, мислам дека е толку наклонет кон неа затоа што е таа спротивност од него т.е. она што и самиот тежнее да биде па во неа гледа спас да го излечи комплексот што останал напуштен од мајка му. Емир е всушност многу тажен лик. Кон Зејнеп чувствува страст, привлекување но не ја цени како личност, ја смета како помалку вредна поради тоа што е сиромашна. Да би била Зејнеп богага сигурно би ја засакал до некаде. Во секој случај нема простор за сакање на неговиот лик, доста пати се гадев од него но некогаш и ми беше жал..
Наскоро на Сител ќе ја даваат серијава. Ок,ќе ја уништат со синхронизацијата,ама ако ионака до тогаш ќе ја изгледам целосно на турски,еве веќе стигнав до 40 епизода,и мислам дека уште 100 пати ќе ја изгледам совршената серија
Ооо па треба да частите Оваа сезона на сител "Бескрајна Љубов". Едвај чекам да ги читам мислењата на оваа тема
Од каде оваа инфо? Несакам да ја дават,несакам да ја уништат со глупа синхронизација,ќе изгледа ефтино и неубаво Несакам да го слушам Ѓокица Лукаревски и Гоце Тодоровски како завиваат неее
Е и јас не сакам да ја слушам со гласовите нивни синхронизирана,ама за жал така ќе биди. Има реклама на сител,кои серии ќе ги даваат наскоро во новата сезона,па така ја видов и Бескрајна љубов т.е Кара севда
Стигнав до 64 епизода,уштe 10 имам до крајот,ама срце не ми дава да ги догледам последниве епизоди,знам од прилика што ќе биде,имав гледано низ спојлери. Дефинитивно ми е најубава турска серија досега. Колку ми се преубави заедно Нихан и Кемал,штета што не се заедно и во приватниот живот
Кемал т. е. Бурак е во врска со Фахрие т. е. Неџла. Мене они двајца ми се супер пар. Премногу си одговараат.
Венчани се со Фахрие,пред неколку месеци правеа свадба Не е лоша и Фахрие,ама Неслихан повеќе ја сакам за Бурак. Ама кој ме прашува мене,ионака и Неслихан е омажена за друг Ама,сериозно како пар ми се преслатки,се топев кога ги гледав
Леле во врска сум пишала, наместо во брак. Знам дека се во брак. А инаку последниве епизоди го нема тој поглед Кемал, што го има во прва сезона, да речам. Како ја гледаше Нихан, топење. Ептен заљубено.
@Rama јас ја гледам на Нова Тв Хрватска, и стигнато е до оној дел кога Емир му ја зема фирмата на Кемал, а Кемал дознава дека Асу и ЕМир се брат и сестра. Која епизода е отприлика бидејќи овие мешаат, кратат а имам испуштено таа епизода кога Нихан е затворена во ладилник, не знам кој ја затворил. Инаку да, доста добра серија, но јас пак ќе кажам Црна љубов и пари ми е најдобра.А Кемал т.е Бурак..немам зборови колку е прекрасен
Гледај го на јутјуб,ги има сите епизоди без кратење со српски превод под името Бескрајна љубав. Инаку Нихан ја затвори еден од луѓето на Емир,таа им го слушна разговорот и потоа во паника турна нешто несакајќи и овие сватија дека некој има,таа избега во ладилникот ама тој лошиот не ја најде,ама сепак го заклучи ладилникот,и нормално Нихан му се јави на Караманот(херојот) Кемал и тој си ја спаси Туку едно нешто не ми е јасно,на турски Кара е црно,aма нели и siyah означува црна боја,ај разјаснете ми ја мистеријава
Знам,ама не ми е пак јасно како тоа две различни имиња за една иста црна боја Некој викаат дека кара всушност означувало нешто бескрајно