Не знам колку пати ја изгледав серијава и уште не можам да се помирам со крајот... Цел океан солзи излеав,скроз се внесов во приказнава,а и сега во вторава сезона се најсрцепарателните сцени,а овој Кемал мораше ли толку многу да биде совршен? Каков само поглед има
Со тебе сумм Коллу пати да го гледам крајот пак ќе се откорнам од плачење. А Кемал е како цртан, совршенство
Да мислеле среќно да заврши,немало да се вика Кара Севда. Мене Емир ми е попривлечен...Ете,секоја со свој вкус...... Ама,добро е,глумците ги има и во други серии,па можеме да си ги гледаме.
Вечерва кај нас ќе биде онаа епизода кога Нихан и Кемал случајно ќе се сретнат на концерт на таа "уличната група" на кои им предвиделе дека еден ден ќе станат позната група и дека тогаш ќе се сетат на нив.... Маестрална ми беше таа сцена кога пејачот ја турна Нихан накај Кемал преголема хемија имаа цела серија,и ај како да не се опседне човек Еве ја сцената и песната со превод,преубава е
Единствена турска серија која ја имам гледано воопшто. Толку солзи немам пролеано за себе, Кемал и Нихан ми се прекрасен пар. Штета што заврши на таков начин. Во исчекување на 3та сезона знам пак да си погледнам некои убави моменти. Крајот не би да го гледам пак, доволно ми беше и тој еден пат
Нема трета сезона за жал И мене ми е омилена серија,100 пати се имам расплачено за Кемал и Нихан.... Тоа со видеата за трета сезона е фантазија од фановите,тие прават клипчиња како да има трета сезона,ама нема.... Серијава скоро пред година и пол заврши со емитување во Турција.
Стварно? Баш вчера читав на таа страната каде што го гледав филмот демек ќе започнат со емитување од мај 2019. Имаше клипови и како комесарката дознава за Кемал дека е мртов, па Дениз голема порасната веќе, Кемал како да го има изгубено памтењето... Толку можев да разберам Останува да се надеваме
Не,не дефинитивно ќе нема трета сезона,имаше официјален демант уште тогаш кога фановите правеа видеа,и од сценаристите на серијата и од глумците. Тоа е,фановите сеуште не можат да се помират со таквиот крај и сеуште ширум светот прават видеа како да има трета сезона..првично дури и ја молеа и' и се закануваа на сценаристката Хилал Сарал да го измени несреќниот крај... Така да,не се надевај за џабе