Бев во Истанбул сега и во трговски сретнав продавница за кошули, одела и Кемал е модел, значи цела продавница е со постери негови (оние истите слики на инста што ги става), ќе си се стопев
Прв пат некој да има ваква улога а да ме бендисува, за Емир зборам. На моменти дури ми беше интересен кога ќе тресне некоја од тие неговите. Кемал е посебен
Денеска ја гледав последната епизода од серијава и поштено со се изнаплакав од што ми беше жал дека така заврши. Толку се соживеав со глумциве дури не ми неше верно дека немало никаква хемија позади екраните измеѓу Нихан и Кемал. Толку реална изгледаше нивната љубов. Филмот носи порака да не се толерира токсичната врска , да не се поддржува вербално и физичко насилство врз жените. Дека секој може да го снајди ваква неправда но треба да се реагира навреме да се спречи. Кемал еден и единствен во улогата до последен момент не трепнав додека го гледав.Нихан вистинска убавица дури и кога плачи е убава. Си ја заследив на инста Многу жален крај.Денов ко низ сенка ми помина. Ексик.
Колку имам плачено на последната епизода од серијава, немам на ниедна друга серија толку плачено. Цела серија беше претажна.
Уште кога ми текнува на серијава носталгија ме фаќа кога си ја гледав. Јас обично турски серии не гледам, 3 само имам изгледано и оваа ми е фаворит. Сега како што ми се хормоните в таван не мо е веќе чудно што толку допре до мене.
Најубавата и најжална турска серија. Кемал и Нихан имаа невидена хемија, тешко некој да ги засени и по толку години На серијава и се навраќам по 5743 пат, мислам дека засекогаш би ја гледала