Двете значат црна боја, во турскиот јазик има многу зборови за едно значење. Siyah е од старо турски.
Па синоними А ако кара е бескрајно вака ќе биде: Kara sevda - Бескрајна љубов Karagul - Бескрајна роза Kara ekmek - Бескраен леб Kara para ask - Бескрајни љубов и пари
Kara Sevda е стар традиционален турски назив, има и народни песни во Турција со таков наслов а мислам дека и кај нас во турско се употребувал.. Тоа е синоним за невозможна љубов, љубов која е силна и длабока но не може да се оствари..
Видеово го гледам 10 пати на ден,и плачам како луда и јас со Кемал,ептен маестрално,погодува во срце....
Стигнав до крајот,вечерва ја изгледав и последната епизода. Плачев како луда,додуша плачев и пред тоа оти почесто си ѕиркав што ќе се случува. Дефинитивно серија што никогаш нема да ја заборавам,и ќе ја гледам пак,ете за некој месец ќе игра на сител Човече,поубав,позаљубен,пооткачен,постилски,пар од Нихан и Кемал не сум видела не само на турска,туку ни на шпанска,ни на американска серија Можеа барем да го направат среќен крајот,ете 7 години се бореа против психото Емир за да бидат заедно,тоа беше нивната силна црна љубов. Жално беше што психопатот ги уништи како што вети-тогаш кога ќе бидат најсреќни,а само колку кратко им траеше среќата... Нај многу тешко ми беше кога Кемал и ја раскажуваше нивната бајка на Дениз со расплачени очи,и кога Нихан го читаше писмото од Кемал,и последната сцена во градината кога беа собрани сите,Нихан се гледаше во празното столче од Кемал и го замислуваше него И последните зборови беа тешки:"Залудно е да сакаш некого,ако не си спремен да го дадеш животот за саканата,зошто ова не е само обична лубов,туку црна љубов". А Кемал,го даде својот живот токму за Нихан,го исполни ветувањето дека засекогаш ќе ја спаси од психото Емир и ја спаси...
Срамота ли е да кажам дека сабајле во 5 ги гледав сите најтажни сцени од серијава,и си плачев ко мало детенце Го обожавам цело сценарио од серијава,а посебно Нихан и Кемал...и пак ќе ги гледам ако синхронизирани...
Вчера ја изгледав последната епизода, заврши серијата на Нова Тв Хрв. Очите сабајлево кога ги погледнав, се исплашив. Плачев ко луда, и сега кога ќе се сетам ми се насолзуваат. Мислам дека дословно го доловиле насловот, но сепак не сакам толку тажен крај.
Гледам дека и кај нас ке ја има серијава карасевда, имам неколку епозоди гледано на пинк и вака не е баш некоја лоша серија