Не си единствена Ама која катастрофа е со синхронизација ејј Предлог од мене е да си ја гледате на турски со превод,секако многу е поубава
Па ја изгледав на турски оригиналот,со српски превод,и сега пак со турски ги гледам најемотивните сцени од цела серија и си плачам Да,ептен е утната синхронизацијата на сите,посебно на Зејнеп,уши боде Но,каква-таква,не пропуштам ни епизода пак @Crna Dama Ух,значи и ти си била како мене исто опседната,само на друга серија,е не го гледав ергенот јас Туку,гледај ја КараСевда сега,и ќе се увериш што е филмиште,и спремај се на јако плачење
Јок Кара севда не ја давам за ниедна друга серија... Туку,те гледам доста упатена си пo турскиве серии,што серија е онаа Султана?знам дека пред некој ден ја спомна
Султана е една селска серија од 20 епизоди Еве содржина: Spoiler: Султана Приказната за Султана започнува години порано кога младата девојка бега од својот дом и решава да се омажи со Сејмус, и покрај противењето на нејзините родители. Но, на денот на свадбата, нејзиниот сакан заминува во Франција и ја остава Султана кај неговото семејство. Поминуваат 15 години... таа живее со неговото семејство, одлучна да го чека сопругот и никогаш да не се откаже од него. Доаѓа денот кога Сејмус се враќа во родното место, сосема неочекувано. Султана е среќна, но и разочарана во исто време. Сејмус се враќа заедно со неговиот син, кој го добил од некоја си жена во Франција. Гневот на Султана расте од ден на ден, но Сејмус овој пат е решен да не ја напушти никогаш повеќе, да се бори да ја врати назад нејзината доверба и да ѝ докаже дека таа е жената на неговиот живот. Но, Султана, повредена, си заминува од тој дом. Таа повеќе не припаѓа ни кај нејзините родители, ни кај семејството на сопругот. Решава да започне нов живот, во кој ќе се појави и нова љубов, но и нови проблеми.
@Bzaubzz.xy Spoiler Тетка и внука,ама Нихан не знае уште.Лејла е сестра на мајка и на Нихан,ама скарани се уште пред да се роди Нихан.Всушност татко и на Нихан требало да се ожени со Лејла,ама оваа другава и го презела
Денес гледав две епизоди, вилицата ми падна, што ќе беше она лепотан Кенан Си ја упропастив серијата читајќи тука
Ние викаме шостори лепотан бе чоек Да,мажиште и пол е,Кемал(не Кенан). Само продолжи со гледање и уживај
Не читај ако сакаш да уживаш гледајќи со ред Верувај секоја наредна епизода е поубава од претходната. @joy1 Емир во првите неколку епизоди не е баш баш ама понатаму и сама знаеш