1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црниот лебед (Black Swan) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 28 декември 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    [​IMG]

    Психолошки трилер, последниот филм на Darren Aronofsky во кој главните улоги ги толкуваат Natalie Portman, Mila Kunis, Vincent Cassel, Wynona Rider...

    Доколку сте го гледале, можете да ги напишете своите импресии, мислења, негативни или пак позитивни погледи. Се разбира земајте ги в предвид оние кои сеуште не го виделе филмов. Да не им го расипеме доживувањето однапред :)

    Балет. Копнеж. Желба. Љубов. До кои граници можат да ве однесат?

    Јас лично сеуште си ги средувам импресиите од филмот и бидејќи знам дека сеуште има феминки кои не го изгледале, а допрва ќе го гледаат, нема да навлегувам во детали околу работите кои ми се за двоумење.
    Сепак уште еднаш морам да се согласам дека филмов е типичен „аронофски“ и за мене лично вреден да се гледа. Поттикнува размислување како и секое негово дело и секако, не ве остава рамнодушни.
    Натали Портман според мене заслужува оскар за улогата која и беше доделена.
    Винсент Касел, колку и да сум субјективна во врска со него, морам да признаам дека е стандардно одличен. Како глумец нели :)

    Ајде кој го гледал филмот, пукајте. Ви се допадна ли пред се?
     
    На XstrongerX, MarchelineAmaru, NelChe и 6 други им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Го пуштив да се симнува баш доообро ми изгледа а и добро е оценет супер...нема да ми биде веќе досадно а подоцна ќе пишам импресии... Фала :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    :clap:
    Се отвори темата.
    Да почнеме. ;)

    Портман отсекогаш ми била на маргините на неомилени актерки.
    Единствено во Leon - The Professional ми блесна и тоа како дете и оттаму, за мене се изгуби.
    Се' до Black Swan.

    Заслужува овации, аплаузи, оскар, додека ја гледав, моето срце буквално се смали колку зрно грашок, одамна филм не ме стресол така добро. :clap:

    Без да ја откриваме содржината, Аронофски добро ја искористил темата од Лебедово езеро како лајтмотив за дејствието.
    Ја доживувам како девојка во задоцнет пубертет, слаба, кршлива, изгубена, но и силна, непокорна, со јасно изострена перцепција сосем на крајот.
    Не можам да најдам зборови да го опишам чувството после овој филм, треба да се погледне со ширум отворени очи.
    Како што кажа Пирамид, типично Аронофски, ја поседува во себе онаа жичка на блага морбидност, непрестајна тензија, соголување на човекот, потиснети желби и страсти, забранети инхибиции и неиссонувани соништа.

    Ова е приказна за растење, трансформација, созревање, остварување на сонот, само(по)(до)кажување.
    Ова е приказна за обичен човек.

    Портман е сјајна, музиката добро позната, приказната добива сосема поинаква димензија и вистинските љубители ќе ги остави без здив.
    Добра костимографија.
    Аронофски направил балетот да изгледа кул и дури и оние кои не го поднесуваат - да го изгледаат без да трепнат.
    Ја сакам Мила Кунис, но тука некако ми беше бледа и невоочлива, или едноставно недоволно силна за појавата на Портман во главната улога.

    Браво. :bow:
     
    На glenn, MarchelineAmaru, Tinker-Bell и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Трендафилке, не можам а да не се согласам со тебе со се што напиша.

    Пред се ми се допадна што Аронофски толку длабоко разработи тема која е веќе позната, барем кога зборувам за сите оние типични филмови за балетот и танцот. Техника наспроти поседување на „душа“ за танцување.
    Токму за тој дел би сакала да дискутирам на темава, т.е. она што ти го спомна околу тоа како ја доживуваше Натали во филмот. Пубертет, неизживеаност, невиност на некој начин... Ама сепак ќе почекам поголем дел од феминкиве да го гледаат па потоа ќе се уклучам повторно во дискусијата ;)
    Како и да е, ми се потврди теоријата уште еднаш. Отсекогаш сум мислела дека е навистина преголема штета што балерините ја завршуваат нивната кариера тогаш кога вистински почнуваат да ја чуствуваат музиката и кога би можеле да ја изразат наполно со своите движења.

    Сепак балетот е само основна нишка во филмот на која се надоврзуваат ред други посуптилни теми.

    Јас лично сум воодушевена од филмот и му аплаудирам на Аронофски уште еднаш! Го заслужи местото на мојата листа на омилени режисери.
     
    На MarchelineAmaru и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас умирам од желба да го гледам филмов, но ќе почекам до 27 Јануари, за да дојде на кино. Не ми се гледа пред мониторов, ќе си ја расипам целата магија ми се чини. Но, верувам дека ќе ми се допадне, како и сите останати филмови кои имаат тематика со танц.

    Can't wait till then :)
     
    На Snowdrop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.324
    Допаѓања:
    107.577
    Пол:
    Женски
    Го гледав, прекрасен е, напнат и на крај ќе ве остави подзинати од што е чуден крајот !!!
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.125
    Допаѓања:
    40.241
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам прво дека одвај чекав да излезе филмот да го гледам најмногу заради Натали бидејки ја сакам како актерка.Во другата Болејн девојка исто толку ме воодушеви нејзината глума,ја засени Скарлет(која не ми е ништо посебно).Така да вредеше чекањето.Филмот навистина е морбиден во повеќето сцени,но според мене токму тоа го прави совршен.Се спојуваат убавината на балетот,класиката и морбидноста,јас балерините одсекогаш ги сметам за многу нежни и мили личности,додека улогата на црн лебед во овој филм на балетот му даде некако друга димензија,малку страшна,језива токму поради начинот на играњето и личноста на Натали.И јас ја доживувам така,млада и кршлива,поврзана толку многу со мајка и (но не во толку позитивна смисла)се во животот и се сведува на балет и со тоа таа ја потиснува другата личност во себе.Повеќе ми се допадна играњето на црн лебед токму поради карактеристиките на другата во себе.Мене филмот ме остави без здив,толку добра кореографија на веќе позната тема.Приказната ептен оживеа во филмот.Натали заслужува оскар за оваа улога :clap:
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.161
    Допаѓања:
    56.578
    Пол:
    Женски
    Јас уште не најдов време да го гледам. Ама после вашиве коментари, во истиов момент го ставам на спуштање, па веројатно во наредниве два дена ќе го гледам.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Cамо што го изгледав филмот.... Cе што можам да кажам е :o !!! Hо, искрено ме наполни со негативна енергија филмов...... Mислам, начисто ме скрши емоционално...Eве осеќам стегање на желудникот дури! Cе препотував дур гледав некои сцени....Kрајот ми беше сосема очекуван...Hо, :x :x :x немам коментар.........
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.684
    Допаѓања:
    241.493
    Го симанв денес,сакам да го гледам ама ми се спие.
    Го оставам за утре,па ќе пишам импресии :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Па добро, крајот не беше сосем неочекуван. И заврши токму така како што требаше :)
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    А во кое кино ќе се емитува од 27 јануар? Рамстор,Милениум?
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Во право си, секој однапред ќе го долови крајот :) .... Ама како и да е... Вреди да се погледне филмов.
    Искрено, на моменти малце и досаден може да стане, ама ТЕ ТЕРА да го гледаш! :)
    Ама коса ми се крена на крај кога Нина играше како Црниот лебед

    и Натали ми беше преубава!!! :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    На кои моменти ти беше досаден? Мене цело време ме држеше со подотворена уста и во напнатост :)
    И Натали дефинитивно заслужува оскар за улогава :clap:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Досаден кога спремаше кореографии и кога играше :) Не сум љубител на балетот...Не знам зашто, ама не ми е по вкус :D Ми се свиѓаше само крајната точка... Знаеш зашто :sweat:
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Одличен филм мора да забележам... едно големо браво можеби и му недостига мала доза адреналин но сепак балетот не трпи толку големи варијации во однос на можноста да се експериментира... Но сепак вака добро склопено и направено воодушевува и остава без здив на момент... ГОЛЕМ АПЛАУЗ :clap: :clap: :clap:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Лудо и Виножитке, и јас го очекував крајот, не е дека ме изненади, но сепак на чуден начин филмот ме држеше напната и во исчекување. Како да ме хипнотизирал некој.

    И Лудо за таа сцената која ја спомна и јас се согласувам, едноставно прекрасно. Не дишев...прекрасно!!!

    Да, гласам и јас за Натали да го лапне оскарот, дефинитивно заслужува! :clap:
     
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.903
    Допаѓања:
    255.525
    Пол:
    Женски
    :bow:

    Одлично!
    Ми треба време да си ги подсоберам импресиите а богами и да го гледам уште еднаш.
    Секоја чест за Натали и Арoнофски !
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Го имам во компјутер почнав да го гледмам но ме прекинаа така да,ми преостанува вечерва да го изгледам до крај ...а ми с гледа како добар филм...Ке го изгледам па ке адам коментар и какви впечатоци ми оставил :P
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не е во Скопје, во Љубљана ќе го гледам :)

    Иако не знам како ќе издржам дотогаш :)