Ја обожавам Натали Портман, но првиот пат кога го гледав филмов ништо не разбрав! апсолутно ништо! Вториот пат.. се надевам го сфатив
Изгледа само јас сум изрод на форумов Само мене не ме воодушеви филмот, и само јас сум таа што на пола филм го исклучив- (кога палат цигара во салата за проба) Незнам,мене не ми се допадна... едноставно не ме фасцинираше.
Овој филм многу ми се допадна, но морам да признаам, ми беше малку страшен. Но, иако имаше тажен крај, сепак многу ми се допадна. И крајот навистина беше така наречено: СОВРШЕН БАЛЕТ
Сум го гледала, многу е интересен, али на крајот е напнат и сите делови каде што има крв! (мене ми се лоши од крв ако гледам повеќе од 2 мин.)
Натали неверојатна како и секад. Филмот не ми беше нешто нај нај и некако не го ни разбрав како што треба. Излеа треба да го гледам пак Од мене 7/10
Па нормално ќе ти биде страшен кога имаш 11 години Спојлер Незнам воопшто како родителите на денешнава младина им даваат да ледаат вакви цилмови со лезбејки и сл. или едноставно се кријат во соба!
И мене премногу ми се допадна филмот. Деловите каде што напнатоста е најголема ми се најинтересни. И покрај тоа што има тажен крај (а јас не сакам баш такви филмови), мене овој филм ми е еден од омилените
Kога ке чуеш Арнофски знаеш дека е masterpiece. Како и секој негов филм те поттикнува да размислуваш ,и те тера да го забележуваш секој детал,затоа што секој детал крие скриена порака во филмот. Според мене Лили беше реална ,всушност она беше нејзиното алтер его .Се што таа потсвесно сакаше да биде ,тоа беше Лили.Во Бет се гледаше истотака себеси по неколку години ,затоа и толку ја погоди сето тоа со болницата ,свесна беше ке заврши како неа ,но сепак и се восхитуваше на слободата и остроумноста ( затоа и ги крадеше и шминките нели).Најголемата мана на Нина беше тоа што беше перфекционист ,чувана од мала под стаклено ѕвоно и форсирана уште од мали нозе да биде најдобра мамина ќерка.Растела со помислата дека мора да биде совршена ,за тоа се бореше со самата себе во целиот филм.Двете Нини се борат една против друга, едната да одигра перфектно но стегнато без страст без љубов а другата да одигра од душа.Со гребаниците всушност таа се казнуваше себеси ,секогаш кога правеше грешки .Лезбо сцената со Лили според мене беше нејзина фантазија ,длабоко во себе посакуваше да се случи .А што се однесува до крајот крилјата ја симболизираа слободата и нејзините зборови сега бев совршена,беа кажани затоа што конечно ги избалансира црниот и белиот лебед . Муабетов Јинг & Јанг. Јас лично се пронајдов во некои делови . И како што кажа Трендафилка ... Ова е приказна за растење, трансформација, созревање, остварување на сонот, само(по)(до)кажување. Ова е приказна за обичен човек.
може ли некој да ми ја објасни поентата на филмот бидејќи веќе 2 пати го гледам и ништо не сваќам...нешто лузни имаше по телото Нина, грабнатини а од кој беа всушност
Знам дека филмов го гледав заедно со дечко ми и сред филм почнав да плачам и да се карам со него. Тој знаеше дека филмот ме шекна и ми го исклучи. Му се налутив, тој си легна, ја го догледав. Мора да го гледам пак. Само знам дека првиот пат емоционално ме истошти и спобрка. А да, Нина си беше болничка по малку повеќе.
Филм преполн со симболика, со грешки, со не знам ... тешко да се објасни ама од филмов сеуште кога ме прашаат каде беше одговарам во стил на Нина: ''to the moon and back!''
Цената на успехот пресликана во 2 ипол часа, дејство на живот. Го имам гледано неколку пати, мислам дека и уште неколку ќе го гледам. Се припотресов, доживеав на себе, ми се враќаа слики и слично. Моќен ми е филмот. Страшна композиција, предобро изведено.
Во претходниот пост (пред две години) сум пишала дека не ми се допаѓа глумата на Портман. Сега за неа имам многу поинакво мислење и сфаќам дека нејзината глума има удел во фактот што филмот толку проклето ми се допаѓа. Спојлер Која костимографија човече Само мислам дека оние кои го гледаат треба да бидат бар средно школо. Ту мач е за помали.
Го гледав пред 3-4 години , и некако ми создаваше некоја напнатост . Добар филм е , не го оспорувам тоа , ама што знам ..
Многу психопатски филм. Залудно потрошено време што го гледав. На третиот пат го разбрав. Мислам дека го разбрав.