2 пати го гледав за убаво да го разберам. А и помала бев тогаш, па ептен заплеткан ми дојде за тие години. Сега да го прегледам немам желба инаку би го разбрала можеби на сосема поинаков начин. Сепак мислам дека претерано доби толкава фама, има многу подобри филмови од овој. Или едноставно не беше мај кап оф ти.
Еднаш сум го гладала и ич не ме восхити. Глумата на Натали Портман најлоша досега од сите нејзини филмови а Нина беше фрапантна.
Од се, најголем впечаток ми остави црно-белата дуалност, искористена да ја нагласи суровата трансформација и жртва на секој што успеал да се искачи до врвот. И кога го гледав мојата оценка беше 8, стојам на истата. Интересен е, еден од оние што ги одбележаа 2010-те.
Тежок филм, но многу поучен и вреди да се изгледа. Го избегнував подолго време зошто не сакав да се замарам многу со потежок филм, гледав нешто порелаксирано, така и никако не доаѓаше на ред за гледање. Некаде околу новогодишните празници го имаше на ТВ, па реков ќе го изгледам. Ми се допадна и би го сместила во филмови што до сам крај ми го задржале вниманието. Криво ми е што не му дадов шанса порано. Би го препорачала за гледање. Оценка 9/10 од мене.