Јас одамна чекам да излезе филмот,уште малце па ќе го гледам оригинал..инаку избегнувам да ви ги читам коментарите за да не се расипе магијата ,само разбрав дека бил фантастичен..и ја обожавам Натали
Штотуку го гледав. И сеуште сум под имресии. Искрено да ви кажам, не очкекував ништо посебно. Идејата за лебедово езеро веќе е некако видена, и мислев дека било што да се направи засновано на таа идеја би било клише, и досадно. И мило ми е што не бев во право. Го гледав со подотворена уста, не трепнав ми се чини. Ама зошто имам слаб желудник, во неколку моменти кај така покрвавите сцени, морав да се завртам. Затоа на сцените каде што танцуваше, особено последните не можев да се соземам од восхит. Во секој случај браво за Натали, и за Арнофски.
Го гледав. Дајте кога ќе го анализираме? Имаше сцени кои не можев да ги гледам, а еве касно е. хехе Ми се допадна, има скриена порака, но некако е испреплетено... не знам дали смеам повеќе да коментирам..
Па сокриј го тоа што не сакаш да го видат оние кои не го гледале сеуште, белким нема да им текне да ѕиркаат - едино ако сакаат да си го расипат доживувањето на филмот однапред Па ќе анализираме
Го гледав конечно и сум И јас на некои сцени подзамижував исто како Старфиш, и со нетрпение чекам да почнеме да го коментираме, навистина добар трилер, ме збуни целосно, не можам да се средам, сеуште сум под импресии
Девојки каде го спуштивте??? Не сакам на камера снимка да го гледам, па пишете страна каде го има торентот со добра снимка. Како го испофаливте посакав да го изгледам
Само што го изгледав. Впечатоците не ми се најјасни се’ уште, ќе треба да отспијам прво. Филмов е мрачен, но истовремено прекрасен. Најоригинален филм кој сум го гледала. Секоја чест за Аронофски. Едно најголемо браво за кастингот. Посебно за Натали Портман - совршена е во улогата. Од нежна и кршлива до страстна и огнена. И во двете улоги е беспрекорно внесена. Можам само да замислам колку напорно работела за оваа улога. Јас веќе и’ дадов оскар. А за Винсент веќе кажано е. Идејата за Лебедово езеро не е веќе видена, барем не на овој начин. Ова го умислил еден по малку "изопачен", но генијален ум. Јас буквално не дишев во текот на некои сцени. Спојлер Само ми е жал што ми се расипа уживањето во филмот поради еден коментар во темата за последен филм кој сте го гледале. Раскажана содржина, по грешка неставена во спојлер. Случајно ми падна во очи баш зборот кој го кажува крајот. Ако не знаев дека така завршува, ќе бев уште поимпресионирана. И за крај само ќе речам - необично, но маестрално славење на Чајковски и Лебедовото езеро.
Да, мрачен е филмот но сепак те држи како со канџи и не ти го пушта вниманието во нитуедна секунда. Уф а тоа дека подзамижував и јас, не морам да се повторувам. Спојлер Поготово кога си ја корнеше кожата или кога и ги сечеше мајка и ноктите, се наежив Но јасно ми е зошто тој дел беше толку потенциран. Ах, не можам повеќе да зборувам за филмов, инаку би морала се да сокријам Верувале или не, јас сум сеуште импресионирана. Толку длабоко во потсвеста ми навлегле главните протагонисти од филмот што доста често размислувам и се присетувам на детали кои ми ја потврдуваат главната тема во филмот. Аронофски е навистина мајстор во ова. Нема филм кој тој го направил да не ме држел волку долго импресионирана. Знае како да го постигне тоа, без сомнение!
^ И мене не ми е јасно зошто беше толку потенциран тој дел(спојлер) Пирамитке? Мене од секогаш ме воодушевувале животите на балерините и нивната тешка и макотрпна работа за на сцена да изгледаат толку нежно а истовремено и моќно. Ми е страв да пишувам повеќе да не го расипеме уживањето.
Да, мислам и во филмот дека беше потенциран и тој дел т.е. и тој аспект од балетот беше прикажан. Самиот танц е најтешкото нешто што може да постои, колку само бара макотрпна работа и труд, освен талент нели. И потоа кога ќе излезеш на сцена, едвај дишеш и изгледаш како се да е лесно - во очите на другите, но всушност не е се така како што се чини. Сепак погледот на публиката те исполнува и дава сила и целата трема ја снемува Тој делот во спојлерот ти го пратив по лп, да не ја трупам темата со спојлери и не дај боже некој да прочита. Сите тие детали не се ставени туку така во филмот, со причина се. Токму за нив размислував подолго време. Спојлер Кога ќе размислам и Мила Кунис не е залудна во филмот. Напротив, многу ни помага во тоа да ја сфатиме суштината на Натали Портман.
Mене најголем впечаток ми оставија нејзините последни зборови Спојлер кога вели дека била совршена, а Тома цело време и велеше дека никој не е совршен дека целта не е совршеност без чувства, а таа го демантира фактички, и се насмевнува. Сеуште размисувам колку треба да си ја сакаш значи професијата и балетот за да си толку посветен на неа, до лудило, до смрт. А ме буни тој делот, кога мајка и и вели:- “ Душо спремна ли си за мене?“ За што да биде спремна, не ја злоставува нели? Некако на моменти ми е жал за Нина, колку е контролирана цел живот и под притисок, а на моменти ми делува толку лудачки, толку диво Исто ме трогна сцената кога маструбира, кога се сврте и ја виде мајка и А лезбо сцената си ја замислуваше или вистина беше? Леле цел ден ми идат flashови од филмот, само мислам на некои сцени
За сите тие сцени што се ставани во спојлери, мислам дека се ептен суштински во филмот. Се доловува нејзината борба со самата себе, борба да се пронајде и да успее. Борба за да докаже на сите, а пред се на самата себе , дека може да биде совршена. Мене лично низ целиот филм ми е некако непријатна и одбивна нејзината поврзаност со мајка и. Ама пак е многу битна улогата на мајка и, од причина што се гледа од каде излегува тој притисок за совршеност и успех. Језиво ми беше сето тоа внимание што и го посветува, што ја гали пред спиење, што и става музичка кутија, што ја третира како малечко девојче, и става рестрикции, и буквално не и остава никаква приватност. Ако не се лажам, никаде немаше спомнато било што за татко и?
Спојлер Да, затоа во филмот толку се нагласени сите звуци на секое крцкаво ковче на нејзиното тело кога се движи, кога вежба, кога игра. Ете до каде оди посветеноста на балерината. Барем мислам...секако, прекрасно кажано. За лезбо сцената се двоумам, од една страна ако добро разбрав се работи за раздвоена личност (тоа што си го гребеше грбот а самата не беше свесна за тоа) Очигледно мајка и беше. И ред други работи. Еднаш вака - еднаш така. Се губеше и во сцената кога мастурбираше. А мајка и сигурно ја чуваше од таа причина, за да не се повреди самата. Или оние цртежите каде Нина беше нацртана во моменти на лудило...хм. Не знам, вакво чуство стекнав. Можеби погрешно сум разбрала. Релативно доста време помина откако го гледав, но секој ден некој доаѓа и ми кажува дека штотуку го гледал филмот и е воодушевен, и сакала нејќела - се навраќам на него, на сцените Патем, за оние кои го виделе филмот еве одличен линк. Спојлер http://www.smh.com.au/entertainment/movies/allconsuming-passion-20101230-19b2i.html
Во врска со некои недоумици околу филмов . . . Спојлер Лезбо сцената според мене дефинитивно беше само фантазија. Некако ја доживеав не толку сексуално, колку метафорично, во смисла Нина почна да се прифаќа самата себе, си дозволи да се изгуби, да лудува, да ги ослободи своите страсти, надвор од сите правила со кои е ограничена, што од мајка и, што од себеси. Од тој момент па натаму, ликот доби сосема поинаква боја и тек, некако почна да се пронаѓа и ослободува до целосното разголување до самиот крај. Претходно имав чувство како да се срами од себе и своите тајни и желби. Пак ќе напоменам, мене сцената не ми беше сексуална, ми беше некако суштинско поврзување со самата себе, со пронаоѓање храброст, смелост. Од друга страна, не добив идеја дека мајка и ја злоставува на било каков начин. Дека ја штити премногу , тоа да. Дека ја повредува физички, не. Сметам дека гребаниците на грбот си ги правеше самата Нина, повторно од причина што како и сите други луѓе, свесна беше дека поседува "ниски" страсти и нагони и прави грешки, а сакајќи да биде совршена, на некој начин потсвесно се казнуваше самата себе, заради фактот што и таа е само обичен ЧОВЕК. Не знам, можеби грешам, дефинитивно ќе го погледнам пак. Има многу за што да се размислува и дискутира.
Спојлер сето тоа што се случува во целиот филм, значи нејзиното однесување мислам дека е резултат на шизофренија Поправете ме ако грешам
Тренди, Спојлер Не мислам дека мајка и физички ја злоставувала, во смисла да ја тепа, туку да ја тера да прави некои работи против нејзина волја, не знам како да се изразам најдобро- психички ја злоставува дефинитивно. Затоа ме збуни таа реченица, дали е спремна за неа А дали е шизофренична, не знам, можеби
Да, де Спојлер за шизофренија зборам и јас. Ама не сум сигурна. Тоа што не се сеќава на некои работи ме наведе да помислам на тоа. Сепак, за лезбо сцената, кога ќе размислам, и јас мислам дека е повеќе фантазија отколку реалност...не знам. Две дијаметрално спротиставени страни на Нина се борат во едно тело - онаа добрата мамина маза и одговорна балерина која игра технички беспрекорно, и онаа втората, „црната“ верзија која конечно почнува сексуално да созрева, да се пронаоѓа себеси, да откачи, да одигра со душа а не само според правила. Damn it! Морам уште еднаш да го погледнам филмот
Спојлер па сето тоа лезбо сцената, гребаниците, ноктите, кожата на прстите, убиствата на крај беа фантазии поради нејзината шизофренија јас барем така мислам, но ќе го гледам уште еднаш
Да, Спојлер Ама на крај навистина, умира нели? Мислејќи дека ја тепа колешка и, сама се прободува со парче огледало, нели, или и тоа е фикција? Јас мислам дека не е, дека навистина умира на крајот