Спојлер И јас сфатив дека се работи само за креација на нејзиниот болен ум. И лезбо сцената, и моментот кога Тома беше со Лили, и "двобојот" при крајот беше всушност борба на двете личности во едно тело. На крајот извршува самоубиство без да биде свесна за тоа. А дека беше злоставувана од мајка и’ - и тоа мислам дека е точно. Не физички, но оној притисок што таа и’ го вршела е злоставување. Тоа се случува често кај луѓе кои не успеале во својата сопствена кариера и се трудат да живеат преку своите деца, притискајќи ги од мали. Познато е дека оние кои поради некоја причина не успеале во она што го сакале се прекрасни критичари за истото. Има многу примери и во балетот, во уметничкото лизгање, во гимнастиката... на таленти со беспрекорна техника, но без душа. Мојот впечаток беше дека и Нина спаѓа во таа категорија. Не танцува од желба и љубов, туку затоа што само тоа го има од мала, затоа што најверојатно мајка и’ уште пред да ја роди решила дека ќерка и’ ќе биде балерина. Тоа беше кочницата кој не и’ даваше да се "ослободи" себеси. Се слагам со она што го кажа Пирамидата - на сцена прават да изгледа толку лесно и воздушесто, летаат во воздух со насмевка, но за да се постигне тоа се вложуваат енормни жртви, дури и цели животи. Всушност добрите балерини немаат ништо друго освен балетот. Ако решат да имаат семејство - се откажуваат од кариерата, носејќи ја горчината на неуспехот цел живот, како беше случај кај мајка и’ на Нина. Во секој случај, и јас ќе го гледам барем уште еднаш. Сакав уште синоќа да почнам веднаш отпочеток, само ми се спиеше. Кога ќе најдам време обавезно ќе го изгледам повторно.
Конечно го изгледав синоќа ама јас не очекував таков крај. Некако филмот ми беше многу долг, а дејството најверојатво можеше да се сними и во час и нешто. Спојлер Ми се допадна таа борба со самиот себе. Сепак излегува дека на крајот темната страна победува. Девојка од 20 и нешто години да живее толку стегнат и затворен живот не е ретка појава. Верувам дека многумина ќе се понајдат во ликот на Нина. Крајот беше прекрасен. за навистина да почувствува и да биде совршена мора да се соживее со болката на белиот лебед. Неизбежна беше болката која сама си ја предизвика за така да ја одигра улогата
Спојлер А точно е дека Лили всушност беше олицетворение на црниот лебед во неа, тоа посебно го почувствував во лезбо сцената кога оди кон нејзиното меѓуножје (морав да го употребам некаде зборот, јак ми е- од ефтините романчиња ) и се гледаат црни тетовирани крилја на нејзиниот грб, затоа и мислам дека и оваа сцена е само плод на нејзината фантазија. А болеста најверојатно ја добила од постојаниот притисок од страна на мајка и која цел живот ја контролира се со цел да биде успешна балерина, каква што таа никогаш не станала, и затоа се потенцираат гордоста и насолзените очи на мајка и која ја гледа од публиката. А сцената со тортата, кога одбива да ја јаде, што ќе коментирате за неа? И булимијата? А зошто сценаристите на филмот направија да падне кога беше бел лебед, значи сепак не беше совршена целосно ?
Спојлер Па и булимијата е поради притисокот. Балерините трошат тоооолку многу енергија и калории секој ден - тоа мора да се надомести и никогаш не ми се разјаснило зошто се јавува булимијата толку често меѓу нив. А умира како бел лебед затоа што тоа е сценариото на Лебедовото езеро - совршена беше токму поради тоа што успеа до крај да го одигра и белиот лебед, и не ја уништи претставата. Совршена беше затоа што успеа и двете улоги да ги донесе беспрекорно.
Ливингглам, Спојлер мислев на првиот чин, кога падна, не на крајот А и мене не ми е јасно зошто повраќаат кога и онака малку јадат, имам разговарано со роднина на балерина, и требало да тежат до 45килограми и јадела само некои житарици, и затоа не ми е јасно повраќањето општо и кај неа и кај другите балерини, и како сепак издржуваат толку без воопшто да внесат нешто за енергија?
Sorry за недоразбирањето. Спојлер Мислам дека тогаш падна затоа што уште немаше победник на внатрешната борба. Дури после случката во соблекувалната се ослободи совршената балерина.
Спојлер Portman's Nina lives for ballet. She always has. At 25 she lives at home, surrounded by her childhood teddies and her Swan Lake music box, with her mother (a delicately creepy Barbara Hershey), a former dancer who has made her daughter's career her own life. 25 години има Нина А живее онаков живот. И да не сакаш, ќе полудиш од такво нешто со тек на време. Толку многу потиснати емоции и либидо. Инаку Сеси гледаш, сега ми текна за тетоважата на Лили, во право си (патем ептен ми се допадна тетовирањето, посакав да имам исто такво ). Филмов е преполн со детали и секој еден од нив е битен. Мислам дека ништо не е излишно.
Спојлер Мислев помлада е Нина. И мислам дека кога ја праша Томас дали си девица и таа рече не - лажеше. Што знам, таа усрамена фаца што ја направи во моментот ме натера да мислам дека е девица, никогаш немала никого и не се ни истражувала себеси.
Јас не сум го гледала ама сите спојлерчиња ви ги прочитав не можев да издржам ,а имам голема желба да го гледам Ако може некоја љубезна од вас да ми каже само дали е хорор филмот, и дали ке заврши убаво зашто не разбрав. Па да си го купам и да го гледам ако не е хорор. Благодарам однапред
Е никако да седнам и до крај да го догледам филмов...сега седнувам и го догледувам и веднаш идам со коментари,критики аа не бива вака ме стрвите
Спојлер Лезбо сцената дефинитивно беше фантазија. Нели следниот ден Нина кога закасни на пробата, ја виде Лили дека е веќе таму и и рече нешто како, Кога дојде, нели спиеше кај мене, зошто не ме разбуди. И Лили тогаш и рече, Не не спиев, уууу некој имал сексуални фантазии за мене Јас мислев дека навистина ја уби Лили, ама кога ја видов на вратата ми светна дека всушност самата себе се повредила. Мислам дека и Нина кога сфати што направила, увиде дека тоа и е последната шанса да достигне совршенство, па тоа и го направи. И мене некако филмот уште ми е во потсвеста...
Кенди, абе едно 3 пати пиша (ако не и повеќе) дека тргнуваш да го гледаш филмот и никако да го изгледаш. Изгледај го конечно па дури потоа пиши нешто он - топик. Ајде Теди НЕ Е хорор, ич не се плаши да го гледаш и зошто ги ѕиркаш спојлерите?! Ќе те карам. Сега не знам како ќе го доживееш филмот Ајде, мечиња не се плашат! Глам... Спојлер ...и јас мислам дека дефинитивно беше девица. Да, да, 25, и јас бев изненадена кога прочитав во интевјуто. Прочитај ја цела статија Глам, има и други интересни работи таму
^ е сега го догледав.....no comment филмов ме остави без зборови едноставно МИ СЕ ДОПАДНААААА прекрасно изведено,прекрасно доловено филмов ќе си го чувам на компјутер дефинитивно заслужува повеќе пати да се погледне остава без здив
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA ЗОШТО ПОРАНО НЕ ЈА ОТВОРИВ ТЕМАВААА!!!!!!!!! Пирамидче бе, требаше да ми пуштиш suggestion Прво: Дарен Ароновски ми е љубов. Плус меѓу омилените топ 5 режисери. Му немам филм утнато од дипломските се до овој! Второ: Мила Кунис ми е исто така љубов (женска)...Ја обожавам. Не ми е меѓу омилените актерки, но како личност ми е фантазија. Прекрасна е, мила, опуштена, зачудувачки елоквентна и духовита. *И кога некој ќе ме спореди со неа, денот ми станува празник. Заедно со дечко (м)и Меколи Калкин ми се Dream Team... мх..бх.хххх...ми се отвори осмата чакра.... Tрето: Трејлерот неможев ни да го догледам... Од мака! Од сегде слушав за филмов, а обично не придавам значење многу на `популарни` филмови... Но како забога никој не ми спомнал чиво дело е и кој игра во него! Веднаш го ставам да се симнува! -само кажете ми добар (и сигурен) торент Спојлер /неможам веќе да се борам со тројаниве/ каде што може да симнам квалитетна снимка.. Фала
Филмот е навистина убав, но не би можела да го гледам вторпат. Ме наполни со негативна енергија, двапати се насмеа во цел филм, плус сите тие халуцинации..не сум јас за вакви филмови, па сум една од ретките што ќе речам дека да, филмот е убав, ама не за секој.
Хеиди можеш од тука да го симнеш http://zamunda.net/details.php?id=247179&hit=1 Иначе филмов ме остави буквално со подзината уста Срцево ми претрпе една добра тахикардија час и 47 минути Прекрасен филм, што да коментирам кога се сте искоментирале Интересна ми беше и онаа сцена кога Спојлер Нина од грбот си вади црни пердуви и и се кршат нозете Гледам никој не ја спомна па да ја кажам. Иначе да, мислам дека Нина имаше шизофренија која на средина на филмот стана поизразена. Мило ми е што на крајот искочи каква што таа постојано сакаше да биде - совршена!
-само кажете ми добар (и сигурен) торент Спојлер /неможам веќе да се борам со тројаниве/ каде што може да симнам квалитетна снимка.. Фала [/quote] http://torrentz.eu/54778c33764067fdf0b062632e67ce31399af7a8 Овде имаш супер снимка. од линковите дадени земи го од kickasstorrents.com. Се симиња за 10 мин и имa супер слика
Значи јас сум од ретките што филмот не ми остави кој знае каков впечаток, според мене има многу подобри психолошки трилери од Black Swan. Не велам дека не е добар само јас очекував нешто повеќе