Пирамитке сега го прочитав интервјуто. Морам да кажам дека ми падна на ум Достоевски и неговите истражувања на човековата психа кога го гледав филмов. Сега прочитав дека инспирацијата Аронофски ја нашол во Двојникот и ми стана многу логично. Веќе реков дека сигурно и’ било претешко на Натали да се подготви за улогата, а овде се потврдува дека сама ги одработила речиси сите сцени со танцување.
Да, да видов и јас истото и останав без зборови коа прочитав дека одела на балет пред филмот. Причина повеќе за Оскар - ова ти се вика посветеност! Кај Натали имам чуство дека се работи и за љубов кон глумата, кон она што го прави. Секако не се само парите во прашање како кај некои глумци нели Спојлер Јас пак цело време ја имав на ум книгата Nights at the Circus од Angela Carter каде што се работи за девојка која е родена од мајка лебед а татко човек, има крилја и игра балет Знам дека апсолутно нема врска со филмот ама ете асоциации еден куп. Ја гледав во едно интервју каде кажува колку и било напорно да тренира балет и како и било жал што нема неколку години помалку Интересна работа кажа, но вистинита - дека колку сме постари, толку и помалку ни значи тоа да сме беспрекорни во изгледот. Побитно ни е дали сме интелектуално исполнети и изградени како личност отколку да изгледаме совршено. Спојлер ...нешто за што очигледно Нина не беше сеуште доволно зрела
Конечно го гледав филмов. Морам да кажам дека ме воодушеви. Има морбидни моменти Спојлер кога ги сече ноктите и ги вади перјата ама сепак според мене е една трагична приказна за девојка која нема свој живот и цело време сака да достигне некој степен на перфекција за која она мисли дека и е доволен. Инаку најмногу ми остави впечаток сцената Спојлер кога го играше лебедот пред да умре и погледот кон мајка и всушност кажа мноу работи. . Во секој случај прекрасен филм, Натали Портман заслужува оскар а и Винона Рајдер се надмина себе си.
Само што го догледав филмов. Фантастичен филм. Се наежив на крај и од глумата и од музиката. Навистина ќе биде штета ако Натали не земи Оскар за оваа улога, феноменално ја изигра. Спојлер Ме изнервира мајка и кога сакаше да и ја фрли тортата
прекерасен филм...мене ме воодушеви и уште сум под импреесии.....треба да се гледа!!! Спојлер најодар дел ми беше каде што го достигнува својот врв кога му се почнува да му се појавуват крила и таа беше мн задоволна и на крај од сценат со црниот лебед каде што на секнката остануват крилјата прекрасно ме наежи....само ме интересира не сватив таа фактички цело вре се бореше со самата себе си докажуваше дека може така?
Заплакав на филмов. Не од среќа или од тага туку од премногу емоции. Вчера го гледам и уште сум под импресии, не ми се верува каков добар филм гледав, па и од Холивуд, не е можно Последната сцена врв, култна. Му предвидувам оскари
Само што го изгледав филмот...конечно и останав без зборови Еден од најдобрите што сум ги гледала...немам коментар
Jaс сум сеуште во бунило...ќе пишам коментар одкога ќе си ги средам мислите... Спојлер (изгледа премногу лично си го сфатив филмот)
Штотуку се вратив од кај еден другар дома, се собравме да го гледаме 6 души и никој не зуцна дури траеше. Олку тишина дури траел некој филм не било. Прво, не знам дали јас грешно сум приметила, но Спојлер Прашањето околу Нина дали е девица. Не знам колку приметивте но Нина е девица кога разговара со Томас, се познава тоа по тоа како изреагира. Но кога таа мастурбираше во кадата, дали забележавте дека кога се виде самата себеси на рацете имаше после крв. Тоа според мене значеше дека таа самата се раздевичи. А и дента кога вежбаше пред големата ноќ, кога ги виде всушност Лили и танчерот, тоа беа всушност таа самата и Томас. Тоа го дознаваме од тоа што мајка е, ја прашува дали и е Томас нешто, затоа што останува доцна ноќе, на "проби". Потоа на денот кога за малце ќе се задоцнеше, нели Томас ја имаше поставено Лили, и оваа одма го замолчи со: - Не ти треба уште една контроверзија, после Бет. Значи Нина и Томас цело време имаа секс. А да, и кога после "ноќта" со Лили, кога Нина и рече оти не ме разбуди, оваа и рече јас не бев кај тебе, освен ако не ме мислиш дека имам п***с и моето име е Томас. Не можеме со сигурност да тврдиме што е реалност а што фикција во филмов. Можеме да претпоставуваме но не и да тврдиме. Човекот во метрото, всушност е нејзина болна имагинација исто како што е и сексот со Лили. Таа потсвесно сакаше некој да ја гледа нејзе и таа да се почувствува сексапилно. Сите желби што ги имаше Нина се всушност желби за да се докаже пред мајка и. Се што Нина замислуваше беше еден вид желба да се ослободи од белиот лебед, невино девојче и да живее како што живеат останатите девојки на нејзина возраст, да проба дрога, да јаде нормално(Кога Лили го јаде сендвичот), да има редовен секс, да проба секс со девојче, па и со повеќе момчиња (Што заклучуваме од делот кога и вели на мајка и, имав секс со двајцата). Таа всушност ја мрази мајка си, и сиот притисок од неа, што го гледаме од сцената кога постерите во собата од мајка и врискаа. Тие слики беа всушност згаснатите желби од мајката, и кои не и оставаа на Нина простор за да дише. Според мене Лили не постоеше. Таа е само фикција на црниот лебед во Нина. Мислам дека Лили е човек каков што Нина сака да биде. Затоа кога Нина ја прободи Лили, всушност се прободи себеси. Нина веќе беше претворена во црн лебед, и затоа се заниша и падна кога играше како бел. И крајот, мислам дека Нина не умре. Според мене крвта претставуваше нешто како менструална крв, или како крв од девица и означуваше крај на една фаза од животот на Нина и почеток на друг. Исто како кога детето, прекинува да биде дете и станува девојче, и девојчето станува жена. Мислам дека со тоа Нина прекина да биде кукла чијшто конци ги влече друг, односно стана она за кое цело време се бореше - балерина. Се извинувам за долгиот спојлер, но кога јас гледам филм, се впуштам во сосема нова димензија, и целосно се внесувам во него. Ако е премногу, нека се избрише. За филмов ќе дадам оценка, кога ќе се измисли во македонскиот јазик поголемо од суперлатив за најдобро.
Спаркс Ма морам да го гледам уште еднаш филмот и точка! Спојлер Викам јас има премногу детали кои ни кажуваат повеќе отколку што си мислиме во филмов и сега ти ме замисли со таа сцената во кадата. Ич не можам да се сетам на тоа! Доказ дека Аронофски е мајстор, се повторувам по 378ми пат! Не знам кој друг човек успеал вака да те натера да мозгаш некој филм. ОК секако дека ги има многу ама он ми е на прво место.
Браво Спаркс како си го анализирала и сфатила филмот Спојлер Пирамитке, тоа е сцената кога додека е во када и се причинува како некој да е врз неа и гледа крв и веднаш си ја погледна раната на грбот и беше раскрварена.
Го изгледав филмот. Никакви импресии не ми остави, мислам дека не го ни разбрав филмот. Сега кога го прочитав спојлерот на Спаркс некако ми дојде како сожвакано и ја сватив целата работа. A да не го прочитав, ќе си речев џабе изгубено време, ќе си изгледав друго филмче. Но.. сепак незнам, очекував премногу од филмот а не доживеав никакви импресии. Можеби и тоа што, не дека се омаловажувам, но и припростичка сум. Овој филм е за некои што сакаат балет (што мене воопшто не ме влече) и сакам да кажам нешто поврзано со уметноста, за големи, едуцирани луѓе, но не ми доаѓаат соодветни зборови и неможам да се изразам. Ете би рекла интересен филм. аууу срам да ми е. А и имам некои необјаснети сцени од филмот Спојлер Не сватив ништо со таа рана што ја имаше на грбот. Таа ли се чешкаше (не)свесно? А и пензионираната балерина сама ли се бодеше или Нина? Во кадата ја виде Лили, но со која цел?
уште една таква сцена имаше Спојлер кога и мереа за костим и во огледало виде како некој да ја греве во грбот, како и во сцената кога вежба со Томас и и вели да се ослооди , забележете дека во огледалото е всушност црниот лебед, а не фината и наивна Нина. Исто и со Бет во болницата кога ја гледа дека си го боде ликот, всушност самата си го гледа сопствениот крај во Бет, кога се боде во лицето и вели Не сум совршена.Филмот мора да се гледа ептен внимателно.
Па вака сеа, морам да си кажам мислење и јас за овие ствари за полесно да си разграничам шо како со филмов, да ми стане јасно. Да не се разбереме погрешно, ќе ми е намерата само да одам контра онака за инат, туку сакам всушност да видам како сум разбрала јас во однос на други. И нели како што кажа ти во филмов нема чиста вистина, туку начини на гледање на работите, ама сепак.... Спојлер 1. Не се согласувам со ова. Јас сметам дека крвта која ја виде Нина на рацете нејзини додека беше во кадата не беше од дефлорација туку од она што се чешаше, си правеше рана на грбот. Зашто коа ги виде крвавите раце рипна веднаш и право пред огледало гледаше дека раната и е подлабока. 2.Исто и со ова не се согласувам. Кога кажа дека не му треба уште една контроверзија јас мислам дека мислеше на она во врска со претставата. Нели најпрво Бет требаше да го игра белиот и црн лебед, па после имаше промени, ја доведоа Нина, овој Томас се трудеше да прекие од јавноста дека Бет повеќе неможе да игра поради пхисички проблеми туку покажуваше како таа сама го напушта балетот, демек и поминало времето (а видовме на забавата јасно дека таа заминува против нејзина желба) и затоа сметам дека коа кажа не му треба контрверзија во смила пак промена на улогите, и пак една цела приказна пред јавноста 3. Иако за ова баш ме замисли ама ептен е лудно Лили да биде само фикција пошо има ептен многу сцени каде што Лили е вистински лик, ако она постоеше само во главата на Нина тогаш многу сцени ќе немаат смисла. Зарем сама си измисли противник, зарем сама излегуваше по забави...и ред такви ствари, Нина беше тука и за други луѓе. А точно е дека дел од случките со неа беа во главата на Нина, сметам дека тоа е стравот од борбата со неа. Мислам дека Лили и стоеше на патот на совршенството и затоа го чувствуваше тој страв кон неа, и ја гледаше и таму каде што не е 4. Е за ова се согласувам. Нина не умре, тоа би било премногу ендоставен крај за ваков филм. Јас само мислам дека крвта значеше умирање на белиод лебед. После ова Нина веќе ќе е тој "белиот лебед" што беше цело време. Баш како што кажа ти, премин во една во друга фаза Вака сфатив јас. Се надевам нема да ми замериш, само сакам дискусија, и да видам што сум пропуштила и може ќе променам мислење. Далеку од тоа дека тврдам дека сум во право. Ни најмалку не ми е целта да се расправам
Какво лутење, јас барам човек за да можам да развијам една убава дебата. Тоа е и всушност убавината на овој филм. Сигурна сум дека некој трет си го има сфатено филмов како сосема поинаква приказна. Убаво рече Пирамитка, режисеров те тера да го мозгаш филмов одново и одново. За твоите забелешки, држат вода, но ќе мора уште еднаш да го прегледам за да размислувам дури гледам во твоја насока. Откако ќе го направам тоа ќе ти кажам дали сум си го променила мислењето или не. Бива? Инаку, им препорачувам на тие што ќе го гледаат филмов, да го гледаат со доста концентрација и внимание, затоа што овде секоја точка и запирка ги ротираат нештата за 360 степени.
Луѓе сите одговори се дадени во филмот. Дали јас бидејќи од друга перспектива гледам, или го студирам тоа, но мене после првото гледање сижето ми беше кристално јасно. Спојлер За ова си во мала забуна, или преводот ти бил лош... Лили и рече: Спојлер Освен ако немаш пенис и не се викаш ТОМ...Дечкото со кого се љубеше во ВЦ-то на журката. Трипот на Нина и почна од излегувањето од дискотеката, на вратата излезе Лили и и довика `Нина каде одиш`? Таа се заврте и продолжи накај таксито. Тука имаше мал за`сец во кадарот ако некој примети. Следен кадар -двете се возат во Такси- тоа е трипот понатаму...Нели кога влезе дома со Лили мајка и воопшто не ја спомна, како да не беше таа присутна во собата. И она со - `не ти треба уште една контраверзија после Бет` си го разбрала погрешно. Јасно се изрази. Мислеше на Лили. Не значи тоа дека тие имале постојани сексуални односи. Некој праша за таткото на Нина. И тоа беше конкретно назначено... Спојлер Мајка и во една сцена кога се `препираа` околу нејзините неостварени амбиции, воедно и кога ја прашуваше дали има афера со режисерот, убаво и кажа. НЕ САКАМ ДА ЈА НАПРАВИШ МОЈАТА ГРЕШКА. Таа го препозна типот на човек /режисер со кој таа соработува, а воопшто не го познаваше. Значи логично е, таа подлегнала на реисер за улога (и зборуваше како таквите режисери се авторитетни меѓу балерините, најчесто многу посакувани и можат да ги имаат сите) па така да останала трудна и со тоа ставила крај на сопствената кариера за да си ја одгледа ќерката... Сакав да реплицирам на уште неколку толкувања на суштината кои не се совпаѓаат со моите, но ме мрзи да прелистувам наназад, а и малку сум уморна. Имам многу што да кажам за делово, но ќе се обидам некако да го `вакумирам` сетоа тоа колку што е можно повеќе, останатото ќе го приложам следниве денови.... Во контекст на филмов, сакам да изјаснам лични ставови и интимни компарации со тоа што го гледаме и она што се случува навистина. Спојлер Ако психичката состојба на Нина ја дијагностицирате со шизофренија, јас можам отворено да признаам дека сум била на работ на таа шизофренија повеќе пати. Последен пат, кога го спремав ликот на Лејди Магбет, по премиерата завршив на Психијатрија со дијагностицирана Анксиозна состојба. Мене најмногу ме потресе доследно прикажаниот Театарски живот. Верувајте: гледајќи го, препознав многу мои колеги меѓу ликовите, професори... Не престанав да мислам на мојата професорка по предмет Сценски Движења и Балет.-прима балерина- (тазе пензионирана). Таа горчина, елегичност, носталгија која ја имаше раскажувајќи ни за нејзините -одиграни ролји проследени со овации- со часови и часови и часови... За амбицијата да ја игра Кармен со скршена нога, излив на циста...и.т.н..ит.н..ит.н Препознав многу мои колеги и актери но и балерини. Ги препознав големите стерилни ходници од театарот, гримиорните, целодневните проби... лицемерието, суетата, амбицијата која станува болна...и она крајното- Изеди да не бидеш изеден. Режисерот дури ме пресмеа со помислата дека е идентичен на еден кој го познавам. Луѓе, се е толку исто- што ме фрапира...мислев дека во кај нив е барем малку по-друго, друг принцип на работа, други односи, норми...но не..секаде било така. И додека фокусирано го пратев филмот како (мислев собата да ми се запали немаше да приметам) постојано во глава ми се провлекуваа зборовите на мојот почитуван професор кој ни велеше: Играјте ја секоја претстава како да ви е последна! Секоја ролја, како да ви е животна! Театарот е Вашата религија. Која влегувате на сцена влегувате во ХРАМ! Тука се духовите на сите ваши претци, сите актерски доајени кои својата крв ја оставиле на оваа сцена. Во буквална смисла на зборот. Јас во моите ситни години сум била сведок на многу такви случаи. И тоа не само случајно. Нема да заборавам една камерна монодрама која се играше неодамна, за мал број луѓе, на мала сцена. (можеби некому ќе му текне) не сакам да се расфрлам со иминња,( а и доловно се разголив досега во постов ) Актерот, покрај потта, солзите, и душата што си ги остави на таа мала сцена, кулминираше во моментот на безизлезен бес и очај пред чинот да биде убиен...Почна со нокти си ја гребе кожата толку длабоко, што рацете му станаа сети крвави. Тоа делуваше потресно, но толку вистинито, што мислам дека му даѓаше некако потсвесно. Човекот отвори рани по своето тело. Но беше толку внатре, во ликот, што дури не ни беше свесен за тоа. Мене ме запрепасти, тој стоеше на пола метар од мене, играше за педесетина луѓе... Никакво фолирање, никакво лажење. буквално: крвта ја пролеа на тоа сцениче. Тоа е сатисфакција на уметникот. Да остави печат од себеси, да влезе во туѓа кожа, да проживее туѓ живот со истата емоција, енергија....со верување дека живее свој. Според мене со таа посветеност СЕКОЈ треба да цели кон своите идеали... без разлика на која бранша припаѓа... Можеби скршнав малку од спојлерувањето, но сепак мислам бев во контекст ********************************************************************************* - Би сакала да чујам и поинакви гледишта за приказната, или прашања доколку некому нешто му е матно =) Јас би направила веднаш Анализа на ликот на Нина - но многу сум уморна, утре треба да се стане рано. ********************************************************************************** пс. И извинете ако има многу грешки во куцањето, не сум во состојба да прегледувам...