@Heidi, во право си сега го препуштив филмов уште еднаш и приметив дека сум згрешила. Спојлер Очигледно Том и Томас ми се смешале, а сега ми текна кога велеше Том и Џери. Фала Хајди И за она за Бет што го кажуваш има логика, ме раздума. Мило ми е што ме исправи, сега дури сфаќам дека кога ќе почнеш да гледаш во една димензија, лесно понатаму можеш да си ги поврзиш работите, а да не се така. @Sesilija, гледам имаш коментирано поназад за Спојлер крилјата на Лили. Баш ме интересира како ги сфати ти нив. Затоа што кога се мрдаа, јас тоа го сфатив како желба и Нина да има такви, за да се почувствува послободно.
Спојлер Невина е, тоа е повеќе од очигледно...Чинот на раздевичување е прикажан некако метафорично, симболично... со разгорувањето на црниот лебед во неа. Црната страна постоела од почетокот (лузната) и беше назначено тоа од почетокот на филмот ( среќавањето со одразот во огледалото кој и контрира...) Нејсе, Приказната за Црниот Лебед воопшто не е приказна за балетот (како што некој погоре спомна) /Не случајно главните ролји ги играат актерки а не балерини. / Тоа е приказна за опсесијата со совршенството, и посветеноста кон идеалите. Дополнителен адут за тоа како човек неможе да се дефинира како добар/лош (црн-бел). За борбата која двете страни постојано ја водат во нас. И колку повеќе се обидуваме да ги скротиме и поттиснеме, толку повеќе не водат кон работ на лудилото.
Само што го изгледав филмот. Многу девојчиња додека биле мали сакале да бидат балерини. Јас не бев една од нив. Гледајќи филмови со таква тематика... балерините ги поврзувам со болни амбиции - Нина знаев дека ќе е таква, па колку и да изгледа невино, нежно, кревко... Човечкиот ум знае да бара уште и уште! Споредбите... некогаш знаат да те доведат до лудило, пропаст, се‘ спротивно на совршенство. Нина се смета себе си за совршена, извикува со последниот (а можеби и не) здив, го постигнува врвот... а после врвот најчесто доаѓа удолницата! Да изгубиш разум за слава? Кои граници си ги поставила таа - изолирана од самата себе, а всушност ја брка другата идеализирана личност во некои сенки. Триповите и ја претставуваа нејзината потсвест? Не знам дали Нина сакаше да биде нормална или совршена...
Баш предмалку го изгледав филмот, и дали е до мене или не го сфатив филмот, ама не ми беше баш нешто посебно... Девојката едноставно се префорсира и не знаеше веќе што прави сама со себе и сама од себе...
Eдвај чекам да дојде 20јануари за во кино да го гледам,читам многу добри коментари за филмов изгледа кај вас во Mкд побрзо ги пуштаат в кино Aј ке дочекам некако
Го гледав филмот и додека го гледав се мислев како ќе заврши , искрено го гледав бидејќи започнав да го гледам Натали П . си ја расипа петката кај мене
Чепкав денеска низ нет, и не сме приметиле еден мал гаф од техничка страна. Спојлер Кога Нина ќе се претвори на крајот од танцот во лебед, и кога покажуваат како народот ја гледа нормално, сенката назад од Нина сеуште ја покажува како таа да има крилја. Околу 1 час и 35 минути е тоа. Кај ќе приметиш, кога си целиот внесен во содржината, и не обрнуваш внимание на ништо друго.
Што само покажува дека секој си го сфаќа филмов на свој начин, а и тенка е линијата меѓу реалноста и фикцијата.
И конечно го гледав и јас филмот ... Горе е веќе кажано се ... Алис(хдв) беспрекорно опишала се ... Единствено ке кажам дека јас во филмот не видов нешто лошо ... туку човечки желби,страсти,посакувања толку длабоко потиснати колку што не сме ни свесни ... сепак во секој од нас има еден црн и еден бел лебед. Музиката беше преубава. Натали супер ја одигра улогата ... јас само имам две мали недоумици. Спојлер -Прво Дали тој е режим на исхрана на сите балерини (може е малку подзабегано ама не можев да не се насмеам кога рече нешто ее супер доручек колку голем портокал ... и јас втф пола помаранџа и се радува ? - Друго При крајот кога демек се бореше со Лили нели играше со стаклото во неа и после го извади. Е таа всушност сама ли се повредила мислејќи дека е лили ? Или јас погрешно го протумачив ? Спојлер Јас мислам дека немаше секс со Томас,ни со Лили ни со никој туку дека си остана девица но не за долго А таа лезбо сцената дефинитивно и е фантазија. Единствено што не ми се допаѓаше е начинот Спојлер на кој покажаа како коските од нозете и се скршија ... аууу се запрепастив кога видов ... Другото ајде некако го поднесов мушки за мене Се на се филмот беше преубав и човек мора добро да се сконцентрира за да се внесе како што треба во дејствието.
Џим Кери направи пародија на Black Swan Комичарот Џим Кери за шоуто Saturday Night Live направи неколку скеча, кои се пародија на сега актуелниот филм Black Swan, во кој играат Натали Портман и Мила Кунис. Четириесет и осумгодишниот Кери, облечен во црно трико и хеланки се појавува на аудицијата на црниот лебед, од познатиот балет на Чајковски, Лебедово езеро. Комичарот прави пародија на „мрачниот“ лик на Кунис. На аудицијата Кери и одигра мал танц, но и ќе глуми гладен лебед кој јаде трошки леб. Ликот на Мила Кунис има тетоважа на лилјани кои се претвораат во лебедови крила, а Кери за потребите на скечот „истетовира“ пилешки крилца. http://www.youtube.com/watch?v=reraMHOIQ1k http://www.youtube.com/watch?v=idUZ9Uw2 ... re=related
Еве и јас да се надоврзам на темата и да го кажам моето мислење. Да тргнеме од насловот на филмот „Црниот лебед“. Типичен оксиморон - спојување на два противречни поими. Кога некој ќе ти спомне лебед ти алудира на чистота, светлина, невиност, но придавката „црниот“ ти ја дава целосната слика на човековата природа. Нели и на цртаните филмови пример Том и Џери, на едното рамо се појавува анѓел, а на другото ѓавол. Човекот ја има таа привилегија да избира по кој пат да оди. Нина ја немала таа можност. Таа го познавала само животот што е наметнат од мајка и. Затоа е важен ликот на Лили. Таа ја запознава со другата страна, „темната“ страна на животот. Имајќи ги двете спортиставени страни на животот, Нина е совршена. Не е победена ниту од белиот ниту од црниот лебед. Таа успева да направи изедначување, и тоа ја прави совршена. Пофалби за режисерот и за извонредната глума на Натали Портман. Секоја чест!
Е јас нешто не разбрав тука... Спојлер На крајот нели Нина сама се прободува со стаклото од огледалото што значи на крајот умира така?Зошто некои од вас кажаа дека тоа е само имагинација,Нина преминува од бел во црн лебед,јас не го сфаќам така па појаснете ми ако може..
Ме воодушеви филмот. Ама ме изнервира малку преукопираноста и страста кон реализирање на желбата на Нина. Убаво е да сакаш да успееш и да се стремиш кон своите идеали, ама до толку, да забегаш веќе А и таа мајка и како ја третираше, како некоја психички растроена личност да е оваа, и помалку способна. Но во глобала, преубав филм, доста сцени кои те подигаат, кои те оставаат во исчекување..... И морам да кажам дека Натали Портман ептен се стопи во улогата на Нина, и ни го долови ликот најдобро и најреално што можеше. Спојлер Само не ми е јасно за Бет Ај некој некоа ми појасни . Во болницата Нина и го исече лицето, или како? Што друго да кажам, кога погоре се' сте кажале
^ Oколу Бет ... Спојлер Јас Бет ја сфаќам како претходник на Нина, значи жената била на врвот кога била балерина, но нели кога разговараат балерините сфаќаме дека таа веќе не игра како што би требало, и затоа немаат веќе некое време добар приход. Всушност Бет е она во кое Нина ќе се претвори за деценија или две. Бет е најголемиот страв на Нина. Нина и сака и не сака да биди како неа. Сака да ја достигне нејзината слава, затоа краде нејзин кармин, шминка, и таму што уште (не се сеќавам). Но, исто така не сака потоа едноставно да потоне во заборав. Сцената во болницата е всушност претставување на тој страв на Нина. Кога таа ја виде Бет, потенцијално се замисли самата себеси. Затоа таа ја избоде Бет, но всушност се избоде самата себеси, бидејќи сакаше да крене мал душевен бунт против судбината на Бет. Всушност сите ликови во филмов беа поврзани со Нина, Лили беше црниот лебед во неа, Бет беше претходник на Нина како што напоменав, а мислам дека и мајката на Нина е претходник на Нина, затоа што кога Нина би родила дете, би се однесувала исто со него, како што се однесуваше нејзината мајка со неа. А она за гафот, можеби е, можеби и не е. Спојлер Мене лично ми изгледа како гаф, луѓето ја гледаат како нормална, ние ја гледаме од оваа страна на мониторот како лебед.