Во прво време филмот ме импресионираше,вториот пат...ме разочара,третиот пат...не успеав да го догледам ми излезе нешто,ама веќе почнав да чувствувам антипатија.Ќе го гледам и четврти пат,па ќе пишам. Ама во секој случај,преценет. Edit.По успешен трет обид во гледање(теоретски четврти),заокружив.Да сублимирам и ќе се искажам по темава.
Оти вака? што е тоа што не го виде првиот пат, па те разочара наредниот? Ме плашиш сеа, јас сум воодушевена од филмов, перфекција....да не го гледам втор пат, а? Јас ова ваќа го сфаќам: Спојлер Нина не се прободе реално со парче огледало, тоа всушност беше дека Нина го "уби" белиот лебед во себе, мораше да се случи тоа, за да може да излезе на сцена и да го изигра црниот баш онака перфектно како што го изигра. И Лили во овој случај не беше вистинска во сценава, исто како и со фантазијата, тоа беше стравот на Нина да ја изгуби улогата, и борбата со самата себе за да успее да го покаже она што и било забрането цел живот. И Нина не умира на крај, умира дел од неа
Конечно го изгледав и морав да кажам дека ме импресионира,срцето уште ми бие како лудо.Предобар филм,многу лично си го сфатив,ги прегледав и превртив сцените многу пати додека го гледав,се трудев да го анализирам колку повеќе што можам и склопив неколку зборови...Не ги прочитав претходните спојлери,ама ветувам дека ќе ги прочитам за да можам да си го споредам мислењето со нив. Спојлер Сепак мислам дека ако филмов се изгледа со голема посветеност,се направи една апсорбција на мешавината од разни карактери,личности,визуализации и кошмари резултатот е доста длабок.Филмов е дефинитивно емотивно влијателен.Според мене Нина е заостаната особа,негативното поврзување со мајка и` и носи психички пореметувања.Таа е кревка личност која копнее да биде поинаква.Таа е всушност белиот лебед,а копнее да биде како црниот,да биде ослободена.Нејзината метаморфоза е толку комплетна,а всушност се однесува на нејзиното претворање во тоа што сака да биде.Ликот на Лили е всушност нејзиниот идол,гледајќи ја како ужива во животот и таа посакува да биде поинаква личност.Независна,ослободена,да проба многу работи кои дотогаш не ги пробала вклучувајќи го и сексуалното искуство бидејќи дефинитивно таа немала односи.Ова го заклучив по срамежливиот одговор во сцената во станот на Тома.Според мене во неа постојат две личности,што ме асоцира на шизофренија Едната личност е белиот,а другата црниот лебед.Бет е балерината,според Нина,совршена балерина,а нејзиниот успех сака да го постигне и таа. На крајот мислам дека таа ја убива другата личност,онаа невината,кревката,слабата.Не сфатив само дали умира на крајот или пак се претвора во нова личност. Вака некако јас го сфатив филмот,ако грешам исправете ме
Го гледав филмов преубав е, ама не го сфатив најдобро. Дури откако ги прочитав спојлерите тогаш некои работи ми се разјаснија ..
навистина е чекор меѓу имагинација и реалност! Спојлер Ама типкава е стварно болна! Сега можам да ги прочитам спојлерите па да видам што мислите вие. Ми се допадна, ми го задржа вниманието од почеток до крај, но се плашам дека ако го погледнам уште еднаш нема да ми се допадне како сега... Малку е претерано, тешка свест има Нина
Тоа не е гаф! Спојлер Тоа беше намерно така направено, сенката беше таква, таа всушност беше лебед во тој момент, сенката некогаш знае да излаже, тоа ја воодушеви публиката. Мене лично таа сцена со сенката со лебедови крилја многу ми се допадна! Спаркс го напиша ова Спојлер оваа и рече јас не бев кај тебе, освен ако не ме мислиш дека имам п***с и моето име е Томас. ми се чини дека Лили рече Спојлер “Не, освен ако имаш пенис и твоето име е Том“ што значи Лили ја помина ноќта со тој типот од барот што се викаше Том. А Нина замислуваше и сонуваше за секс со Лили Уф сум ставила многу спојлери и пак редактирам ама морам. Спојлер Го прочитав текстот во сите спојлери и видов дека некои лошо го разбрале филмот, но секој различно гледа нели? ама не се согласувам со тоа дека мајка и ја злоставува на каков и да е начин(сесилија многу ме насмеа со ова), мајка и премногу се грижи за неа, знае дека таа е болна, не сака да продолжи да се уништува. Нина дефинитивно беше девица, не знаеше што е тоа задоволство, се додека не почна да мастурбира, да има фантазии со Лили и нејзиниот професор, во никој случај таа немаше односи со професорот во текот на филмот, но тој почна да го буди црниот лебед во неа. Таа се соживеа со улогата, почнаа да и излегуваат пердуви од местото кое го чешаше, може на тоа да се гледа од две страни 1. дека тоа место го чешала затоа што од тука почнале да излегуваат лебедови крилја или 2. затоа што страшно посакувала да ги извади тие кријла од себе, да се ослободи! а сетоа тоа е плод на нејзината болест. Друго што забележав во спојлерите е “булимија“ а нели тоа што го имаше Нина е Анорексија? Јадеше малку и повраќаше, булимичарите јадат обилно, имаат вишок колограми и повраќаат. ете засега ова имам да го објаснам, понатаму ако се се сетам на уште нешто, ќе напишам.
Претпоставувам дека ќе го добие и Оскарот. Како и да е, сосема заслужено!!! Јас се разочарав од тоа кој друг филм ги собра останатите награди, ама тоа е за друга тема
Прееска вртев на тв имаше на една програма SkyNews некои Бамфа номинации и таму беше номиниран филмов со 12 номинации и имаше и некои други филмови и глумицата беше на 3 место ама тие критичарите рекоа сеуште е рано сега беше премиерата и така нешто.
Според мене, нема многу што да се анализира во филмов. Прикажана е битката помеѓу темната и светлата страна на Нина и нејзините обиди да се „ослободи “ од опсесивноста и стегите на својата мајка, поранешна балерина/ Филмот сосема случајно го симнав пред некое време и навистина ми се допадна. Меѓутоа, уште повеќе ми се допадна глумата на Натали.
После вашите коментари и на сите други се решив и јас да го изгледам филмов....Ама изгледа или ја превише очекував од филмот или сум единствена која не ме одушеви и остави без зборови филмов...посебно не ми се допаѓаше глумицата Натали лигла а мене ме нервираат такви лигли...Со цел и ја да си кажам мислење го гледав и го анализирав филмот еве вака Спојлер Прво кога почна филмот толку ми беше досаден што си викав едно време да го исклучам и да си пуштам друг ( да не си губам време ) Ама не го исклучив и продолжив со гледање и си викав како ве остави без зборови...и така си гледам си анализарам...ме удави глумата на Натали толку лигаво и досадно боље Мила да била во главната улога Борба со внатрешниот црн лебед ми личеше како луда да е....Нереално ми беше таква мила и кревка девојка во себе да има таков немир и толку добро да го прикрива...чек да не забегувам многу сите скоро исто го анализиравме филмот....Е морам искрена да бидам срцето ми застана на сцената кога Нина отиде да и ги врати предметите на совршената Бет...не знам зошто а може и самата сцена со музика направи да ми залупа срцето.Е од тогаш до крајот срцето ми беше како топче мало и го очекував само крајот да видам што ќе се деси... Едно не ми беше јасно што значеше чешањето? На крај сватив уствари дека тоа е црниот лебед во неа и така ја покажуваше својата потисната страна и потиснати чувства...т.е. ја искажуваше со повредување и крв колку е она тоа потисната и луда Според мене мајка и па и не беше кој знае колку опседната со Нина сватив по сцените кога ја заклучи и не и даде да иде на премиера....можеби само сакаше да има кон трола врз животот на Нина....За Лили не знам дали сакаше да биде како неа ама знам со сигурност дека и беше многу љубоморна посесивно...што знам ја некако вака го сватив...А да да не земеше ексттаза кој знае кога ќе се појавеше таа бунтовност и црн лебед во неа Што ти прави дрога Мрачна страна на животот Па и многу напишав ама ете ја вака го сватив и не ми беше не знам што! Може и ја глупа сум ама мене ниту крајот не ме воодушеви!
^^Па нели мислиш дека самото тоа што те иритирала како појава самата Нина е веќе доказ за многу добро одглумено парче од страна на Натали? Спојлер Од кај знаеш дека не требало токму така да ја претстави самата Нина - како класична балеринска „лигла“? И мене ме иритираше, ама ме иритираше нејзиниот карактер, она каква беше таа и ми идеше од г’зево ми да си грицнам колку едвај чекав да излезе од неа пасијата, скриеното, она што тлеело итн.Да дојде до израз другата страна од нејзиното јас. Сепак доказ, дека не можеме сите да сме подеднакво воодушевени од одреден вид на филмови. Колку луѓе - толку вкусови
^^Да,се согласувам дека добро ја одглуми лиглата Нина! Спојлер Токму тоа нејзино лигавење и глумење невиност, ми идеше од екран да ја извадам и да ја тепам...одвај чекав да се претвори во црниот лебед, односно мрачната страна,онаа лошата...зашто цело време се гледаше дека сака да искочи од неа...Ќе си останам на тоа дека можеби да беше некоја друга глумица филмов ќе беше подобар, можеби заради тоа што ја мрзам такви лигли...леле колку ме нервираше само уф
Па и друга актерка да беше - пак ќе требаше да глуми лигла. Портман совршено ја интерпретира Нина, за ова сум подготвена и да се карам.
МАСТЕРПИС!!! И тоа во секоја смисла на зборот: режија, глума, музика, сценарио... Се на се ПЕРФЕКЦИЈА! Искрено најмногу од се што ме израдува беше фактот дека се случи повторно нешто поинакво во филмскиот свет... Крајот! После „Шесто сетило“ и ред други филмови кои ги имаме изгледано и веќе во првата минута ни е јасно кој е кој и како ќе заврши филмот, морам да кажам дека конкретно за овој филм, јас искрено до самиот крај бев во некои апсолутно погрешни претпоставки од кои на крајот ниту една не излезе како што сум мислела дека ќе излезе. Крајот е феноменален и никого нема да го остави рамнодушен, а за тоа вреди капа да симнеш... На целата екипа, од прв до последен! Дефинитивно вреди да се изгледа овој филм... Едноставно СОВРШЕНО!
Дефинитивно мислам дека е најдобар филм во 2010, ако не и во изминативе години. Не сум го гледала овој The social network и The inception. Филмот заслужува оскар, исто и натали Портман заслужено ја доби наградата за најдобра актерка на златен глобус, да се надеваме и на оскар. Значи ваков филм исполнет со емоции, надеж и упорност...... Жално ако на некој не му се допаѓа.