Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црниот лебед (Black Swan) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 28 декември 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Знам дека сега ова што ќе го прочитате многу ќе ве израдува :lol:

    Вашиот омилен филм BLACK SWAN наскоро ќе се емитува во Кино Милениум !!! :clap:

    Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/
     
    На Angelche, PortmaN и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Го изгледав ете и јас фамозниот филм Црниот Лебед и впечатоци, значи добри филмски ефекти, фина замисла,трилер-хорор може да се каже, напнатост цело време се сложувам,
    потоа тоа дека е луда и тоа е точно,има некоја врста на шизофренија, можам да кажам дека не го сфатив добро, онака целата замисла на филмот ми беше нејасна, ама како што го сфатив на мој начин значи типката цело време се бореше во себе доброто и злото, и сфати дека мора да ја убие добрата Нина во себе, за да се појави мистериозната, лоша Нина - црниот лебед, нели сцената со ножот. Цел живот сакаше да достигне перфекција, и на крај кога успеа, не издржа...
    не знам стварно уште ке ги средувам импресиите па може ке се сетам на уште нешто, тера на размислување филмот, али јас лично не би го ставила на листата на најдобри филмови.
     
  3. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Денеска го гледав филмот и еве мое мислење.

    Ми се допаднаа некои режисерски поенти, преку ликот на Томас кој даде интересна димензија на поимот совршенство. Совршенството не е техничко совршено одиграната игра и постапување кон правилата и правилно изведените балетски потези, тоа е опуштеноста во која убавината ја покажуваш изразувајќи и покажувајки и на публиката дел од себе си, оставаш своевиден сопствен печат.
    Ако совршенството по дефиниција е ставање под ред, вкалапено, програмирано, според Томас совршенството се наоѓа и во импровизацијата, во хаосот да се биде свој и леснотијата да се одигра маестрално кога си таков. (Парафразирано)
    Иако некои сцени драматично го покажуваат притисокот во кој хероината води војна со самата себе си, не ми изгледа дека некој сакал да престави жизифренчен лик, повеќе личи на школка лик кој се плаши да го изрази она скриеното во себе, а е таков поради сплетот на околности и претераната заштитничка улога на мајката (дали Натали играше лик во пубертет или во доцните 20 ти кои и се реална возраст, за некои дилеми да бидат расчистени за наивноста, неискусноста и заостанатоста, никаде не беше спомнато). Многу пати беше истакната амбициозната претераност во нејзиниот лик, стравот од замена, (сцената со плач кога сфати дека во последен момент може да биде заменета), телесното измачување, а во еден момент со пуштена и скоцкана фризура, се обидува да манипулира со предавачот, укажувајќи колку и значи и очајно и треба улогата. Од тука настануваат сите перипетии. Да се успее по секоја цена, па и по цена на сопствениот живот.
    Иако го достигнува совршенството во играта, од технички аспект нема каде понатаму да отиде, не постојат потези кои треба да се учат и чекори кои треба да се смислат, најтешкото и е да го обои со живот ликот на лебедот, кое е навидум многу просто и му иде на живци на Томас, кој ништо не бара повеќе освен да го заведе, да излезе од неа дивјачкото, слободното, флертувачкото, а кое за нејзино несреќа е најмачниот дел затоа што тука не мора воопшто да се труди, тоа само излегува, а како, кога е потиснато.
    Без улогата на Томас не би го разбрала филмот. Тој е јасен, прецизен, знае што сака и како да го постигне тоа и преку него се отвара приказната за Лебедот и неговата судбина, а на моменти звучи како гад кога ја форсира Нина, преку суровата искреност дека е кукавица, или кога го нарекува нејзиното играње фригидно, во настојувањето да направи ремек дело на сопствената верзија на Лебедово езеро.
    Интересен ми е делот кога во име на улогата и опуштеноста и дава задача од вечер да почне самата да си се пипа, кое вродува резултати на крајот, преку сексуалното ослободување го постигнува саканиот ефект во драмата.
    Крвавите моменти, резаниците на плешките, ножните прсти, кои и се изобличуваат и на крај и се слепуваат, привидите во “другата во мене“ засилени со темните постојки на метрото и свесноста дека и се случува нешто преку одразите во прозорот и огледалото се сите фази на трансформацијата низ кои ликот поминува се до финалниот дел кога конечно ќе блесне на сцена со раскрилените крилја на лебедот и ќе стане прекрасна дива птица. Таа сцена емотивно распрснува.

    Ми се допадна филмот оти дава:
    Увид во женската психологија, покажувајќи го борбениот дух на жената кој се бунтува против стегите кои самите во себе или некои други и ги наметнале, (во филмот мајката), мачејки се на патот до слободата го открива своето вистинско лице, постиснато и скриено од останатиот свет, кое на крајот завршува не знам метафорично или реално кобно. Се остава простор за размислување.

    Филмот изобилува со многу гестикулации, малку текст, напнати вратни жили, фина класична музика, психолошки драми во пакетче кое ги има сите елементи за категоризација во филмовите за Оскар. Напати тежок, неразбирлив, остава без здив, чуден, интересен и на крајот си велиш и сега што понатаму?

    За песимистите Нина умира, за оптимистите се излечува и и се радува на најдобро одиграната животна улога, но тоа го сфаќа во текот на падот во slow motion, па не ни мора да остане жива.
    Оставен е простор секој да му ја мисли, да режира по свое наоѓање.
    Во секој случај, филм за паметење.
     
    На Mygirl и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Вчера го гледав и од импресии го сонував :) ми влезе во потсвест :)
    Го гледав со отворена уста, сеоја наредна сцена ме изнанадуваше затоа што не бев во состојба да мислам што ќе се случи наредно од што толку бев занесена во филмот.
    Инзворедна глума на Натали, а Мила си е таква прекрасна :)
    Се согласувам со повеќето спојлери за тоа како го сфатив филмов, после тоа размислував и си ги средував впечатоците.
    Ќе кажам само за сцената кога...
    Кога Лили ќе и рече на Нина во диското дека прашање на време е кога Тома ќе почне да ја вика и неа „малата принцеза„ и потоа кога ќе види дека Лили е поставена за нејзина замена ќе се почуствува како Бет, и Бет ќе и рече дека самата била далеку од совршена. Тоа е она што ќе ја наведе Нина за да сака да го постигне совршенството, затоа и умира на крајот, да остане веродојстојна на приказната за Црниот лебед. Нели и Тома на крај ќе и рече „Успеа моја малечка принцезо„ а таа ќе му рече дека да успеала и го достигнала совршенството. Балетот на Нина го означуваше нејзиниот живот, практично таа не знаеше за ништо друго во нејзиниот живот освен за балетот, целиот нејзин свет се вртеше околу балетот, а тоа и го всадила мајка и, дури ја облекуваше и соблекуваше... мајка и се обидуваше да го изживее својот сон преку Нина! Нина знаеше што ја чека после големата популарност и одиграни неколку претстави, знаеше дека еден ден ќе заврши како Бет, таа сакаше да го избегне тоа, никогаш да не се чувствува така, никогаш да не ја заменат затоа го даде својот живот за да ја направи претставата совршена и да остави свој незаменлив белег.

    Очекувам оскар за Натали, и многу други награди за филмот.
     
    На Phyramide, wolf4e, PortmaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас си го изгледав дури и втор пат филмов. Манијачиште, шта ќеш! :) И втор пат се воодушевив подеднакво како и првиот пат.

    Нема промена кај мене во однос на впечатоците, само гледајќи го сега прв пат забележав нешто што претходно не сум забележала.
    звукот на лебедот секогаш пред да излезе на виделина второто јас на Нина (сцената во кадата, сцената во ходникот кога се судира самата со себеси, лезбо сцената, итн итн и на крај кога игра како црниот лебед
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас сношти го гледав в кино,немам зборови :| Kога излегов од сала,како хипнотизирана бев,не зборував ништо и само размислував,не сум уште сигурна како да го реализирам :)
    морам да го гледам уште еднаш,на пола филм само со покриена рака стоев,ме наежуваше музиката некако :worried: на една сцена кога и се кршеа нозете,крвта ми застана :x
    го препорачувам да го видите :)
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Јас вториот пат забележа уште нешто, кога Нина се врати ноќта дома, а на филмот прикажано како да се враќа со Лили, кога мајка и ја праша каде била и со кого забележав дека
    зборовите што ги кажуваше Нина истовремено ги кажуваше и ликот на Лили, што кажува доволно за тоа дека тогаш Црниот Лебед зборуваше од неа, претставен во ликот на Лили
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    И јас го гледав филмов пред некое време ама не сакам вакви филмови.....премногу е морбиден за мој вкус :o
     
  9. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Овие денови одсекаде слушам за филмот. Позитивно ценет од филмските критичари, разбива рекорди на бокс офисот а и народот како критичка маса не останува рамнодушен.
    Прочепкав низ биографијата на режисерот и ме изненади колку е млад за таков подвиг, а машала личен и типчест со црвеното брадиче.
    Роден 1966 година во Њу јорк, водолија знак од каде и визионерството евреин, женет со Рејчел Вајс па разведен, студирал на Харвард и за другото на линкот (кој го интересира).
    /
    http://www.imdb.com/name/nm0004716
     

    Прикачени фајлови:

    На NelChe и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Ова е доказ дека и ниско-буџетните филмови успеваат. Има случаи каде се троши ненормален износ на пари за снимање и на крај да не е ништо посебно.
    Пред некој ден го гледав, филмот е добар. Не сум љубител на такви филмови па може и затоа не се воодушевив нешто посебно. Интересна тематика, одличен актерски тим! :clap: за Натали, ми се допаѓаат сите нејзини филмови. Со оваа улога не само што го постигна совршенството во балетот, туку го постигна и своето совршенство како актер.
     
  11. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Дали некој знае дали филмот сигурно се прикажува во кино? И од колку саат? :)
    Извинете за оф топик :?:
     
  12. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Само што го изгледав филмов... Неверојатно нешто, ме остави без текст.. Ме хипнотизираше....
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас назад имав коментирано дека ке напишам коментар за филмов,ама морам уште еднаш да го гледам,мижев на скоро пола филм :tmi:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И покрај тоа што го гледав некако површно не бев посебно концентрирана, сепак паметам секој еден детаљ од него.Посебно оние језивите,скомратични и одвратни моменти :tmi: И ја сфатив т.е. ги сфатив поентите.Како и да е добар филм иако мене Натали физички ми одговара за улогата...меѓутоа не и нејзината глума,многу лабаво некако...
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Ај да ја освежиме темава малку.
    Вечерва е до делувањето на Оскарите. Искрено се надевам дека Натали ќе се закити со статуетката. Ја заслужува.
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па еве што доби годинава Натали

    - Won Austin Film Critics Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won BAFTA Film Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won BSFC Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won COFCA Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won CFCA Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won FFCC Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won KCFCC Award Best Actress for: Black Swan (2010)
    - Won OFCS Award Best Actress for: Black Swan (2010).
    - Won PFCS Award Best Actress in a Leading Role for: Black Swan (2010).
    - Won Golden Globe Best Performance by an Actress in a Motion Picture - Drama for: Black Swan (2010)

    епа значи ако не добие Оскар наместено ќе е :lol:
     
    На OzzyAngel, Phyramide, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Заслужено. :bow:
     
    На baguf4e, Tinker-Bell, NelChe и 3 други им се допаѓа ова.
  18. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Го симнав уште пред два месеци, ама вечерва му дојде редот да го погледнам. Филмот буквално ме здрма, впрочем како и секој филм на Аронофски досега. Има нешто чудесно искривено и настрано во човеков, ама па баш тоа мене ми се допаѓа. Изопаченоста на чувствата, незнаењето до самиот крај што се случува.
    Цело време се прашував кој е лудиот во филмов. Експлицитните сцени беа очекувани бидејќи знам за каков режисер се работи. Ми се допадна. Премногу. Посакувајќи и стремејќи се кон совршенството се бараш себеси, она што премногу го сакаш може да те доведе до лудост. Филм кој тера на размислување. Филм кој носи скриени пораки кој секој ќе си ги протолкува на сопствен начин зависно од својата психа. Во секој случај, според мене, нешто што е сосема различно од предвидените сценарија кои се повторуваат по безброј пати. Аронофски е режисер кој ми остава преголем впечаток зошто се дрзнува да режира вакви тешки психолошки филмови кои не се комерцијални и кои не може баш секој да ги "свари". Го сакам бе човеков! Го обожувам! :clap:
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    2.973
    Љубител сум на тој тип на филмови,го разбрав целосно(и не беше нешто тежок за разбирање)ама искрено не бев нешто посебно воодушевена...Можеби е премногу лајт за мој вкус...
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Синоќа го гледав. Фемоменално нешто. Ептен многу ми се допадна, пак би го гледала и тоа го исти емоции како и првиот пат. Не може да те остави рамнодушен!