1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црниот лебед (Black Swan) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 28 декември 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    За Нина не знам, но филмов е дефинитивно нешто совршено! :bow:
    Е сега, јас малку поинаку го сфатив филмчево. :D
    Мое мислење е дека колешката на Нина беше нејзин допелгангер, односно ги поседуваше нејзините мани, а и недостигаа доблестите (поубедливо ми го направи ова делот кога Том и Џери ( :rofl: ) ги прашаа дали се сестри бидејќи многу личат). На почетокот Нина беше сосема нормална девојка, чувана од мајка и` која свесна поради своите грешки не сакаше истите да ги направи и ќерка и`. Стремењето кон перфекција беше резултат на навиката уште од мала да биде најдобра, поткрепена, бодрена и секогаш форсирана од нејзината мајка. Нина беше склона кон несвесно самоповредување и непочитување, но воедно и спремна да го даде својот живот за балетот. Има и пар сцени од кои по нешто сфатив, ама ми е малку незгодно да ги коментирам. :$ Во нејзината колешка мислам дека ја гледаше Нина каква што таа отсекогаш сакала да биде, Нина која е самоуверена, храбра.... совршена. Додека пак нејзината другарка и беше ривал, исто како што и Нина и беше ривал на бившата балерина која се наоѓаше во болница (воедно, тука беше потенцирана и нејзината склоност кон перфекција, но и самоповредување, нели, во една сцена наставникот рече дека тоа го направила намерно, за повеќе внимание).По ноќта измината во лудување, Нина станува шизофреничар (секако и пред тоа имаше мали сцени во кои се однесуваше необично).
    Кога ја прободе нејзината колешка со парчето огледало, всушност, го уништи нештото што ја прогонуваше, што и одземаше самодоверба и сила за да постигне перфекција. Крилјата беа симбол на слобода.
    Ми падна во очи и приказната на почетокот, метафорично, нели: Слатка, добра и невина девојка, заробена во тело на лебед (Нина) е заљубена (нели во наставникот, затоа и всушност кажуваше како е добар и сл.), но само вистинска љубов може да ја сруши магијата, но нејзината зла сестра близначка (колешка и`) го заведува црниот лебед (нели имаше сцена, последниот пат кога Нина го виде професорот претставен како црн лебед со нејзината колешка). Кога Нина помисли дека се спаси на еден начин, со тоа што ја уби колешката, а кога на крајот наставникот дотрча до неа и и` кажа дека ја сакаат и и` се обрати со „Моја мала принцезо“ ја сруши клетвата, како што и беше на почетокот во приказната Нина умре слободна и според неа совршена.
    Мое мислење. :)
     
    На anneyy, pink4ever, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Извонреден филм! Многу поинаков од тие јас што ги гледам. Го гледав со дечко ми и тој кога го пуштив праша дали е акција или комедија, кога му кажав дека се работи за нешто друго се разочара. Но потоа беше исто толку воодушевен како мене.
    Добро, малку замижував на сцените со крв т.е. кога нина си ги повредувасе ноктите. Страшливка сум, што да правам :$
    Заборавив да кажам, предобра глума на Натали Портман, многу добро ја изглуми Нина.
     
  3. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Се канев 2 недели и конечно прееска го изгледав филмов.
    Ми се допадна,многу збунувачки моменти има,но на крајот се е јасно.Дали јас различно го разбрав крајот од сите тука или не знам,но вака го сватив
    на сцената кога треба да се фрли нели погледнува во дечкото со кој игра,па во публиката во мајка и и паѓа и почнува да крвари,значи она навистина се прободе себеси за да може до тој степен на совршенство да ја одигра улогата,зошто кога сите се собраа околу неа она рече I was perfect.
    Ќе го погледнам деновиве пак и ќе пазам пак на сите детали :)
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Од денеска „Black Swan„ почнува да се емитува во Кино Милениум.
    Денеска е премиерата и ќе се емитува во 20:00 и 22:30 часот.


    Јас незнам дали вечерва ќе одам, но ако не одам вечерва, утревечер 100% одам да го гледам во Милениум :rofl:

    Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/#
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Синоќа го гледав...уште сум под импресии...да ги средам и ќе пишам еден така подоолг пост....
    Само едно нешто морам да напоменам....во филмов нема не е така, или погрешно си го сватила...филмов е така направен, да секој различно го доживее и интерпретира....
    Симнувам капа :bow:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Филмчево мене ме натера на размислување до каде може да оди нашето видување за перфекција и болната амбиција се да биде совршено. Совршеното нема да остане совршено ако по него дојде нешто друго, затоа и Натали ја одбра смртта. Инаку мене ми се допадна нејзината глума, а и по конституција ми е совршена за улогата. Филмов ми изобилуваше со уметност и исчекување, а тоа е тоа што јас го барам од филм. Лајк за тематиката, за идејата и за реализацијата. Еден од поретките филмови кои ми оставиле ваков впечаток, посебно денес. ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Вчера го гледав Black Swan во кино Милениум и навистина беше фантастично, посебно на онаа сцена кога играа во диското, абе цела сала ечеше и се тресеше од прегласната музиката (се осеќав буквално како да сум со Нина и Лили во диското).
    Го имав дома гледано 2 пати, а вчера во кино ми беше трет пат да го гледам и многу е појако чувството кога се гледа на огромен екран и приметив доста ситници во филмов што претходно не ги имав забележано.

    Некој претходно во странициве имаше кажано дека
    Лили е само плод на фантазијата на Нина, но тоа не е точно, Лили дефинитивно е реална во филмов и навистина постои и не е плод на фантазијата на Нина.

    Јас дефинитивно уште еднаш ќе одам да го гледам во кино.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RockyAngel

    RockyAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Pреубав филм браво за режисерот така добро обработена тематика на Lебедово езеро. го гледав пред некој ден потоцно во неделата и сеуште сум под импресии..навистина несто совршено
     
  9. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што не учествував во дискусиите со вас порано, а гледам некако во замре темава некако во скоро време.. Се надевам пак ќе се зголеми активноста

    Вчера го гледав филмот и ваква останав како и повеќето :o :x
    Дефинитивно, мојот омилен филм до сега што сум го гледала!! Чудесија од филм.. Да не ми стане досаден во ниеден момент, и да те држи без здив не до самиот крај, ами и денови после неговото гледање.
    И ретко во некој филм СЕКОЈ можен момент да е важен.. Не навистина, веч виџено на темава, но филмот стварно ме трогна и ме остави без зборови..

    Не ми се допадна што целиот филм е снимен во она 'мрачно' светло, како дури и денот да е мрачен..но нормално, тоа е намерно така направено (исто како и во Twilight)..

    И ете зошто психолошките филмови ме нервираат на некој начин бидејќи после ги мозгаш долго време, и нема едно и единствено 'тоа се зборува, тоа се деси, така и така е' туку секој различно го сфаќа и ги толкува деловите, можеби повеќето нејаснотии можат да се решат, но има некои делови на кои не им се наоѓа крајот, остануваат мистерии

    Еве го моето мислење накратко ( не ме држете за збор, незнам колку кратко ќе испадне, но ве молам прочитајте и отворете ја дискусијата повторно, можеби вас ви поминала, но мене ептен ме држи онаа возбуда и желба за дебатирање околу филмов :D )

    Нина е нежна, повлечена, послушна, мирна, кротка девојка која како што сите знаеме е бескрајно посветена на својата професија, балетот.
    Да не продолжувам да го 'раскажувам' филмов, сите знаеме за што се зборува, па ќе преминам конкретно на некои делови..
    (Уф незнам од каде да почнам, филмов има толку многу за кажување)
    Во однос на мајка и, да, она била и се стремела кон професионална балерина но најверојатно во односот со некој како Томас, останала бремена, и си ја одгледала ќерката.
    Ја форсира ќерка си, за да го достигне врвот, да биде најдобра..јас не гледам ништо лошо во форсирањето, се додека е во границите на можностите.. Мајка иако повеќето не и го сакавте односот кон ќерката, мене баш ми беше во ред. Таа иако ја форсираше, но и бескрајно се грижеше за неа. Некои спомнавте демек како мало детенце ја третира, со сето тоа покривање пред спиење и сл. па детето засекогаш останува дете во очите на родителите, без разлика дали има 5 или 55 години.
    А башка, Нина нема татко, и сосема ја оправдувам мајката за целото грижливо однесување..вистински си го сака чедото..

    Не сфаќам што беше целата работа околу 'пронајди го црниот лебед во себе'
    Едноставно, кога е на сцена играјќи го белиот лебед, ќе си биде таква каква што улогата бара, нежна, светла, кршлива.... а кога е црниот, ќе биде она што црниот лебед го бара...ете, толку едноставно :D не ми е јасно зошто сите тие глумења и халуцинации...
    И зашто впрочем Нина толку многу халуцинираше??
    Ете, Лили и помогна да се опушти, а и богами и дрогата си го направи своето :D ..
    -И исто сеуште не ми е јасно гребењето на грбот..дали тоа од нервоза го прави..од што??
    -И некои од вас го искоментираа делот кога мајка и и ги сечеше ноктите..нешто дека било јасно за тој дел...
    -Љубакањето на Лили и Нина дефинитивно не беше реалност , и крилјата на грбот на Лили го претставуваа црниот лебед - Лили..
    -За невиноста, таа ја изгуби всушност со Том?? :^) дечкото од кафиќот? :lol:
    -Делот со Бет не го сфатив нај нај..зошто и украде неколку нејзини работи? Ако стави од нејзиниот кармин, тоа нема да ја направи совршена.. И што се деси тогаш кога отиде кај неа? Страшниот дел..се скрив цела и не гледав :tmi:
    -Крајот кога се бореше со Лили воопшто не го сфатив..
    зошто се бореше со неа? халуцинираше? ама зошто, треба стварно значи мрднат да си да замислуваш цела особа како сака да те убие...и да не гледаш дека сам се убиваш? не ми е јасно..и на крај сама се прободела? без да знае? ти се молам, и не ја осекала болката додека играше на сцена? или можеби и затоа падна на сцената??
    И скрос на крајот умре? ова знам дека секој различно го толкува, но мене како песимист но и онака според филмот ми иде повеќе дека умира на крајот.. го достигнува совршенстово она ultimate и умира? па она нели и пред тоа беше совршена? или пак не била, бидејќи не го 'имала во себе црниот лебед' .. ?

    филмов ме остави со милиони прашања..
    но стварно е нешто неверојатно..често се гледав во ликот на Нина, бидејќи сум доста слична на неа..
    Посветена сум, не кон балетот, кон нешто друго, и таа посветеност е голема...и многу, многу тешка...ај да не навлегувам многу..
    филмов е неверојатен и ќе мора да го гледам пак, иако во принцип не сакам гледање на филмови по втор, трет...пат, бесмислено ми е, кога веќе си го гледал филмот, но за овој филм прв пат ќе направам исклучок..

    Извинете мнооогу на долгиов пост :$ знам дека е предолг али што да правам..мислам дека можам уште толку да напишам..
    ве молам да ми разјасните барем некои од работите
    уште еднаш, браво за филмот!! :rock:
     
  10. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Како не сум ја видела предходно оваа тема! Значи филмов феноменален, целосно сум воодушевена можеби затоа што 10 пати го имам гледано до сега.
    ова е моето мислење
    Нина од нормално девојче се претвара во една психички заболена личнос која се бори против самата себе со цел да биде совршена и да биде она што не таа, наеднаш таа нежност што ја има се претвара во завист на нејзината пријателка Лили.или е девојче со поинаков темперамент, откачена, луда која не посетува никаква нежност, таа е совршената личност да го изигра тој Црн лебед!
    Нина контролирана од својата мајка која не успеала да стигне до онаму каде што Нина веќе го има постигнато, постојано ја третира како мало девојче кое не е способно дамо да ги извршува обврските!
    Поеади притисоците од нејзината мајка и желбата да биде совршена се уништува самате себе си за на крај совршено да го зближи Црниот Лебед до нас луѓето за да сватиме дека сите имаме лоша страна и дека со тоа самите себе се повредуваме!
    Иначе браво за Наталиа Портман :clap: :clap: Совершена е и баш и прилега улогата
     
  11. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Name и мене баш ме интересираат овие прашања :^) Ја сватив целата поента на филмот, месец дена размислувам за него :D ама тие халуцинации воопшто не ги разбрав. Може ли некој да ме просветли?
     
  12. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Мислам дека се е до психичката состојба на Нина, односно Нина во Лили го гледа тој Црн Лебед и посакува да го поседува нејзиниот темперамен и карактер и затоа цело време ја гледа Лили(халуцинира)!Ова е само моја претпоставка :$

    Мене не ми е јасно тоа со крвта што цело време и се појавува и тоа на грбот(раничката)? :^)
     
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Обично филмовите што се номинирани за оскар ми се катастрофа, ама ова е единствен филм што ми се допадѓа. Убава поента, комплетно е супер
     
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    воопшто не ми се допадна ....веќе видено |-)
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Што е веќе видено?
    Каде е видено?
    :o
     
    На baguf4e и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Веќе видено? Ај молим те биди толку добра и просветли, очигледно тука има многу неук народ.
     
  17. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    По се ми изгледа дека не си ја сфатила поентата на филмот, и само ти изгледа си видела претходно филм кој што е сличен со овој... дај кажи ми дека грешам... :?:
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    не не дека не ја сватив поентата ама мислам дека не се изразив добро , на режисерот сите филмови му се со иста, скоро слична содржина и искрено баш и не сум фан на неговите филмови, на пример ке речам најдобриот од неговите филмови (според мене) The Wrestler ми е скоро ист, и затоа реков дека ми е веке видено. Инаку како актерка Natalie P. ми е супер и ми имала многу подобри улоги од оваа кои и биле за оскар.Во овој филм повеке ми се допадна mila kunis,но добро тоа е тоа.
    ....а и со perfect blue ми е ист :x
    Но не се лутите толку многу кога на 95% им се допаѓа филмот нешто со тие 5% не е ок( а јас сум во нив-јасно ми е и мене :lol: но неможам да се сменам...може не требаше да пишувам , кога гледав дека на сите ви се свига :worried: )поздравче
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Не ни најмалку не е за тоа, поентата е да кажеш зошто и да изнасеш некој факт, како што направи сега, а не само да си кажеш Не и толку ;)
     
  20. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Го гледав филмот пред неколку месеци..прекрасен е !!! Нешто најдобро што сум го гледала во последно време..под импресии од истиот бев може еден месец и на сите им го раскажував :lol:
    Кој не го гледал не смее да го пропушти особено ако сака психолошки трилери...