1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црниот лебед (Black Swan) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 28 декември 2010.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Преубав филм, еден од топ 20 филмови на сите времиња. На кој не му се допага не ја сватил поентата :x :inlove:
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Филмот е преубав,ме натера да сфатам декаа се додека не го правиме онаа што го сакаме,неможеме да се запознаеме самите себе,дека правејќи го онаа што другите сакаат да го правимее,ние едноставноо не го живееме нашиот живот. И да,филмот е осмислен на многу добар начин,ако не го гледаш внимателно и ако не ја осознаеш психолошката страна од истиот,нема да ја сфатиш скриената порака :)
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    После толку коментари се плашам Black Swan да не е како Inception или некој друг преценет филм.
    Портман од секогаш ми била на листата антипатични глумици, а и Мила Кунис не ми е по мерак.
    Ме нервира цела таа фама што се крена за нивната сцена, што филмот се помалку и помалку сакам да го гледам. Дури имам впечаток дека и поголем дел од машката популација гледала толку поради ова.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па Сефора не можеш да знаеш, додека не го изгледаш, вака само можеш да нагаѓаш и да претпоставуваш ;)

    Те чекаме со коментари после гледањето :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Мојот омилен филм ! Одличен филм со оригинална приказна,фасцинантна глума и Натали се надмина себеси во овој филм.Значи филмот е тежок за разбирање затоа што сепак ваквите психолошки трилери треба да се гледаат со многу внимание а не површно но кога ќе ја сфатиш целата поента на филмот си фасциниран од тоа на каков начин е претставено се.Финалната сцена беше нешто најдобро што сум гледала и буквално ме наежи моментот кога рече "Бев совршена".Нина ги има тие халуцинации поради тоа што на површина излегува нејзината мрачна страна нешто за што не била свесна дека постои во неа.Мисли дека ја прогонува Лили поради тоа што од една страна на неа гледа како соперничка која сака да и ја одзеде улогата а од друга страна и завидува и посакува да биде како неа.Никогаш не можеме потполно да сфатиме што всушност било во главата на Нина но токму тоа што е сложен го прави филмот прекрасен и мене ме остави без здив.
     
  6. cherry.blossom

    cherry.blossom Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    19
    Го немам гледано цел филмов, само еднаш го начекав на телевизија го дадоа и го гледав од половина некаде и стварно многу ми се допадна, макар што не го сфатив многу дека не го гледав од почеток ама многу добар филм кој не го замислував баш вака. Го имав симнато на компјутер ама го немав гледано но брат ми го преинсталирал компјутерот и го избришал |( па сега не е дојден на ред за симнување :lol: ама баш сакам да го гледам отпочеток. Според она што го видов ми остави многу добар впечаток на филм кој не смее да се пропушти. :)
     
  7. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    198
    моментално го гледам.. сега засега ми остави навистина силен впечаток.. одлична глума, и кореографија.. :inlove:
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ептен е добар филмов, го препорачувам на сите што не го гледале, баш заради тоа што има многу добра поента. Мене ме остави без здив до самиот крај.
    10ка и за приказната, и за се останато... Прекрасен филм. :)
     
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Кога би требало да се опише филмот со една реченица таа дефинитивно би била: Уметничко дело.
    Во секоја смисла. Ме изненади крајот, но сепак сватив дека е тоа среќен крај исто како во приказната за лебедот. Всушност таа прифаќајки ја оваа улога цело време ја живее таа "легенда" која на крај треба да ја ослободи од неа самата и нејзиното "второ јас" кое го поттиснува. Целото внимание е свртено кон неа и најважна е пораката што ја таа ја испраќа затоа што сите споредни улоги кои го кочат или напредуваат нејзиниот "нормален" психички развиток се споредни и може да се било кои во животот воопшто.
    Тука среќаваме и еден обратен "едиповиот синдром" каде како последица на животот со еден родител (и дефинитивно големата приврзанос со него) тешко воспоставува контакт со лицата од спротивниот пол, дури има и моменти кога се двоуми што всушност е правилно (сцените каде таа имаше халуцинации со Лили).
    Кога го игра првиот дел од претставата (исто како на почетокот од филмот) таа сепак не е доволна за оваа улога. Покажува колку е нестабилна, ранлива, наивна но сепак толку мила и невина, толку блиска до совршенство какво што што би сакала нејзината мајка (има тука сцена каде таа паѓа на бина). Тука некаде почнува и борбата со нејзината темна страна која е нестрплива да и покаже за што се е способна.
    Во вториот дел од претставата или улогата во овој филм таа е она што го чуствува и крие во исто време-црниот лебед. Заводлива и сензуална, силна и самоуверена, немилосрдна и секогаш спремна да го земе тоа што и припаѓа. Овде е можеби и конечниот психолошки пресврт.
    За на крај во треттиот дел од претставата (и филмот) кој е подобро да се гледа отколку раскажува таа го доживува нејзиното целосно ослободување кое и го дава толку посакуваниот пред се душевен мир и животна среќа одбирајки ја смртта не на еден од двата каректера, туку на сето она што повеќе и беше товар отколку задоволство.

    Ете од мене нешто за ова ремек дело (малку задоцнето :$ ), се надевам дека е добра и дека ќе разјасни некои комплицирани или несфатливи моменти од ова комплицирано но сепак совршено ремек дело :)
     
    На eliesaab, anneyy, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вчера конечно го гледав и ме остави без зборови, ми се допадна и тоа многу, одамна немам гледано толку добар психолошки трилер.

    Одлична глума од страна на Натали Портман, одлично соживеана и доловена улога, заслужен оскар.
    Навистина те става во мисла, да се запрашаш која си всушност, дали си се допаѓаш таква каква што си, дали си ти навистина таа или во тебе има и нешто друго, некоја друга јас.

    Нина навидум едноставна, мирна, нежна, совршена, но и девојка која е изгубена во себе потрагата, девојка која се бори со сопствените демони, стравови, идеали, желби. Нина е контролирана, постојано е под надзор и стега на нејзината компулсивно опседната мајка (сите оние портрети кои ги сликаше) која не и` дава слобода, која ја гуши и преку неа сака да ги оствари сопствените неуспеси, она што таа го пропуштила наводно жртвувајќи се за да биде мајка.
    Тома знае дека е совршена за улогата на белиот лебед, но знае дека Нина во себе крие страст која само чека да излезе на површина и да го претстави и црниот лебед, знае дека ќе ги претстави двете улоги и затоа и ја доделува водечката улога, како што и самиот вели-ја чекам девојката која ме гризна.

    Крајот на филмот, таков каков што е, дава опции самиот да го завршиш, те става во мисла....

    Се` уште сум под импресии и не можам да си ги средам мислите, едноставно ме остави без зборови. :x :clap: :bow:
     
    На anneyy, LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Го изгледав неколку пати и сеуште некои прашања ми стојат отворени.
    Во принцип сакам филмови кои завршуваат со знак прашалник. Будат креативност и имагинација.
    Филмов носи добра порака за тоа колку сопствената пожртвуваност за остварување на целта, може да те доведе до работ на психичка нестабилност и неможност за самоконтрола.
    Одлична комбинација на глума, кореографија и музика.
     
  12. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Целото дејствие те остава без здив едноставно невозможно е да не го сакаш филмот.Колку пати и да го гледам секогаш ми е интересен.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Морав да го гледам по втор пат за да сфатам што точно се случува, а и коментарите тука доста ми помогнаа. И пак си имам некои дубиози, ќе треба изгледа да го гледам пак.
    МНОГУ ми се допадна, особено бидејќи сум љубител на овој жанр. Натали не ми е меѓу омилените актерки бидејќи ми е многу здрвена некако кога глуми, но одлично си ја врши работата во филмов што навистина ми се допадна. Инаку, ликот на Мила Кунис ми остави повеќе впечаток, најверојатно поради темпераментноста на карактерот.

    Филм кој го препорачувам на сите. Добар филм, да те измори кога го гледаш.
    Филм, кој не те остава да заспиеш (што патем во последно време често ми се случува :D ).
     
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    АХ, меѓу омилените филмови. Прва драма која ми се допадна.
    Ми објасни дека совршенството не постои и залудно ќе си ја замараш психата за да бидеш совршена.
    И таа страст која ја има кон балетот.. Нешто невидено.
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Некаде понапред прочитав дека сите ликови на некој начин се сврзани со Нина.Се согласувам во потполност.Во Лили го гледа црниот лебед,делот од себеси кој го потиснувала а гледајќи го нејзиниот темперамент и енергија посакува да биде како неа и да се опушти конечно.Во Бет ја гледа нејзината иднина,она што би сакала да биде но почнува да го губи разумот кога сфаќа дека животот на Бет е далеку од совршен,дека можеби за неколку години и таа ќе заврши како неа.Само за нејзината мајка не се согласувам,не верувам дека Нина би била како неа.Мислам дека Нина длабоко во себе не ја поднесува поради нејзината постојана контрола и желба да си ги остварува сопствените соништа преку неа.Поради тоа Нина и си наметнува такво темпо,желба да биде совршена.Но тоа што го разбира е дека совршеноста не е тоа што таа замислува.Најубав цитат од филмот
    Perfection is not just about control,it's also about letting go.
    Крајот е сосема јасна кулминација на целиот филм,конечно успева од себе да го ослободи црниот лебед.Девојката исто така е и шизофреничар,поради тоа што мислеше дека некој ја прогонува,имаше халуцинации,правеше работи и си наштетуваше без потоа да се сеќава на тоа.Таа е комбинација на една слаба,срамежлива,фригидна и ментално нестабилна девојка.

    Го сакам филмот,го гледав неколку пати и врз мене остави силен печат.Долго време филм не ме беше толку психички погодил како овој.И ме нервира кога некој вели дека е лош,досаден и преценет филм.Тоа може да се рече само ако се гледа површно и без интерес,сепак не ги сакаат сите психолошките трилери.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    Еден од омилените филмови. :)
     
  17. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    one word-Unforgettable :)
     
    На kat.v.d му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Премногу ми се допадна. Многу добра приказна. Ме изненади крајот ама тоа е :D
     
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Wooooow само тоа можам да го кажам за филмов.Едноставно ме остави без зборови.Браво за Натали прекрасна глума.
     
  20. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Прекрасно дело ...