Ќе зовриеш вода, ќе земеш еден пешкир и некои 15 минути ќе стоиш над водата. После ќе земеш 2 туферчиња на секој прст за да не стискаш директно со нокти и ќе ги стиснеш сите црнки на носот. Многу лесно се вадат затоа што се отворени порите од топлата пареа.
Ма ништо не помага, лекот му е само професионални третмани за проширени пори, дури и ласерски. Друго нема. Се можно што постои испробав. F*ck sick.
Кажете нешто за длабинско чистење пори и црнки? Во последно време примеќам дека имам отворени пори и имам црнки на лицето на многу глупи места. Стварам пудра секој ден и морам да ги чистам со нешто порите. Обично си правам пилинг дома со шеќер и масл. масло ама мислам дека некој козметички препарат подобро би ме исчистил.
Јас го имам ова, ги чисти порите, но за црнките не можам да кажам дека скроз ги вади. Како и да е, убаво и освежено ми е лицето после употреба, само мора внимателно да се користи бидејќи ако се претера се јавува црвенило.
И јас сакам да купам вакво. Ако сакаш да ми кажеш од каде го зема? Иии доколку има некоја друга вакво нека предложи.
Јас го нарачав online од некоја рандом страна на фб (не ми текнува точно како се викаше, има еден куп), ама добро се покажа. Го платив 700 денари. Разгледај, го има на повеќе места, цената треба да е приближно иста секаде. @crazylady не видов дека си ме прашала, се извинувам
НИКАКО немој да го правиш тој пилинг повеќе. Маслиновото масно е мнооооогу комедогено и ги затнува порите дополнително. Шеќер на лице НИКАКО затоа што може да направи микроисекотини и дополнително да зезне све. Бидејќи ставаш пурда секој ден многу е битно навечер УБАВО и темелно да го исчистиш лицето пред да нанесеш крема. Моја препорака е да правиш double clensing, значи прво да го исчистиш лицето или со мицеларна вода или со маслен чистач, потоа да го измиеш со препарат за миење на база на вода, од типот на пена. Пред нанесување на крема, да си го поминеш лицето со некој тоник со салицилна киселина. И еднаш неделно да правиш хемиски пилинг со некој од серумите на REVOX. Со ваква рутина ќе се осигураш дека лицето ти е секогаш темено исчистено и нема да дозволиш да се задржува нечистотија која после може да ти навлезе во порите и да ги се направат црнки. Се надевам дека ти помогнав. Ако имаш дополнитено нешто да прашаш слободно пиши ми
Фала ти. Секогаш навечер (ако имам шминка) ја вадам со влажни марамици.Сум пробала и со миц.вода и со крема од Гарниер ама најлесно ми е со влажни да се чистам. А пред спиење уназад 3-4 недели го мијам лицето со Dove сапун за да ми се засуши малце. Крема не ставам никаква (ретко ептен млеко за тело пошто е лесно за лицево мое) пошто имам мрсна Т-зона и секое сабајле ми е мрсно лицето. Еве у карантинов (од 10ти март навака) сѐ на се имам 2 пато ставено пудра на цело лице.Само коректор ставам под очите и негде ако имам нешто по лицето и џабе. Црнки пак колку сакаш, челово ми е крш. Во 18 години никогаш не сум имал вакво рошаво чело и многу се нервирам.Пудра не ставам, лице мијам, челото секогаш ми е чисто (немам шишки да ми сметаат) и пак ми е ужас. А колку поише се копам бетер правам
Според мене, многу несоодветна рутина. Лицето не е играчка. Марамчиња за вадење шминка никако, убаво кажа членката погоре, за најтемелно чистење double cleansing метод. Млеко за тело на лице исто така огромно не, има толку креми на пазаров за секаков вид на кожа, и со попристапни цени и поскапи, сигурно ќе најдеш нешто што ти одговара, млеко за тело е наменето за кожата на телото.
Феминка, нормално лошо ќе ти биде лицето со ваквиот начин на нега. Ама те разбирам, и јас порано мислев дека во ред е да го пресушувам лицето и да го малтретирам со јаки пилинзи, сода бикарбона, глина и најтрагично да го стругам со влажни марамици. Знаеш зашто ти е насабајле мрсно лицето? Затоа што ќе го исушиш со сапунот и после мора да лачи многу себум за да ја врати влажноста. Жалосно е да си го упропастуваш вака лицето, посебно во вакво време кога за помалку од 1000 денари можеш да си направиш прекрасна рутина за твои години. Пиши ако сакаш, ќе пробаме да помогнеме да си одбереш убави производи за твоја возраст.
Феминка, се извинувам што ќе се уфрлам, само сакав да ти споменам неколку работи . Прво, не е препорачливо да ја вадиш шминката со влажни марамчиња бидејќи така си груба, односно ја тегнеш кожата околу очите и нема да се изрази нормално веднаш, ама по подолго време правење така побрзо ќе ти се направат брчки во тој предел. Мисли на луѓето што често го креваат челото кога зборуваат, дури и ако се помлади, веќе имаат или почнале да им се прават брчки таму. Затоа и @kostovaivana ти препорача double cleansing, бидејќи се смета за најнежно за лицето, т.е. дека најмалку го тегнеш. Ако не ти се допаѓа double cleansing, не мора, само убаво би било ако не продолжиш со влажните марамчиња. Ако користиш мицеларна вода, исто треба да бидеш понежна, односно, немој да ја тегнеш кожата кога ја вадиш шминката. Прво ќе го задржиш туферот неколку секунди на очите, за да ја растопи колку-толку шминката и да можеш после полесно да ја отстраниш. Можеби е досадно, ама не брзај и биди понежна. И не заборавај да го исплакнеш после тоа лицето, мицеларната вода сепак има улога на сапун. Второ, сапуните во глобала не се препорачани за миење на лице бидејќи премногу го сушат. Знам дека имањето на мрсна кожа те тера да го посакуваш ова, меѓутоа не би требало да целиш кон ова, бидејќи сушење на лицето не е добар знак. Сите имаме природно масло (т.е. себум) од кожата, кој повеќе, кој помалку, кое не сакаме целосно да го отстраниме, како што тоа го прават сапуните или производите што ти оставаат чувство на "squeaky clean" (најчесто производите кои содржат alcohol denatured), како да си направила фејслифтинг. Всушност, ако го острануваш целосно, кожата ќе почне да произведува уште повеќе масло за да го надокнади тој недостаток (ме претекна @Avery ). Трето, за намалување на црнките, како што ти спомена и Ивана, ти треба тоник/серум што содржи салицилна киселина, чија улога е длабински да го чисти лицето. За контрола на себумот, пробај нијацинаминд (витамин B3), чија улога е токму таа: контрола на себумот и осветлување на дамки од акни и слично. Четврто, и на мрсната кожа ѝ е потребна хидратација. Мислам дека дури и ако кожата е добро хидрирана, тоа исто помага во намалувањето на производството на себум. Кога се работи за креми, не мора да мислиш на тешки, мрсни креми; има многу луѓе како тебе и затоа за вас постојат гел-креми, кои се полесни, често немрсни (т.е. без масла во нив, или ако има масло, се работи за мала количина или масло кое нема дополнително да ти го мрси лицето), односно лесно се впиваат и се чувствуваш како ништо да немаш ставено. Од гел-креми, јас лично имам пробано од Neutrogena, Clinique и Corine de Farme, но сигурна сум дека има и други. Се надевам дека ќе ти помогне ова .
Апсолутно се согласувам со @sofija014 . Сапун на лице НЕ!!!! Премногу ја суши кожата. Млеко за тело на лице НЕ!!!! Никако. Кожата на лицето и на телото многу се разликува и состојките што се во кремите за тело ама ич не се соодветни за лице. Влажни марамчиња преогромно НЕЕЕЕЕ (само во ептен хитни случаи кога патуваш некаде па ептен нема како да се измиеш убаво), имаат премногу конзерванси и парфеми за да можат да стојат чисти пошто се нели цело време влажни. Може да предизвикаат иритација и ред други работи. Голема заблуда е дека ако имаш мрсна кожа не треба да користиш крема за лице. Мрснотијата на кожата се јавува поради тоа што има дисбаланс некоаков на кожата и клетните лачат повеќе себум за да надокнадат. Има многу производи и состојки кои имаат цел да направат баланс на кожата, за да се спречи прекумерно лачење на себум. Пробај вака како што ти пишав погоре, ќе видиш огромен бенефит. Ако ти треба помош околку кои производи да ги купиш слободно обрати ми се. Хемичар сум, знам што зборам и имам доста искуство во козметички производи
@sofija014 @Avery @pdb123 @kostovaivana Фала ви на сите четири. Од кога користам шминка ја чистам со влажни искрено. Не можам со памук/туфер и со мицеларна, ептен споро ми оди некако и ме нервира.
Здраво сте пробале ли кокосово масло и сода? Скоро недела дена ставам и по миењето ми е нежно лицето стварно за ефекти рано е мислам... Една супена лажица к.масло и пакетче сода и во кутивче ми е ставена во фрижидер и си кршам парченца одма се топи на лицето маслото и се масирам кружно ама со осет оти црвенило може да има и оставам така да постои и се плакнам со млака вода... Кожата ми е нормална само на носот и под устата имам црнки... Од после не ставам ништо пошо од маслото ми е таман лицето