Искрено, не верувам дека ова е баш добра идеја. Кокосовото масло е многу комедогено и не се препорачува да се става на лице, т.е. ги затнува порите и може дополнително да го нафрла лицето. Со оглед на тоа што црнките се „заглавени" нечистотии во порите, ставањето кокосово масло врз нив би имало контра ефект, т.е. само дополнително би ги затнало нечистотиите, а потребно ти е да „излезат". Од друга страна, сода бикарбоната хемиски гледано е база (има pH вредност над 7), а лицето природно нѝ е киселкасто (има pH вредност меѓу 5.5 и 7), што значи дека содата би го сушело и можеби би уништувала дел од бактериите кои природно си постојат на нашата кожа. Со ова би се нарушила бариерата (заштитата) на лицето и тогаш би било поизложено на надворешната средина, што значи полесно би се нафрлала. Исто така, содата има функција и како еден вид на физички ексфолијатор, што не е баш толку препорачливо бидејќи физичките ексфолијатори се сметаат за погруби. Претпоставувам дека поради барем една од овие две причини (базната и ексфолијациската природа на содата) ти се јавува тоа црвенило. Исто така претпоставувам дека лицето после тоа ти е нормално иако содата ја суши кожата, поради „мрсноста" на кокосовото масло. Сѐ на сѐ, би ти препорачала сепак да пробаш производи кои содржат салицилна киселина. Зошто салицилна киселина имам напишано погоре во постот што го напишав за Феминка22 .
Da ve zamolam. Dali ima nekoj informacija, dali doktor Dohcev e ziv? Malku mi e cudno i neprijatno prasanjevo, no posleden pat koga bev kaj nego, bese dosta star....
Не ти препорачала зашто ако премногу шмукање се нанесе на кожата може да ти се појават модрици. Поубаво да одиш кај козметолог ако го прават тоа Колку што знам салицилната киселина е единствена БХА ама има деративи од неа
Спас за црнки е избегнување на масна храна. Не дека нема да се појават пак, ама ќе ги има поретко и во помал број. Нормално...треба редовно чистење на лицето со лосион и тоник.
Ova mi pomaga mnogu. Ako mozite da go naracate, super e. Jas od na Amazon go zedov.Okolu $27 e.mal sovet gledajte na YouTube kako se koristi za da izbegnete modrinki po liceto.
Да прави почесто бар 2 пати во неделата пилинг со балеа пилингот со масло од семки од кајсија,после него многу е мазно лицето,ама нема од еднаш да му се исчистат треба подолго да го користи,може и да проба со маската со желатин како и црната маска само на носот, ако извади нешто или пак лепенките од балеа. Јас сепак мислам со пилингот ке има повеќе ефект,се отстрануваат мртвите клетки и не дозволува да се насобираат во порите и да прават црнки. Пробајте не е скап околу 100 ден е
Здраво драга, не се согласувам комплетно со она што го напиша. Најнапред кокосовото масло не е комедогено. Ниедно масло не е комедогено и секое масло е потенцијално комедогено. Не може да дадеме етикета на ниедни масло бидејќи пред сѐ зависи од нашата кожа (секоја кожа е различна), од начинот на кој го нанесуваме итн. Она што е комедогено за мене не мора да биде и за тебе. Второ не треба да се плашите од сода бикарбона. Не е премногу алкална. Ако се земе предвид дека водата со која се миеме има пХ7, содата е нешто над тоа околу 8 или 8,5 пХ Сите состојки на измивање не прават голема алтерација со оглед на тоа што во нормални услови кожата по кратко време ја повраќа правилната пХ вредност. Многу се пострашни кремите со неправилна пХ вреднст кои не се на измивање и се оставаат да делуваат на кожата и со тек на времето прават алтерација на самата кожа, односно на правилната пХ вредност. Како и да е се согласувам со тебе дека ова што го правела девојката не се прави секојдневно, не поради содата било која друга состојка со абразивно дејство (шеќер, кокосово брашно итн.) не се користи секојдневно поради способноста да направи дисбаланс на заштитниот филм на кожата. Пилинг на лицето се прави еднаш во 10 дена најдобро, или во случај на нормална накај сува кожа еднаш во 14 дена. Летно време не препорачувам многу скраб поради додатната заштита на кератинот на кожата од сончевите зраци и секако правилната пХ вредност. Поздрав
Ми помина времето за модификација па мора да се цитирам. Заборавив да напоменам дека пХ вредноста се мери само кај водени состојки или раствори во вода. Маслото од кокос не е водена состојка, без разлика што во смесата има и сода.
Јас имам по некоја црнка на носот, но откако почнав да користам комбинација на хемиски пилинзи еднаш неделно и нијацинамид секоја вечер, порите значително ми се намалени а со тоа и црнките почнуваат да се губат.