Секоја вечер после двојно чистење и тоник користам нијацинамид. Во моментов го имам Niacinamide 10% + zink 1% на Revolution. A еднаш неделно, најчесто во недела, AHA/BHA пилингот на The Ordinary. Понекогаш користам и салицилна киселина на Revox, како дополнителен третман.
Da ama ne e moeto isti brend.vnimatelno so nego oti lesno se pravat modrinki. Drzija zetegnata kozata koga pominuvas po aparatceto. Moeto e super.
А што бренд е твоето и од каде го имаш купено ? И дали убаво се вадат црнките длабински ? А од каде ги купуваш сите овие работи ?
Niacinamide 10%+Zink 1% i AHA/BHA peeling ги нарачувам од страната на BeautyBay, но производите на The Ordinary сега можеш да ги нарачаш и од страната на Deciem. Производите на Revox ги имаш во сите ДМ продавници или онлајн на torba.mk
Ova mi stigna denes. Koga pobarav na google najdobar proizvod za cisto lice izleze na br 1 ova. Ke vidime posle 4 nedeli. Jas imam cisto lice I tek tuk crnki po nosot I pred ciklus mozolcinja podkozni na celoto. Ke vidime so ke bidi od ova.
@Biodevojka Не знам дали имаш зборувано претходно, но ме интересира што препорачуваш за да спречиме појава на црнки на т-зоната? Јас лично имам осетлива кожа, нормална т-зона (понекогаш масна), но имам и црнки. Ти благодарам.
ахахаха леле само што одговорив на ова прашање во темата за серуми. Чекај да направам copy paste. едит: еве го одговорот од другата тема баш за проблематика црнки Здраво драга, доколку лицето ти е без сјај во тој случај земи серум со Ц витамин. Според мене најдобар е на True Alchemy 13%. За црнките купи зелена глина или глина расул и двапати неделно прави маска само на местата каде имаш црнки. Помешај глина со малку вода за да добиеш убава смеса и намачкај само на местата каде има црнки. Кога глината ќе почне да затега одма миј. Не треба да ја оставиш да се исуши комплетно затоа што премногу ќе ја дехидрира и исуши кожата. Првите две недели прави го двапати неделно потоа само еднаш неделно. Ова многу помага. Обавезно нанесувај убав хидратантен крем за твојот тип на кожа. ПОздрав.
Ти благодарам многу! Би сакала да пробам со расул. Најдов една на Еко Верде, еве линк па ако може да ја погледнеш, за зелено светло. https://www.ecco-verde.com/biopark-cosmetics/rhassoul-clay Туку, може ли да ја ставам и на цело лице понекогаш како маска? Или имаш некоја друга препорака за таков производ? Сакам нешто да ми ја омекне и освежи кожата, а истовремено и длабински да ја исчисти, но секако да не е агресивно, бидејќи кожата ми е многу осетлива (и нормална накај сува).
ок е таа на еко верде земи ја слободно. Доколку сакаш готова маска за чувствителна кожа со црнки тогаш ти ја препорачувам оваа Јас ја имам и многу ми се допаѓа. Кога ќе ја ставиш благо ја загрева кожата многу пријатно. Воопшт не затега, не суши а прочистува. Го имам и путерот за миење од истава линија. ПОздрав.
Имаше некои лепенки порано за вадење црнки од лице. Прашањето ми е, дали сеуште постојат по аптеките тие налепници и какво е вашето лично искуство со нив? Дали би било подобро да посетам козметичар за вадење црнки и која би била вашата препорака за таков во Скопје?
Има во аптеките на Нивеа лентички за Т-зоната. А има и во ДМ на Балеа, но мислам само за носот се, со активен јаглен. Мене лично за нијанса ми се подобри тие на Балеа, па можеш да ги пробаш. За козметичар не би знаела да ти кажам, не сум била.
Јас мислам џабе фрлени пари за лепенките. Земи подобро пилинг,за да ги отстраниш мртвите клетки од кожата,а со тоа и црнките ке се намалат.
Здраво девојки.. Имам премногу чувствителна кожа, блага розацеа и многу треба да внимавам што би ставила на лицето зашто веднаш се вцрвенува/воспалува. Но имам премногу црнки на носот и малку на образите. Што би ми препорачале да користам за да ги исчистам?
Само на пареа стави го лицето да ти се отворат порите и да омекне кожата .потоа нежно избриши се со крпа по лицето и ќе видиш одма резултат
Za prilicno cisto lice bez akni, so minimalno prosireni pori i crnki na nos, sto e podobro nijacinamid ili salicilna?