Црнките посебно се појавуват кај мрсна кожа, тоа се отворените пори кои се полнат со нечистотии. Со редовно миење наутро и навечер, со користење на соодветен гел/ пена и тоник за лице се намалуваат. Јас немав многу ама на носот имав најмногу што никако не можев да ги отстранам па и капак отворени пори, ама со секојдневна рутина се скоро отстранети. Редовно користам и полинг со мед и кокосови трошки па може и од тоа има ефект. Единствено од црната маска на Алверде или Балеа не знам која беше имаше 0 ефект, буквално ништо не вади, можеби тоа е маска за вадење на подлабински црнки, кај мене не се такви. И многу е важна и исхраната за изгледот на лицето, џабе е каква и да користиме козметика ако организмот го труеме со нездрава храна, како и хормоните кои можат да доведат до несакани ефекти.
За црнки мене највеќе ми помогна double cleansing ( прво маслен чистач а потоа и пена) и тоа брзо почнав да приметувам разлика мислам дека највеќе е од пената на афродита.Исто така салицилна киселина е наменета за црнки па имам во план да ја купам.Маски за една употреба и тие маските за црнки се тотално бескорисни според мене бидејќи даваат некој инстант ефект хидратација демек,но ништо длабински не и прават на кожата
Јас имам црнки на носот и во последно време почнаа многу да ме нервираат. Не сум до сега ништо презела пошто не сум се многу замарала за нив, но сега некако не знам
После колку време видовте резултат од салицилната киселина за црнките на носот? Веќе 4 недели ја користам секоја втора вечер и правам пилинг и не гледам разлика....
Треба повеќе време,ако е таа на Ревокс таа е малку послаба. Јас имам на носот и дури после два месеци немам црнки односно ми се намалија. Јас исто си користам лепенки за нос кои ги вадат црнките.
И јас исто, едно време скоро секој ден ставав, ама кожата после некое време почна да ми се суши, па пак почнав да ставам преку еден ден. Наводно за салицилна киселина требало минимум месец дена да помине за да се видат резултати, ама оваа на Ревокс е 2%, не е слаба концентрацијата како во некои тонери.
Леле исто, секој Божји ден ставам и ништо никаков резултат еве цел месец денес и ништо. Да ја дотрошам оваа на Ревокс и ќе земам од True Alchemy, може ќе има резултати од неа.
Мхм, и јас го меркав тој, ама и на Paula's Choice 2% BHA тонерот зашто гледам дека и тој ептен го фалат (само не знам од кај да го нарачам). Не знам за Ревокс дали е до формулацијата а не до процентот па затоа да му треба повеќе време, зашто други производи со 2% салицилна ко да се појаки. Немам поима. Ама ајде, на некои им се свиѓа овој на Ревокс, па ваљда пред да се потроши ќе има некои резултати.
Немојте да претерувате со салицилната бидејќи може да дојде и до такви појави-сушење на лицето.Јас наизменично користам ниацинамид и салицилна а од време на време и ништо т.е го одмарам лицето (секако double cleansing е задолжителен). Дали практикуваш double cleansing?Ако да,каква пена за измивање користиш?
Оттука можеш да порачуваш производи на Paula's Choice. Иако не следам македонски инфлуенсери, се случува некогаш да отворам кај некој и сум се прашувала и јас како ги набавуваат за да пишуваат рецензија за нив. Не се ни сеќавам кој профил беше (некој помал), но покрај рецензијата имаше напишано и дека порачала од оваа страна. Барав долго време од каде би можела да порачам нивни производи бидејќи не може од lookfantastic, па ја запомнив страната за во иднина .
Женски, како да ги ивчистам црнкиве имам и на чело и на нос... секаде, имам пробано со горе што ги наведивте лосиони и слично ама џабе...
Еј супер, фала, не ја знаев странава, си ја зачував. Кој ниацинамид го користиш? Гледам дека некои викаат дека тој од The Ordinary е леплив, а на некои им одговара, а за Ревокс колку што знам повеќето се задоволни. Немам користено до сега ниту серум ниацинамид, ниту некој производ што содржи, ама сакам да пробам.
Го користам на Ревокс,добар ми е.Другарка ми ги има пробано и на Ревокс и на ТО и повеќе и одговара тој на ТО.Друга другарка која ги има пробано исто така двата рече дека и биле исти.Кај секој е различно
Zdravo na site, imam golem problem so mojata koza i sakam da pobaram sovet od vas so vakov slicen problem...kozata mi e sklona kon mnogu crnki i akni..go probav posledno revox niacinamide 10%, mi se pojavija dosta akni koi ne se smirija nedela dena... Blagodram za bilo kakov sovet