Не би требало да имаш некоја рекција од ниацинамидот.Дали користиш нешто друго?Можеби е од некоја крема
Ne voopsto salicilnata kiselina i niacinamidot, otkako zapocnav so toj proizvod posle nedela dena mnogu nagla promena imam, akni do sega vakvi ne sum imala ispolneti so tecnosti i ne se smiruvaat i po prekinuvanje na proizvodot..
Јас го користам на балеа маслото за топење шминка како прв чекор, тоа виолетовото а како втор чекор гелот за миење лице балеа мед. Супер ми се чисти шминката ништо не останува, или ако сакаш наместо гел, има на балеа многу нежна розева пена за миење лице и таа е одлична ја имам користено, дури може и поубава ми е од гелот. Сите 3 се со пристапна цела и долго ќе ги користиш. За црнки и јас се мачам да најдам нешто, се надевам ќе ти помогне некоја друга девојка.
Од некои производи на почетокот на користењето се случува т.н. Purging, односно ја вадат наталожената нечистотија надвор во вид на црнки. Нормално, може и да е лоша реакција на состојките. Еве корисен текст за процена дали кај тебе станува збор за purging или за лоша реакција
Немам нешто посебно црнки и акни на лицето, ама салицилната на Ревокс ми помогна премногу за акните на телото (после Лумеата откако останав без влакна почна многу да ми се иритира и нафрла кожата од облека, триење). Не само што ги снемува за ден до два, за недела дена ни флеки немам (а обично имав флеки со недели после исфрлањето). Ниацинамидот го имам на The Ordinary и мене ми е супер за превенирање на акни, ама кај мене барем, откако ќе се појават, ми нема некој голем ефект.
А што е повеќе потребно за црнки, дали двата производи, бидејќи јас имам многу црнки, дури и на градите. И порите се многу познаваат. Дали би помогнале двата производа или само со салицилната киселина е доволно, со double cleansing ofc.?
можеш да ги комбинираш, салицилната киселина е прејака и се става 2-3 пати неделно само (или кога имаш потреба). Ниацинамидот можеш секојдневно со соодветна хидратација во комбинација (зошто доста ја суши кожата). Можеш да почнеш со салицилна 2 пати неделно и останатите денови со ниацинамид За на тели можеш салицилната и малку почесто да ја користиш од 2 пати
Започни со еден да согледаш реакција на кожата и дали ќе ти помогне. После, постепено можеш да го вметнеш и другиот серум.
Салицилната ми помогна за акните да. Сега немам,јас едно шишенце потрошив. Ја користев секоја вечер во комбинација со хујалуронската киселина. А ниацинамидот уште го користам преку ден со хујалуронска киселина.
За жал, суровата реалност е дека ниту една крема, серум гел, пилинг, НИШТО не ги вади црнките. Можеби некои производи придонесуваат да излезат површински, но мислам дека само добар, квалитетен козметички третман вади црнки, во превод стискање, толку. Јас до сега на две места имам одено на третман, кај жени што работат на периферија на Скопје, по дома, но следно одење сакам да ми е во козметичкиот салон на Промедика, да завршам само со Сона-та.
Дали неодамна сте нарачале некој производ од Paula's Choice од Space Nk? Мислам дека само тука се достапни за Македонија моментално, ама не сум сигурна како оди со достава дали е преку пошта или ДХЛ бидејќи периодов многу веб-страници укинаа достава преку пошта и се оди преку ДХЛ, а давачките се превисоки преку нив, па да се осигурам
@morisson_k не доплатив ништо плус, преку пошта стигна за една недела некаде. На првата нарачка имав попуст испадна да не платам и за испорака, приближно само стандардната цена за производот.