Го пробав апаратчето за црнки стварно добро вади и чисти,само треба внимателно да се користи во спротивно може да заработите црвенило како резултат на осетлива кожа.
Ме интересира, како го чистите носот од црнки? Незнам дали се викаат црнки, ама кога ќе стегнеш излегува бело и мрсно, а после тоа е кожата на носот е чиста и мазна. Но, самиот процес на стискање е болен. Како чистите, на каков начин и со што ?
Тоа е whiteheads. Мене за нив ми помага витамин ц највеќе но да е скоро чист серум. Инаку,тие се затоа што имаш мрсна кожа. Можеш да користиш тоник секој дневно навечер по миењето на лицето со гел.
Црнки со Хидрафејшл третман, и во Скопје го има во неколку салони. Мене лично доволно ми е еднаш на три месеци. Пазете многу со пареа, камилици, разно-разни апарати, може трајно да се оштети кожата и после нема назад. Особено парење и стискање е големо не, чак ни на дерматолог. На толку напредна медицина, се стиска ептен ептен кога има потреба од тоа. Обично чистење од хигиенски причини може и без тоа да пројде.
И јас го земав ова пред некој ден од ДМ 285 ден. ефективно е, јас немам црнки мене ми беше за порите на носот што ми се полнат со себум и ги чистам на неколку дена, затоа што многу ми сметаат.
@Annath дали после третман чистење на црнки може/ треба/ препорачливо е воопшто да се мачкам со пантексол крема? Добив таква препорака и сум скептик.
Не знам искрено, не сум правела такви третмани, ама мислам дека е подобро обичен хидратантен крем да мачкаш. Пантексолот веројатно е препорачан за регенерација на кожата оти може да е иритирана од третманот и да има црвенило. Ама обично тие креми се на база на вазелин, потешки и масни, па не би мачкала такво нешто.
Да за таа намена е. И јас затоа бев скептик и решив да прашам некого што знае повеќе. Ке си продолжам со рутината како до сега. Фала.
Sestra mi imase edno kinesko ,ama osven crvenilo nisto ne izvadi,ova ako e stavrno dobro,moze da se poraca.
Да ти кажам дека не сум го употребила два месеци,а сега скоро месец има како користам ретинол и немам црнки. Инаку,вака ок ми беше вадеше.