Дечки дали некој од вас бил на некаков третман за затворање на проширени пори конкретно на нос. Многу мисе полнат со црнки кои ги стискам или сама или на козметичар ама поретко. Но би сакала некое трајно решение. Бидејќи живеам надвор од Скопје ќе ве молам за предлог каде, која цена и контакт. Фала ви!
Пори не можат да се затворат. Ама значително може да се стеснат ако добро се исчистени и се користи соодветен пилинг и маска. Тогаш визуелно изгледаат намалени. Ако сакаш резултати и добар третман почни да користиш производи(серуми за пилинг и креми) со киселини, поточно AHA киселини, ретиноиди, витамин Ц, салицилна киселина, млечна киселина. Барем денес низ продавници и онлајн ги има достапни сите и тоа по пристапна цена. Јас бев на третмани ама залудно потрошени пари. Искрено подобра ми е домашната нега на лице, нормално со онлајн информирање, прибирање веродостојни информации.
Таков стик од чајно дрво имаше од Орифлејм. Го користев, не беше нешто WOW. Немаше некој посебен ефект. Не знам дали се исти овие новите што ги рекламираат ама не мислам дека се нешто ефикасни.
Искрен совет, не пробувајте сѐ и сешто што ќе сретнете на интернет, особено кога се работи за лице. Не мислам конкретно на стикот, туку општо. Ако нема ефект и за џабе фрлиш пари, тоа помал проблем, работата е да не ти направи поголем проблем од кој не можеш да се оправиш после. Другарка ми со чисто лице, користи убава козметика, редовно оди на козметичар, еднаш се зезна да купи една пенлива маска за чистење. Не само што не функционираше, туку и направи поткожни акни, со месеци ги третираше со антибиотици. Нормално дека не сѐ ќе ти се погоди секогаш, но барем да можеш да прочиташ состојки или да разгледаш reviews на производот, посигурно е некако кога го купуваш од доверливи места
Лице над пареа не советувам никако, никаков топлотен извор освен ако не е строго контролиран од доктор, дури и тогаш искрено ми е ризично. Топлотниот извор со текот на годините трајно ќе ги оштети капиларите така што само купероза ќе заработиш, а ништо да добиеш. На толку третмани, пареа е последен избор.
Моја топла препорака за третирање на црнки и пори, ако имате можност да го пробате BHA 2% Liquid Exfoliant тонерот на Paula's Choice. Прилично е скап, околу 35 евра за 118ml, и обично не значи дека поскапите козметики се поквалитетни или поефикасни, ама со оглед колку бескорисни работи имам изнакупено и ми го пресушувале лицето, па завршувале во канта, можам да потврдам дека овој е одличен. Содржи салицилна киселина што ги чисти маснотиите и мртвите клетки, но содржи и хидратантни состојки за да избалансира и да не се суши кожата, па може да се користи секој ден. Друго нешто за истата намена и од кое сум пријатно изненадена од ефектот е маската на SomeByMi Super Matcha Pore Clean. Ja користам еднаш неделно, оставам да делува 20тина минути, па после мијам и нанесувам хидратантни ствари за да се пополнат порите со влажност, тоа го пишува и во упатството. Искрено не очекував да има некој ефект, ама ме изненади. Јас ја купив од Bebe Home (coslovemetics), мислам дека ја има и на страната на Elloxy.
Еднаш неделно маска од зелена глина ако имаш комбинирана или масна кожа. Се прави средно густа паста од зелена глина и вода. Се нанесува на исчистено лице и се остава се додека не почне да затега. Тогаш се измива и си продолжуваш со рутината за нега на кожа. Зелената глина не треба да дојде во допир со метал. Значи може пастата да ја направиш во пластичен, керамички или дрвен сад и таква лажичка. Серум со салицилна киселина 3-4 пати неделно во ноќна рутина.
Колку е паметно да нарачам од Али онакво за копање црнки? Има некоја? Или усисивач да си нарачам? Што е подобро? Имам на носот на периоди многу.И преку пудра се гледа и глупо ми е
Јас имав такво што некакако ги шмукаше. Мене ми вршеше работа, сеа не ми треба, али супер е, го препорачувам.