Беше од некоја македонска онлајн страна за нарачки, за жал ја немам веќе ама истиве можеш и на али да ги најдеш, еве некои: https://www.aliexpress.com/wholesal...ortType=total_tranpro_desc&groupsort=1&page=1
Јас го имам тоа што е како “правосмукалка” од лидл ми е. Треба многу внимателно со него инаку ги вади. Ако некогаш одиш до Врање или следи кога ќе има на лагер да ти донесе некој. Не е скапо.
Епа подобро е тие пинцетите да ги земам за копање, или усисивачот? Има некоја од Али нарачувано да каже?
И јас сакам да го нарачам. По интернет го фалат, добри рецензии има, па сега колку е ефикасно ке видиме.
@koritsaki Можеш ли да ми предложиш нешто што имаш користено за црнки? Во главно имам чисто лице, само проблем имам со ова, на брада и некоја на нос, салицилна киселина користам ама не ми помага баш, а ми го суши лицето, кожата ми се лупи многу. Ленти не помагаат, не знам што да пробам друго, ама да е стварно ефективно.
За ова немам искуство да ти кажам. Мислам доволно е да ги оддржуваш порите чисти, да го чистиш добро лицето од шминка, спф креми и сл за да не остануваат порите недочистени и се создадат црнки. Јас би ја тагнала @Biodevojka за ова нешто да ти предложи
Здраво јас би препорачала само на местата каде има црнки (не на цело лице) маска од глина двапати неделно (во првите две до три недели), а потоа еднаш неделно или по потреба. Може да одбереш зелена глина или расул (вулканска глина). Глината има способност да ги вади нечистотиите (ги влече) и токсините од кожата.
здраво извини вака што се умешувам во муабетот но се препознав и мене ми треба нешто за црнки, дали мислеше на зелената глина на виталиа што е
Полошо нешто од поткожни црнки , мислам дека нема . Јас баш такви имам . Пробав со пареа и чај од камилица , па со вриена вода со морска сол - не излегуваат . Peel off маски , исто не ми помогнаа , црна маска - џабе , со години го чистев лицето со тоник и пена за чистење лице од Авон - никаков ефект врз црнките , а за бубулици ми помогна тоникот највеќе . Не знам што и каде да барам чаре веќе . Можеби некој има сличен проблем , да предложи некој производ .. Се и сешто имам пробано и не најдов решение . Сега за сега ги цицкам со нокти , но и тоа не е решение , солзи ми протекуваат додека извадам само 2 од нив . Толку тешко се вадат . А имам по некоја и на лицето , но најголем проблем е на пределот на носот .
Од искуство ,пробај да се прочистиш одвнатре да се движиш повеќе ,пиј повеќе течности и ќе приметиш дека има резултати за поткожни незнам но мене за обичните црнки ми помага
Мене црвената, а посебно зелената глина на Лореал ми помогнаа доста околу чистење на проширените пори. И јас имам такви длабински нечисти пори што само со стискање излегуваат нечистотиите(црнките) и тоа не скроз. Одамна ги имам купено од Cosmo дрогерија и имам пишано за нив, а сега не можам да ги најдам никаде. Лореал глините за маска и глините за измивање се доста ефикасни, штета што ги нема во мојот град, а и на секаде ги барав.