Ако имаш шанси до Грција некогаш, во The body shop има хималајска глина многу е убаво,перфектно чисти. Само треба редовно користење, би ти рекла и таа од кафе но видов дека имаш многу мрсно лице па за сега не.
Баш ќе проверам. Имам користено нешто од нив. Инаку имам масно лице кога го иритирам со чистење на порите со крпа, пошо само така дефинитивно се чистат, штета потоа доаѓа мистер Себум x10 сега само еднаш у неделата го чистам така и понежно, а со гликолната киселина тоникот ја ставив маснотијата под контрола. Кога сум нежна со лицето и кога не го третирам толку често, тогаш ми е нормално, не масно, чисто и смирено. Ама порите пак си се полни со нечистотии, џабе и чистење и спф креми. Планирам да почнам со серуми и чистач од Лореал. До сега од сите нивни производи сум презадоволна, ептен квалитетен бренд. Имаат добар избор за Skin care. Штета што ги нема тука. А, зелената глина маска и чистачот мус од зелена глина им ги нема ни на официјалниот сајт, најверојатно не ги продаваат повеќе. За жал, само црната и црвената глина. Еве ги производите што ги гуглав и ги сакам: 1. https://www.lorealparisusa.com/skin...t-derm-intensives-night-serum-03-pure-retinol 2. https://www.lorealparisusa.com/skin...t-derm-intensives-10-pure-glycolic-acid-serum 3. https://www.lorealparisusa.com/skin...talift-derm-intensives-glycolic-acid-cleanser 4. https://www.lorealparisusa.com/skin-care/facial-moisturizers/revitalift-miracle-blur 5. https://www.lorealparisusa.com/skin-care/facial-moisturizers/youth-code-dark-spot-spf-30-day-cream 6. https://www.lorealparisusa.com/skin...ght-reveal-brightening-day-moisturizer-spf-30 6. https://www.lorealparisusa.com/makeup/face/bb-cream/magic-bb-anti-redness Anyone?
Било која глина ќе заврши работа. Може слободно и таа на виталија. Само не ја ставај на цело лице туку само на местата каде има црнки. п.с. еднаш неделно може парна бања да направиш па одма после глината, уште подобро ќе ги извади. Само еднаш неделно е доволно не претерувај со парната бања не е добро почесто да се прави.
Ништо не помага длабински да се исчистат порите и црнките и сета нечистотија што константно се собира во дупчињата(ги мразам). Ме прават помалку убава хехе. И тоа шо помага е еднократно и агресивно. Освен ласерски третмани? Каде има во мк ласерски третмани за длабинско чистење на порите и нивно визуелно намалување?
Здраво девојки, што би ми препорачале за отстранување митисери? Премногу ми се направија на лицево периодов
Јас ги имав и ги користев серумите на ТО и кремата и гелот на Биодерма. Имаше резултат ги средив и сега само го одржувам лицето.
И пишав многу пати и ме остава на Seen. Нејзиниот профил ми изгледа како да рекламира производи од коишто добива процент сума пари или попуст. Не ми се верува да ги има користено тие мал милион продукти. Можеби дел од нив. Не знам, поправете ме ако грешам. На крај сама си направив рутина.
Пиши и на Биодевојка, барем ќе добиеш искрен и проверен совет. Се она што го нуди и е проверено, и кажува за секој продукт како влијае. Магнолија уште што не стави на лицето, веќе не ја ни следам, си тргна убаво, со убави препораки, сега стигна до оние боцкања во лице како и да се викат на 30 години. За реклама сешто на профилот..
Има ли спас од овие? Цел нос ми е со нив, а некаде ми излегуваат и ми се прават како бубулици, па мора да излезе "црнката", болни се многу и се направив цела со рани. Со акни толку немав проблем.
Би ти препорачал да користиш некој производ со салицилна киселина. Јас лично многу сум задоволен од серумот со салицилна киселина од Тру Алхеми, ама треба да го користиш барем 2-3 месеци за да видиш значителен ефект.