И мене премногу ми помогна салицилна киселина. Прво ја користев на True Alchemy, a потоа на Revox. Ист резултат имам и со двата серума.
Дали некоја го има пробано овој уред за чистење на порите? Поточно има повеќе функции меѓу кои и таа. Гледам дека го фалат по инстаграм со слики од резултати. https://abouther.mk/product/ultrasonic-cleanser/
Одлично се чистат со кремот за миење лице од Ла Рош, маска од желатин и млеко и ова од ДМ. Само уште на врв на носот ми е проблем за чистење...
Многу боли и се иритира кожата со таа алатка, врвот на носот ептен боли, невозможно е да ги исчистам. Јас пробав еден друг начин, ќе го споделам утре овде. Го тестирав и уште утре имам да го пробам пак за да пишам дека 100% гарантира чистење на себацеозни феламенти без да боли и без стискање,
Дали некој ја има користено оваа зелена глина? https://www.amazon.co.uk/dp/B09V7HR...ubtag=966544161-311-&tag=best_reviews_uk_3-21
класичен третман на лице, после него имам ново лице еве веќе скоро 3 недели уште ми е добро лицево без воспалувања порите не ми се видливи како претходни и не ми се мрси воопшто
класично чистење, со стискање . јас бев во плежер , прво ти го чистат лицето со пилинг па со пареа ти го парат лицето, после ти ги стискаат црнките, па со едно како лажичка со струја те поминува за затварање на порите, па со ултразвучна шпатула те поминува, те масира, на крај маска ти ставаат и толку. Мене после само 1 ваков третман лицето ми беше мазно и порите ми се затворија, утре ќе правам микродермабразија по препорака на козметичарката па ќе видиме како ќе биде. Воглавно сум задоволна од резултатот на класичниот третман.
До крај стискај и антисептик користи(камилица и масла на природна база),и обавезно на козметичар отиди ќе ти помогне сигурно да се решиш од нив.Мајка ми има таков проблем ,црнка една на грбот и колку и да ја стискам секогаш и се полни пак
Па и моево беше точка ама го раскопав Многу болат овие…мноогу Ставам салицилна, се рибам со сода, ма џабе А џабе и ги стискам ништо не искача. Со месеци седат така, и еднаш у два месеци ќе искочи нешто и солзи ќе проплакам од болка. Баш пред некој ден се копав и сѐ извадив освен таа што се гледа јас со овие се копам за сѐ помагаат Ама за тие кај устста никако