US $0.91 9% Off | Rose Gold 4pcs/set Blackhead Comedone Acne Pimple Belmish Extractor Vacuum Blackhead Remover Tool Spoon for Face Skin Care Tool https://a.aliexpress.com/_mquB0sO 0.91 биле извини Еве да не се мачиш
Зошто сеуште мешате ЦРНКИ со гнојаници и друго.. До ден денес после толку пишување мислам дека редно е да се научи разликата помеѓу црнки, гнојаници, whiteheads, себацеозни феламенти итн.. На СЕ буквално пишувате дека имате црнки..
Имате ли некоја препорака за третман за чистење на пори, широки, со себацеозни филаменти кој е ефективен, но без стискање? Пробав со стискање на козметичар и е УЖАСНО БОЛНО. А и не гледам никаква разлика на порите после третманот па да речам дека се исплатело.
Третман на козметичар за проширени пори, т.е себацеозни филаменти, хемиски пилинг. Има многу други.. микро дермоабразија, карбон ласер третман, мезотерапија, Ултразвучна шпатула која според мене е најефикасна за проширени нечисти пори, Дермаролер, Дермапен,Prx-T33.. Но конкретно за проширени и нечисти пори, хемиски пилинг или ултразвучна шпатула и после тоа редовно двојно чистење и користење заштита.
треба повеќе третмани , не се средува од едно одење на козметичар, јас од почеток на декември до сега направив 3 класични и 3 микродермоабразии и дури сега веќе се гледа подобрување иако треба уште неколку месеци сигурно за да се среди и после да де одржува повремено. јас одам во pleasure и класичниот вклучува и ултразвучна шпатула, пецкање со струја за затварање на порите,нанесување ампула со ултразвук,маска,масажа.. трае по речиси 3часа третманот и мислам дека се исплати...
Веќе користам двојно чистење и ексфолијација, но козметичарката ми кажа дека кожата ми е тенка па да ги прекинам . Би пробала ултразвучна, болна ли е? И кај мене имаше додатни процедури, тие беа ок, но првиов дел со стискањето не би го повторила.
Ултразвучна шпатула не е болна, нежна е. Воедно многу ефикасна, се користи на влажна кожа со гел за миење и потоа од друга страна има опција за нанесување на серум длабински. На https://abouther.mk/ ја има. Еве директен линк до неа https://abouther.mk/product/ultrasonic-cleanser/ на попуст е сега.
Isto taka mozes da probas so produkti so pravat hemiski piling i doma sama obicno toa se so kiselini kako niacinamide ili nekolku vida kiselina vo edno kaj so e nameneto kako hemiski piling i toa nedelno da go pravis ke iscistis se od najdlaboko i isto taka e bitno za porite dvojnoto cistenje kako sto vekje ti kazaa prvo so maslen cistac pa so pena. Niacinamidot e odlicen za porite posebno koga e vo golem procent i kako serum i toa mozes sekoj den da go koristis ke ti pomogne mnogu
Користам и ниaцинамид. Од целата рутина која ја имам, двојно чистење, ниацинамид, салицилна и неколку други продукти за нега како пептиден серум, спф и ноќна крема, лицето ми е многу подобро во споредба со порано, но козметичарката кажа да ги прекинам некој период бидејќи кожата е истенчена. Незнам како ќе резултира тоа искрено.
Според ова многу производи користиш одеднаш. Најдобро закажи се на дерматолог. Сепак се стручни лица и ќе може точно да ја процени состојбата на кожата и да ти воведи нова рутина за зајакнување и нега на кожата.
Само што ја пробав за прв пат шпатулата од abouther.mk, како за прв пат не е нешто wow. Треба да се користи со гел, но мене гелот брзо ми се исуши на лице, така да полесно и повеќе нечистотии вади на влажна кожа, да се влажни нонстоп треба. Не извади којзнае што. На опцијата за лифтинг осетив пецкање како струја. Опцијата moisturizing не ме задоволува, со прсти најдобро се разнесува се. Друг некој ја има користено? Мислење?
Дали некој знае кај може да ја најдам кремава Една пријателка ми ја пофали чистела црнки, едноставно чудо правела на лице. Дали некој кај нас ја има видено зашто таа од амазон ја има нарачано
уствари биле лепливи ленти. Ја видов кутијата и не ја прашав. Мислев се како кај нас оние црни маски, мачкаш се суши и вадиш
Не сум ги сретнала на нашиот пазар до сега. Инаку јас тоа го правам со шеќерна паста, има ефект колку толку и не иритира и не ја суши кожата.
Дали некој ги пробал лентите на Nivea? Случајно ми излегоа, и видов на амазон имаат позитивни ревјус. И дали ги има кај нас?